Овој проект општина Неготино го реализира во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион. Станува збор за 3 делници од јужна обиколница ( ул. Новопроектирана 1, 2 и 3 со сите потребни детали) со вкупна должина од 3400 метри. Делот пак Северозападна обиколница е во должина од 3800 метри со приклучни патишта до постоечка сообраќајна мрежа во должина од околу 2500 метри. Продолжуваме со реализација на бројни проекти кои се во интерес за граѓаните на општина Неготино. |
Повеќе...
|
|
Денеска извршив увид во објектот на Територијалната противпожарна единица-Неготино и се задржав во разговор со вработените и на тој начин се вклучив во одбележувањето на месецот и Денот на пожарникарството. На сите вработени им го честитав празникот и им се заблагодарив на пожртвуваноста и професионалноста во извршувањето на нивните секојдневни работни обврски и задачи. На средбата беше истакнато двостраното задоволство од соработката меѓу општина Неготино и ТППЕ Неготино и вреднувањето на резултатите од работата на пожарникарите преку обезбедување добри и соодветни услови за нивно непречено функционирање во интерес на сите граѓани на општина Неготино. |
Повеќе...
|
Почитувани граѓани, Ве известуваме дека на 21.05 (Петок) ќе се одржи хуманитарната акција „Нахрани 10.000“. Акцијата ќе се одржува во 5 градови и ќе учествуваат 11 организации. Хуманитарната акција ќе се одржува и во нашата општина во временскиот период од 10 -18часот во Кам Маркет-Неготино .Акцијата во нашата Општина е подржана во соработката помеѓу Невладините организации Сите Сити-Ајде Македонија и Порака-Неготино и Општинска Орханизација на Црвен Крст -Неготино.Општина Неготино ја подржува акцијата преку Општинскиот совет за Социјална Заштита на Општина Неготино. Ги повикуваме сите хумани граѓани да учествуваат и да донираат храна. Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа , бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук. Активностите на Ајде Македонија се подржани од Civica Mobilitas како дел од проектот "Одржлива мрежа за спасување на храната" #ХранаНеСеФрла #CivicaMobilitas
|
Општина Неготино ги известува граѓаните на општината дека поради големиот интерес за добивање на субвенции за набавка на велосипед или адаптиран велосипед, за 14 дена од објавувањето на јавниот повик, средствата во висина од 300.000 денари кои општината ги предвиде за оваа намена се исцрпени, а со тоа и јавниот повик е затворен. На јавниот повик за добивање на субвенции за набавка на велосипед или адаптиран велосипед во овој период се пријавија вкупно 70 заинтересирани граѓани на општината. |
По повод 18 Maj- Меѓународен ден на музеите во услови на пандемија и со почитување на протоколите за одржување настани, се одржа настанот “50 години РАЦИНОВИ СРЕДБИ“-едукативна изложба посветена во чест на КОСТА СОЛЕВ РАЦИН, великанот и основоположник на современата македонска поезија и литература. Изложба посветена на меѓународната поетска манифестација “50 години Рацинови средби“ која во Велес се одржува од 1964 година околу 13 јуни на денот на загинувањето на Кочо Рацин. Изложбата содржи 23 паноа преку кои е претставена целокупната активност на манифестацијата од 1964-2012 година. Со години наназад оваа манифестација ја постигнува целта за подобро запознавање на писателите и љубителите на пишаниот збор и култура на многу земји. На Рациновите средби во изминатите педесет години гостувале, а потоа ја презентирале македонската литература и култура во своите земји писатели од Грција, Украина, Русија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Бугарија и други земји... Своето исцрпни излагање го презентираше директорот на ЛУ Народен Музеј Велес, Марин Клифов, воедно и кустос-советник историчар. Изложбата беше збогатена со збирка книги од локалната библиотека од Велес во присуство на директорката Гордана Васковска од Велес..
|
Повеќе...
|
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово беше отворена изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија „Неготино 2020“. На изложбата се претставени околу триесетина слики од авторите учесници на Колонијата, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат и со повеќе детали и од печатениот каталог што е дистрибуиран. Меѓународната ликовна колонија „Неготино“ во изминатите две години се одржува во последната недела од јуни, во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“ во Неготино. Проектот е поддржан од Министерството за култура и од Општина Неготино, а е во организација на општинската установа Музеј на град Неготино. Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 26 мај. Целта на ликовната колонија е поттикнување на уметничката продуктивност, создавање на нови ликовни дела, поврзување на уметниците од овој регион, збогатувањето на културната понуда, афирмирањето на современата уметност, како и зголемувањето на колекцијата на уметничките дела во збирката на Музеј на град Неготино. Запознавањето на ликовните уметници со регионот во неготинско поднебје, познато по винарскиот крај, со посета на винарии и запознавање со културното наследство, се важни содржини на оваа ликовна колонија“,- истакна Чекоровска, која се заблагодари на поддршката од Центарот за култура да се презентираат во Куманово Преку оваа изложба граѓаните на Куманово ќе имаат можност да ги запознаат спецификите и карактеристиките на неготинското поднебје, бидејќи авторите преку делата го претставуваат неготинскиот локален идентитет. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>
|
Лист 43 од 314 |