Поради потребата на ЈП „ ПАРКИНЗИ “ Неготино, за непречено функционирање на дејностите кои ги содржи ова претпријатие, неопходно е да се изврши дислокација на ваквите времени објекти (трафики) на повеќе локации во градот. Течат и последните подготовки за конечно ставање во функција на зонското паркирање во општина Неготино ! |
Повеќе...
|
|
На заедничка иницијатива заедно со претседателот на Советот на општина Неготино, вчера , градоначалникот Тони Делков одржаа состанок со претставници на Здружението на граѓани „ Ековита “ Неготино. На состанокот се разговараше околу најавената инвестиција за изградба на фабрика за производство на енергија, со согорување на комунален отпад на кој се донесоа следните заеднички заклучоци: - Постои недоволна информираност околу самата инвестиција; - Општина Неготино и Здружението на граѓани „ ЕКОВИТА “ имаат заеднички став дека се ЗА економски развој на општината, но со влез на нови незагадувачки технологии, развој на индустријата во градот, меѓутоа на еднакво рамниште се поставува и приоритетот ЗА максимално зачувување на животната средина и почитување на Конвенциите и Директивите прифатени во Република Северна Македонија и Европската Унија; - Потребно е да се оствари средба помеѓу сите заинтересирани и вклучени страни во реализацијата на инвестицијата; На иницијатива на општина Неготино ќе се одржи нова средба на која ќе бидат присутни : претставници на предлагачот на Законот за стратешки инвестиции / Влада на РСМ, претставници од МЖСПП, потенцијалниот инвеститор , градоначалникот на општина Неготино , членовите на Совет на општина Неготино, пратениците од општина Неготино во Собранието на Република Северна Македонија , претставници од граѓанскиот сектор и ЗГ „ ЕКОВИТА “ од Неготино. Од страна на ЗГ „ ЕКОВИТА “ беше нагласено дека Законот за стратешки инвестиции е со недостаток (фаличен ) , бидејќи не ја почитува Архувската конвенција, односно не ги информира и вклучува граѓаните во донесувањето на одлуки од локалната заедница. Се презентираа резултатите од спроведената анкета каде граѓаните повторно кажаа НЕ за загадувачки индустрии и депонија во Неготино и тоа мора да се почитува. На предложената средба ќе се разговара дали ни е потребно да се реализира оваа инвестиција и согледување на сите можни позитивни и негативни ефекти врз лозарството кои би произлегле од неа. Општина Неготино во овој процес има заеднички партнерски однос со ЗГ „ ЕКОВИТА “ од Неготино, и се обврзува дека ќе ги почитува заклучоците се со цел зачувување и подобрување на животната средина во нашата општина. |
Оваа изградба претставува решение на долгогодишен проблем на станарите кои живеат на тамошните адреси! Изведувач е фирмата МАКАУС - Скопје, а надзор е фирмата МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ - Скопје. |
Повеќе...
|
Наскоро започнува со работа ЈП ПАРКИНЗИ - Неготино, а со тоа и зонското паркирање во општината! |
Повеќе...
|
Општина Неготино започна со активност за поставување на хоризонтална сигнализација и одбележување на паркинг-местата во најфреквентните делови од градот. Хоризонтална сигнализација се поставува на улиците Маршал Тито, Партизанска и Ленинова, во централното градско подрачје, пред училиштата и градинките и на други локации. Исто така, се врши и одбележување на паркинг-местата. Се апелира до граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна согнализација, да возат внимателно, а се препорачува и да се тргнат паркираните возила на улиците и локациите каде што се изведуваат активности. |
Санација на главната улица во Војшанци со должина од 30️0️ метри. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>
|
Лист 41 од 314 |