|
1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена електронски на 04 август, 2016 година.
2. Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), за спроведување на Втор проект за подобрување на општински услугите (МСИП2) и има намера дел од добиените средства од овој гранд да ги искористи за плаќања по договор за: Реконструкција на 9 улици во општина Неготино.
3. Општина Неготино ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Реконструкција на 9 улици во Општина Неготино.
4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација. 5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:00 до 16:00: Адреса: ул„Ацо Аџи Илов“бр.2 Град: Неготино Поштенски број: 1440 Држава: Република Македонија Телефон: 043/361-045 Е маил:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
6. Комплетна Тендерска документација на македонски јазик може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена погоре и по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка: Банка: Народна банка на Република Македонија Број на сметка 100 000000063095 Сметка на корисник – 748014059263015 Приходна шифра и програма -725939 00
7. Тендерската документација може да се добие директно од Општина Неготино со поднесување на писмено барање и приложување на докази за уплата за подигање на тендерска документација или по електронска пошта.
8. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 15:00ч, 14.06.2021. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 15:15ч, 14.06.2021.
9. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од : 600.000,00 МКД. 10. Општина Неготино Адреса: ул„Ацо Аџи Илов“бр.2 Град: Неготино Поштенски број: 1440 Држава: Република Македонија Телефон: 043/361-045 Е маил:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
|
Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 31 мај, оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се извршуваат гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.
|
Денеска во име на општина Неготино и во мое лично име положив свежо цвеќе на спомен-бистата на Фемо Кулаков, патронот на детската градинка во Неготино, а во рамките на одбележувањето на патрониот празник на неготинската детска градинка . Свежо цвеќе положија и повеќе други претставници, меѓу кои директорката на установата Јана Коцева, претседателот на Советот на општината Диме Витанов, секретарот на општината Ивица Златковиќ, членови на Управниот одбор на градинката и други присутни на прославата која се одржа со строго почитување на здравствените протоколи. По повод патронатот дечиња од неготинската градинка изведоа пригодна програма. |
Повеќе...
|
Министерството за внатрешни работи денеска го прославува 7 Мај - Ден на македонската полиција. По тој повод упатувам искрени честитки до сите вработени во ОВР Неготино и сите чувари на јавниот ред и мир во државата. Полициските службеници како и со сега, и во иднина ќе ја ставаат безбедноста на сите граѓани пред сопствената и ќе работат и функционираат во интерес на побезбеден и посигурен живот на населението. Честит празник! |
|
|
|
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>
|
Лист 44 од 314 |