Денес со директорот на Бирото за регионален развој потпишав договор за реализација на проектот " Набавка и поставување на нова урбана опрема, детски реквизити, автобуска постојка и изведба на патеки во паркова површина во с.Тремник, Неготино". Следува распишување на јавна набавка за реализација на проектот. |
|
Денес на работна средба во општина Неготино беше министерот за транспорт и врски г. Благој Бочварски. Заедно извршивме увид во градежните работи кои се во финална фаза, за изградба на првата социјална зграда во нашата општина. Исто така извршивме увид во градежнкте работи кои се однесуваат за реконструкција на улиците "Антигона", "Едвард Кардељ" и дел од улица "Димче Мирчев". Продолжуваме да ја подобруваме инфраструктурата во нашата општина. |
Повеќе...
|
Со ова решаваме долгогодишен проблем со кој се соочуваа граѓаните кои живеат на оваа улица, бидејќи постоечката водоводна линија поминуваше низ нивните дворови. Изведувач на градежните активности е фирмата „ Градба Промет “ ДОО Кавадарци, а надзор на работите е фирмата „ МГ ПРОЕКТ “ ДООЕЛ Скопје. |
Повеќе...
|
Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 30 јуни, оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се извршуваат гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изврѓуваат планиранитеактивности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.
|
Денес заедно со директорката на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Јана Коцева и Претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов остваривме работна средба со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. На средбата разговаравме за последните подготовки на новата детска градинка која ќе згрижи нови 169 дечиња кои долго време се на листа на чекање. Во следните два месеци ќе се работи на внатрешното уредување на градинката и очекувам истата да биде пуштена во употреба најдоцна до месец август. |
Повеќе...
|
Санација на оштетени делови од коловозот на улица “Партизанска” |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следно > Крај >>
|
Лист 40 од 314 |