Општина Неготино
Поставена хоризонтална и вертикална сигнализација на кружниот тек PDF Печати

  Со поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација на кружниот тек на влезот и излезот во и од Неготино, комплетно се финализираа работите на овој проект. Стручните служби при локалната самоуправа истакнуваат дека со поставувањето на сигнализацијата протокот на возила ќе се одвива побрзо и побезбедно, а тоа пак значи зголемена безбедност во сообраќајот за сите моторизирани граѓани, како и за пешаците, уште повеќе ако се има предвид фактот дека во близина е и СОУ„Св. Кирил и Методиј“ каде што настава посетуваат ученици  кои се движат токму на оваа локација.

Повеќе...
 
Се асфалтираат 2 улици во Тимјаник во должина од 450 метри PDF Печати
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

   Во рамките на ТАВ програмата, во Тимјаник во тек е целосна реконструкција со тампонирање и асфалтирање на 2 улици во вкупна должина од 450 метри. Едната улица (9) која се асфалтира е во должина од 158 метри и со ширина од 5,5 метри со поставување на дренажни цевки, а вредноста на работите изнесува 2.120.000 денари. Асфалтирањето на втората улица (14) е во должина од 285 метри и со ширина од 5,5 метри, а вредноста на работите изнесува 2.900.000 денари, со тоа што на оваа улица е изведен зафат со поставување на решетка за одводнување на атмосверските води. Изведувач на работите е градежната фирма „Градба промет“.

Повеќе...
 
Претставници на амбасадата на САД во работна посета на општина Неготино PDF Печати

  Денеска остварив работна средба со претставници на амбасадата на Соединетите Американски Држави и со претставници на Армијата на Република Македонија за цивилна соработка со населението кои беа во посета на општина Неготино. На средбата од нивна страна бев информиран за претстојната воена вежба која во месец мај, наредната година, ќе се одржи на Армискиот полигон Криволак. Разговаравме и за досегашната соработка на амбасадата на САД и општина Неготино преку која во моментов се спроведува проект за оградување на СОУ,, Св. Кирил и Методиј во нашиот град. На средбата договориме соработката да продолжи и наредната година преку заедничка реализација на проекти кои ќе бидат од корист за локалната заедница.

 

 
Во неготинскиот музеј се одржа концерт на дуо Кировски PDF Печати

  Во општинската установа Музеј на град Неготино се одржа концерт на Дуото КИРОВСКИ, во состав на Љубиша Кировски (виола и виолина) и Маја Шутевска-Кировска (пијано). Камерното дуо Кировски е оформено во 1993 година и од основањето до денес има реализирано бројни настапи во државата и надвор од неа како: Хрватска (Загреб, Риека, Осиек, Пула), Србија (Белград, Нови Сад, Подгорица), Полска (Варшава, Краков), Италија (Трст, Фиренца), Швајцарија (Лозана), Бугарија, Англија (Лондон), САД (Њујорк), Германија, Северен Кипар. Во 1997 година дуото специјализира на Европската Моцарт Академија во Варшава, во Лозана се усовршуваат за изведба на сонати за виолина и пијано, во 1998 година се добитници на Специјалната награда на Ц.Е.И. (Централно Европска Иницијатива) на Меѓународниот натпревар за камерна музика Трио ди Триесте, Италија..
Репертоарот на дуото опфаќа дела од барокот до музиката на 20 век со над 50 сонати за виолина и пијано. Дуото Кировски посебно го негува македонското музичко творештво, редовно изведувајќи дела од македонски композитори. Така и во рамки на концертот одржан во градскиот музеј во Неготино беа изведени сонати за пијано и виолина од Х.Виетан, Ф.Сај, И.Фролов...но највпечатлива беше изведбата на прекрасната преработка на македонска песна “Јовано, Јованке“ и одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на аргентинскиот гениј Астор Пјацола со изведбата на познатата “Вуелво ал сур“... со тоа беше удостоена неготинската публика со прекрасно и крајно професионално изведен камерен концерт.
Концертот е поддржан од страна на министерството за култура на РСМ и се одржа според протоколите за заштита од КОВИД-19.



 

 
Се бара мораториум на сеча на шума во туристичката населба „Бела вода“ PDF Печати

  Да престане неконтролираната сеча на шума во месноста ,,Бела вода"- побараа од Здруженија на граѓани од Неготино на средбата со градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, додавајќи дека единствената патека до изворите е целосно уништена. На состанокот беше истакната потребата од заштита на ова рекреативно место и се побара мораториум на сеча на шума во туристичката населба во која има повеќе викендички и која нуди идеални услови за одмор и рекреација.Градоначалникот Горан Стојанов информираше дека е запознаен со проблемот и дека во рамките на надлежностите на локалната самоуправа, а во соработката со државните инспекциски служби, ќе направи се да се стави крај на неконтролираната сеча на шума во ова подрачје.

Повеќе...
 
Општина Неготино ќе исплаќа 7.000 денари надомест за секое новородено дете PDF Печати

   На предлог на градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, врз основа на Законот за локална самоуправа и Стаутот на општината, советниците во Советот на општина Неготино на седницата одржана на 15.11.2021г. ја усвоија одлуката за исплаќање на еднократен паричен надоместок за секое новородено дете во општина Неготино. Со одлуката, општина Неготино на родителите кои живеат на територијата на општина Неготино ќе им исплаќа по 7.000 денари надоместок за секое новородено дете. Исплатата на овие средства ќе се врши со средства од Буџетот на општина Неготино за 2021 година како помош за новороденчиња. За начинот и динамиката на доделување на паричните средства за секое новородено дете, јавноста ќе биде дополнително и благовремено информирана.

 
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следно > Крај >>

Лист 30 од 314