На одржаниот состанок со претставниците на Институтот за истражување и анализи на политики „Ромалитико“, покрај честитките за изборот на Горан Стојанов за градоначалник на општина Неготино, беше презентиран проектот кој тие го спроведуваат „Заедно за просперитетна заедница“ финансиран од Агенцијата на САД и меѓународен развој УСАИД чија цел е воспоставување и промовирање на одржливи системи на локален развој кои ќе бидат иницирани од Ромската заедница обезбедена преку локални акции креирани согласно потребите на заедницата кои ќе бидат координирани со сите локални чинители кои ќе придонесат за себеодржливост на локалниот развој на општината. Во локалните активности предвидено е Ромската заедница да планира, учествува во финансирањето и да имплементира решенија за развојните предизвици и приоритети. Градоначалникот на општина Неготино Стојанов ја истакна подготвеноста за соработка на овој план со цел за развивање на институционална соработка за имплементација на активностите од овој проект и поддршка на процесот на интеграција на Ромската заедница во општина Неготино.
|
|
Во рамките на реализацијата на редовните работни обврски, денеска на мое големо задоволство остварив работна средба со претставници на Здружението на пензионери од општина Неготино. На истата, од нивна страна бев информиран за тековните активности што ги реализираат, за претстојните проекти и активности, како и за функционирањето на нивното Здружение. Оваа средба ја искористив да истакнам дека за претставниците на Здружението на пензиионери секогаш и во секое време сум и ќе бидам отворен за соработка се во интерес на остварувањето на заложбите да имаат достоинствен пензионерски живот. Исто така, ги запознав дека во рамките на финансиските можности, секогаш ќе ја имаат мојата и поддршката на општина Неготино при спроведувањето на активностите на Здружението.
|
На саемот организиран од Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија при Центарот за развој на Вардарски плански регион и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ учество зедоа 4 организации, градски здруженија и невладини организации од Општина Неготино и тоа Еко Вита,Здружение на слепи лица ,Стари Занаети и ООУ Страшо Пинџур со иновација на ученици-иноватори и професорки носители на проект иновација. На саемот учесниците и посетителите имаа можност да погледнат презентации на социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на дваесетина социјални претпријатија од Вардарскиот регион и невладините организации кои се занимаваат со некоја економска активност. На саемот беа презентирани и огромните можности за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија, преку обезбедување финансиска, менторска и друга поддршка. Како заедничка цел на одржаниот саем во присуство на претставникот Барбара Садовска-тим лидерка на проектот беше потврдена понатамошната подршка, соработка и координација помеѓу локалната самоуправа, институциите и здруженијата,организации и невладини организации низ практики и работа на општинско ниво со взаемна соработка.
|
Повеќе...
|
Изложба на фотографии од ексклузивниот златен антички наод пронајден во археолошкиот локалитет "Орманков гроб", с.Тремник, општина Неготино, единствен на Балканот и пошироко, феноменален во изработката на филигранство и гранулација, презентиран во Келтен-Ромер Музеј во Манхинг-Германија, заедно со златната маска и нараквица од Охрид, вкупна тежина 1.018 гр., 22% каратно злато, датира од IV-III век п.н.е....Златниот антички наод се состои од две монети-статери: една на Филип II и Александар III, златен ѓердан составен од висулци во вид на лешник, два ѓердани составени од кружни алки со еден ред гранулации, медаљон со претстава на Посејдон, една тоалетна кутија (пиксида), ѓердан со кружни алки со три реда гранулација, четири фибули, четири цилиндри како завршетоци на ѓерданите и две палмети во срцевидна форма. Изложбата содржи 30 фотографии изработени на форекс, врамени, со димензии 100х70 цм., На фотографиите е претставен златниот антички наод во најразлични комбинации со објаснување и легенди напишани на македонски, англиски и француски јазик. Изложбата е практична и изработена да биде презентирана и пред други институции со што ќе се презентира археолошкото богатство и културното наследство од општина Неготино пред пошироката јавност. Особено сме благодарни што во присутните посетители беа двајцата сведоци кои присуствувале во археолошкото ископување и откривањето на овој ексклузивен наод од с.Тремник во 2008 година. Своето искуство и доживување од археолошкото ископување еден од сведоците го презентираше и раскажа пред присутните. Денес овој златен антички наод се наоѓа во НУ Археолошки Музеј на РСМ во Скопје! Изложбата е финансирана од страна на министерството за култура како проект од национален интерес за 2021 година! Настанот беше збогатен со убави класични композиции како “Дојранка“ од Трајко Прокопиев и др., изведени на клавир и флејта од страна на Емилија Кабранова Филипова и Силвана Чулева Атанасова. |
Повеќе...
|
Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов и претседателката на Советот на општината Роза Јаневска присуствуваа на започнувањето на турнирот во шах кој се одржа во просториите на Здружението на слепи лица од нашиот град-настан со кој и тие дадоа придонес во активностите за одбележување на Денот на ослободувањето на градот. Турнирот, кој се одржува со строго почитување на ковид-мерките, го отворија градоначалникот Стојанов, претседателот на Спортската федерација на слепи лица Благоја Мишевски и шаховскиот велемајстор Трајче Недев. Станува збор за пријателски шаховски турнир организиран од спортскиот клуб „Луј Брај“ од Неготино и на кој учество зедоа по четворица натпреварувачи од Здруженијата на слепи лица од Неготино, Кавадарци и Кочани. Градоначалникот Стојанов истакна дека членовите на Здружението на слепи лица секогаш ќе ја имаат неговата безрезервна поддршка при релаизацијата на зацртаните програмски активности. |
Повеќе...
|
Одбележувањето на празникот на општина Неготино започна со положување на свежо цвеќе и поклонување пред спомен бистите на паднатите борци од НОБ со што им беше оддадена почит за нивното херојство и нивната жртва шти ги дадоа за да може денеска да ја славиме 77 годишнината од ослободувањето на Неготино. Активностите продолжија со одржувањето на свечената седница на Советот на општина Неготино на која свое обраќање имаше првата жена претседателка на Советот Роза Јаневска која истакна дека се залага за чесно и транспарентно работење и повика на вклучување на сите заинтересирани граѓани во процесот на носење на одлуки, кои според Јаневска, ќе бидат во интерес на сите граѓани на општината. Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов на присутните на седницата и на сите граѓани на општина Неготино им го честиташе Денот на ослободувањето истакнувајќи дека сака граѓаните да го перцепираат како човек во системот кој е подготвен заедно со нив да ги менува работите на подобро и дека е отворен за соработка за сите кои и мислат добро на општината. Во обраќањето градоначалникот Стојанов ги набројав трите проекти кои ќе бидат реализирани во првите 100 денови од неговиот мандат и повика на сплотеност во остварувањето на декларираните заложби сите заедно Неготино и населените места да ги направиме поубави и попристојни места на живеење. На свечената седница се доделија наградата 8-ми ноември која оваа година ја доби Територијалната противпожарна единица Неготино,а признанија им беа врачени на Габриела Зафирова од областа на спортот, Горан Трајков од културата, Блаже Лазовски од образованието, Стојче Наков од областа на науката, Илија Ѓорѓиев-рекреативен спорт, а посебно признание се додели на ЈЗУ Здравствен дом Неготино за справување со корона кризата во нашата општина. Седницата заврши со свечен концерт подготвен од учениците и вработените од Основното музичко училиште Владимир Арсовски од Неготино. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следно > Крај >>
|
Лист 31 од 314 |