Во чест на верскиот празник Свети Трифун кој се смета за заштитник на лозарите и кога симболично започнува закројувањето на на лозјата, општина Неготино ќе избира најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Дегустацијата и изборот на најквалитетните вина и ракии ќе ги врши стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози, а општина Неготино за најдобрите ќе обезбеди пригодни награди. Се информираат сите заинтересирани производители на вина и ракии дека мострите од бели и црвени вина и ракии од реколтата 2021 година во два примероци можат да ги доставуваат секој работен ден од 08 до 15 часот до четврток 10.02.2022 година кај лицето Дени Трајков на трети спрат во зградата на општината, а поблиски информации можат да добијат и на тел,број 078-822-292.
|
|
Заедно со голем број сограѓани од општината присуствував на настанот кој традиционално се одржува на големиот христијански празник Богојавление-Водици со осветување на водите на реката Вардар и фрлањето на крстот. Десеттина храбри момчиња влегоа во студените води на Вардар, а најсреќен и најбрз од нив беше 21-годишниот Петар Давитковски од Црвени Брегови кој прв го фати крстот. Од мое лично име и од име на општина Неготино на сите им честитав на храброста, а на Петар му врачив подарок-телевизор. Тој од МПЦ,, Св. Атанасиј,, доби Библија и икона, а од генералниот спонзор Зегин машина за перење. На сите православни христијани од општина Неготино им го честитам празникот Богојавление-Водици со желби за добро здравје и среќа. БОГ СЕ ЈАВИ! |
Повеќе...
|
На мое огромно задоволство, денеска во кабинетот ја примив нашата сограѓанка Стефани Николова која на последното Балканско првенство во борење во слободен стил у-15 во категоријата до 66 кг стана вицешампионка и се закити со сребрен медал како членка на боречката репрезентација на Македонија. На Стефани, која беше придружувана од тренерот Јане Мелов и членови на Боречкиот клуб Неготино, и честитав на огромниот успех на ова престижно натпреварување на кое учествуваа борачи од сите балкански држави, а кое се одржа во Ксанти-Грција. Воедно, и посакав и во иднина да постигнува врвни резултати кои ќе придонесат за нејзина лична, но и афирмација на општина Неготино, а борењето како еден од најуспешните спортови во градот, како и другите спортисти и спортски клубови кои остваруваат резултати за почит, секогаш ќе ја имаат мојата поддршка како градоначалник и на општина Неготино. |
Општина Неготино преку договорот за грант со Министерството за финансии ги обезбеди потребните финансиски средства за комплетна изградба на улица во село Курија во должина од 531 метри. Станува збор за грант во висина од 3.695.970 денари кој е доделен од страна на Меѓународната банка за обнова и развој ( Светска банка) во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2, а покрај од грантот при реализацијата на овој проект со сопствени средства од општинскиот Буџет ќе учествува и општина Неготино, како и средства кои се од подзаемот од Министерството за финансии преку Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) од Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2.
|
Во изминатиот период во Дисанијата наврнаа околу 20 до 30 сантиметри снег и дојде до замрзнување на патната мрежа со постоечки ризик за движење на возила, по што на барање на жителите, општина Неготино реагираше и пристапи кон расчистување на состојбите на терен. Така, во присуство на претставници на стручните служби од локалната самоуправа, фирмата Минт инжинеринг од Скопје која има договор со општината за зимско одржување на патиштата со специјазирана машина спроведе целодневна активност за расчистување на патниот правец Долни Дисан-Горни Дисан-Вешје во должина од 6 километри со што се овозможи нормално одвивање на сообраќајот на овој пат. |
Повеќе...
|
Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија Втор проект за подобрување на општинските услуги - МСИП2
MSIP2-SIG-NCB-037-22
1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена електронски на 04 август, 2016 година.
2. Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), за спроведување на Втор проект за подобрување на општински услугите (МСИП2) и има намера дел од добиените средства од овој заем да ги искористи за плаќања по договор за: Изградба на улица во с.Куријa, Општина Неготино.
3. Општина Неготино ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат, Изградба на улица во с.Курија, Општина Неготино
4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација. 5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:00 до 16:00: Општина Неготино Адреса: Ацо Аџи Илов бр.2 Град: Неготино Поштенски број: 1440 Држава: Република Северна Македонија Телефон: 043/361-045 Е маил:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
6. Комплетна Тендерска документација на македонски јазик може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена погоре и по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка: Банка: Народна банка на Република Македонија Број на сметка 100 000000063095 Сметка на корисник – 748014059263015 Приходна шифра и програма -725939 00
7. Тендерската документација може да се добие директно од Општина Неготино со поднесување на писмено барање и приложување на докази за уплата за подигање на тендерска документација или по електронска пошта.
8. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 10:00ч, 15.02.2022. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 10:15ч, 15.02.2022.
9. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од : 200.000,00 МКД. 10. Општина Неготино Адреса: ул„Ацо Аџи Илов“бр.2 Град: Неготино Поштенски број: 1440 Држава: Република Македонија Телефон: 043/361-045 Е маил:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следно > Крај >>
|
Лист 26 од 314 |