Општина Неготино
Предлог – Програми за 2022 година на Општина Неготино PDF Печати
   Почитувани граѓани,
Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации како и поголема транспарентност, Општина Неготино ги објавува Предлог – Програмите за 2022 година.
Затоа јавно Ве повикуваме сите да се вклучите во процесот на донесување на Програмите и Буџетот на општината за 2022 година, давајќи предлози, сугестии, решенија, идеи и препораки во одредени области на локалната самоуправа кои би учествувале во донесувањето на општинскиот Буџет за 2022 година.
Вашите идеи, сугестии, предлози и идејни решенија може да ги доставите на е-маил адресата на општина Неготино Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите како и телефонскиот број 043 361 045.
Целта на оваа активност е сите Вие да учествуваат во процесот на креирање на Буџетот на општината и да се алоцираат средствата во согласност со вашите потреби.
 
 
 
Изложба КУМАНОВСКИ ГРАФИЧАРИ 2021 PDF Печати
   Во изложбениот салон на Музеј на град Неготино поставени се 20 најнови графички остварувања на кумановските академски графичари Зоран Јакимовски, Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски, Валентина Илијевска, Ханифе Ислами, Александар Стефановски, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Стефан Анчевски, Дејвид Стоилковски. Графиките се од последниот творечки опус на академските графичари, работени во различни техники како линорез, дигитален печат, сито печат, акватинта, сериграфија и комбинирана техника. Настанот е во соработка со Националната Установа Центар за култура "Трајко Прокопиев" од Куманово која продолжува и во наредниот период. За изложбата,на авторите на графиките и за самите графики, свој осврт дадоа директорот на НУ Центар за култура "Трајко Прокопиев" од Куманово, Сашо Тодоровски и ликовниот критичар Роберт Цветковски.

 
 
Расчистена депонијата кај Криволак PDF Печати

   Општина Неготино без депонии, како предуслов за создавање чиста и здрава животна средина за сегашните и идните генерации – е мотото под кое на неколку локации во општината се одвиваа и ќе се одвиваат активности за расчистување на дивите депонии. Така, деновиве на иницијатива на локалната самоуправа се изврши комплетно расчистување на дивата депонија пред „ воениот мост“ во селото Криволак. Според информациите од стручните служби, притоа се собрани околу 250 м3 смет, шут, градежен амтеријал и друг вид отпад и истиот е транспортиран на градската депонија Бучето. Се апелира до населението да не се фрла отпад на несоодветни места за тоа, каде што впрочем е поставена и сигнализација, бидејќи во спротивно, секој што ќе биде фатен ќе биде санкциониран согласно Законот за управување со отпад.

Повеќе...
 
Вонредна седница на Совет на општина Неготино 20.12.2021 година PDF Печати
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 и 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  третатта  вонредна  седница на Советот на општина Неготино


Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино  на ден 20.12.2021 година ( понеделник  )  во 14 часот . За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог – Одлука за усвојување на Елаборат за процена и утврдување на штети од елементарна непогода суша што ја зафати општина Неготино во периодот март - септември 2021 година


2.    Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

 
Општина Неготино oбезбеди финансиски средства за поддршка на Ромите PDF Печати

  Во соработка со Министерството за локална самоуправа, градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов го потпиша Договорот за финансиска поддршка за имплементација на Стратегијата за Ромите. Во таа насока, Министерството на локалната самоуправа Неготино ќе и додели неповратни средства во иснос од 120.118 денари кои се строго наменски за реализација на активности за подобрување на состојбата на Ромите во општина Неготино. Добиените средства општина Неготино ќе ги насочи кон организација на повеќе настани и активности во делот на имплементацијата на Стратегијата на Ромите. Со договорот, општината се обврза да достави извештај до Министерството за локална самоуправа, најдоцна до 30-ти ноември 2022 година.

 
Расчистени стеблата од столбовите на мостот на реката Вардар PDF Печати

  Како резултат на обилните врнежи од дожд дојде до зголемување на водостојот на реката Вардар, а тоа пак придонесе на столбовите на мостот да се соберат стебла кои го попречуваат нормалниот тек на реката и можат да придонесат за оштетувања на мостот. За таа цел, општина Неготино ангажираше специјализирана фирма која денеска реализираше активности за одглавување на насобраните стебла со нивно сечење со моторна пила и нивна дислокација на соодветен простор за тоа.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следно > Крај >>

Лист 28 од 314