Наредните денови продолжуваме со останатите отпочнати улици за санација. Поради тоа ја користам приликата да упатам апел до сите жители на Неготино да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат трпеливи! |
Повеќе...
|
|
Вредноста на проектот изнесува 22.421.888 денари, средства финансирсни од Агенција за финансиска поддршка на земјоделството. Фирма изведувач на овој проект е ГРАДБА ПРОМЕТ ДОО - Кавадарци Надзорот на работата го врши фирмата МГ ПРОЕКТ дооел согласно годишниот договор за вршење надзор при изведба на инвестициони објекти и други градежни активности. Следува, асфалтирање на дел од улица во населено место Војшанци, а за краток временски период отпочнување на градежни активности во населено место Тимјаник - изградба и реконструкција на улици |
Повеќе...
|
Апел до сите граѓани да не се изложувате на сонце доколку е неопходно во периодот од 11-17 часот! Вакви разладувања општина Неготино обезбеди и за во текот на наредните екстремно жешки денови. |
Повеќе...
|
Во наредниот период најавуваме дека ќе се работи на повеќе локации во градот, а со тоа ја користам оваа прилика да упатам апел до сите учесници во сообраќајот да бидат стрпливи и претпазливи, односно да ја почитуваат поставената сигнализација! Неготино се реновира, Неготино се модернизира, Неготино се менува на подобро! |
Повеќе...
|
"THE MELTING POT" - е насловот на меѓународниот проект одобрен од Европската унија во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ КА2 кој ќе трае 15 месеци. Општинската установа Музеј На Град Неготино е еден од партнерите во овој проект за претопување на културата со младите, а носител на проектот е НАПОР- Национална Асоцијација Практичара Омладинског Рада од Нови Сад, Р.Србија. Во овој проект вклучени се по 2 (две) организации - за млади и култура од 3 (три) држави: Р.Хрватска, Р.Србија и Р.С Македонија.а од Македонија претставници се Сојуз за младинска работа и Општинска установа Музеј на град Неготино. Првиот состанок на партнерите (во живо) се одржа овој месец во Нови Сад а домаќин беше Галеријата на Матица Српска. Во наредниот период од 15 месеци ќе се одржуваат состаноци и во Загреб, Скопје и Неготино. Преубаво е чувството дека неготинскиот Музеј беше дел од ваков меѓународен проект и тоа во преубавиот град Нови Сад со преубава дружба со млади во Галеријата на Матица српска. |
Повеќе...
|
Чест и задоволство ми е што општина Неготино е во првите 23 општини за реализација на проекти за граѓаните во рамки на ТАВ Програмата. Средствата од Програмата како општина ќе ги намениме за изградба на 2️⃣ улици во населено место Тимјаник. Упатувам огромна благодарност до Владата која продолжува континуирано да вложува во рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво. Наскоро договор и за населено место Тремник за изградба на потисен цевковод и резервоар. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следно > Крај >>
|
Лист 39 од 314 |