Општина Неготино ги информира сите заинтересирани правни и физички лица дека во четврток на 17.02.2022 година во салата за состаноци на општината со почеток од 18,00 часот ќе се одржи Јавна расправа за УЗ 8. На расправата ќе присуствуваат градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, советници во општинскиот Совет и дел од администрацијата. На настанот можат да присуствуваат сите заинтересирани со строго почитување на протоколите за заштита од Ковид 19. |
|
Седница на Совет на општина Неготино 15.02.2022 година https://www.youtube.com/watch?v=_TcVyoL2S9o |
Инструкции за апликанти
1. Вовед Националната федерација на фармери (НФФ), со седиште на ул. Гиго Михајловски бр. 4/1/1 од Скопје, (Нарачател), која е една од партнер организациите кои го спроведуваат проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка со Здружение на бизнис жени, Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР и Сојуз на стопански комори, објавува Јавен повик за ангажирање на „Амбасадорки“- жени претприемачи
Цел на проектот: Општа цел: Поттикнување и зајакнување на капацитетите на жени претприемачи и граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женско претприемништво со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа Специфични цели: Градење на национална платформа за женско претприемништво како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси; Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво; Одобрување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти; Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со женско претприемништво; Придонес кон видливоста и опфатот на платформата
2. Предмет на јавниот повик Прибирање на апликации за ангажирање на млади „Амбасадорки“ – жени претприемачи, преку личен позитивен инспиративен пример, ќе го промовираат и поттикнуваат иновативниот претприемачки капацитет кај младите жени, истовремено промовирајќи активизам, комуникација, вмрежување на младите и градење на женски лидерски капацитети за подобрување на локалното опкружување поврзано со женското претприемништво |
Повеќе...
|
По извршената дегустација и оценување на пристигнатите рекордни 144 мостри од вина и ракии од страна на стручната комисија составена од професионални енолози, денеска на пригодна свеченост на најдобрите индивидуални производители на вина и ракии како градоначалник на општина Неготино им ги врачив наградите. Сакам да потенцирам дека покрај 3-те стандардни категории (бели и црвени вина и ракии) поради големиот број мостри воведовме и награди во категоријата розе вина. Еве ги наградените во сите категории: Црвени вина Бели вина Розе вина Ракии 1.Стојан Илиев 1.Ристе Михајлов 1.Стојан Илиев 1.Гоце Станоевски 2.Горан Јаковевски 2.Стојан Илиев 2.Цветан Јованов 2.Јован Кабранов 3.Трајан Георгиевски 3.Орданче Иванов 3.Кирил Стојчев 3.Милан Андов Пригодните награди во категориите бели и црвени вина и ракии ги обезбеди општина Неготино, а за розе вина „Тохем“, „Винар консалтинг“ и „Прва лозарска кооператива. Присутните на настанот имаа можност да дегустираат од наградените вина и ракии, а паралелно во Музејот на град Неготино се одвиваше и ликовна колонија на која беа изложени дела од локални уметници. На сите учесници на колонијата од име на општина Неготино им врачив благодарници. |
Повеќе...
|
„Винската архива“ е сместена во просториите на „Желковата куќа“ . Станува збор за дел од проектот „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината“ финансиран од ЕУ и администриран од Светска банка во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност чија цел е да се зголеми привлечноста на нашата општина како туристичка дестинација, да дојде до раст на економската активност, да се зголеми растот и развојот на туристичкиот сектор преку сет на активности во една комплетна туристичка понуда која би одговорила на предизвиците на туризмот. Преку набавка, уредување и опремување на подрумскиот дел, денеска во функција ја ставивме „Винската архива“-простор каде што сите винарии добиваат можност да ги изложуваат и промовираат своите производи, да се врши дегустација на вината, како и можност за самоодржливост на објектот и отворање нови работни места. Искрено се надевам дека ќе успееме во популаризацијата на „Винската архива“, нејзина посета од домашни и странски гости и афирмација на квалитетните неготински вина. |
Повеќе...
|
Православните христијани, денес 14-ти февруари, го слават празникот востановен во чест на Св.Трифун, кој се смета за чувар и заштитник на лозјето и виното. По тој повод, заедно со дел од советниците во Советот на општина Неготино и свештено лице од МПЦ„Св. Атанасиј“ од нашиот град го извршивме чинот на обредното закројување на виновата лоза. На сите лозаропроизводители им посакувам годинава да имаат богат и квалитетен род, а винариите да произведат квалитетни вина и ракии. Инаку, според обичаите, лозарите уште од раните утрински часови одат на лозјата во новата календарска година и ги закројуваат, надевајќи се дека така светецот ќе помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино. Попрскувањето на лозјата со светена вода и поткаструвањето на гранчињата се прави со верување дека Свети Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следно > Крај >>
|
Лист 22 од 314 |