Општина Неготино
Одбележан патрониот празник на ООУ„Страшо Пинџур“ Неготино PDF Печати

Основното училиште „Страшо Пинџур“ во нашиот град  со пригодна програма го одбележа својот патронен  празник. Во знак на почит кон ликот и делото на Страшо Пинџур  пред почетокот на пригодната програма со која беше одбележан патрониот празник на ова основно училиште, како градоначалник ја предводев делегацијата од Општина Неготино која положи  свежо цвеќе пред бистата  на патронот, а цвеќе положија и претставници на училиштето, претседателката и дел од советниците во општинскиот Совет, а пригодно обраќање пред присутните имаше директорот Сашо Ѓорѓиев. Исто така, ја искористивме можноста да ја проследиме програмата која вработените и учениците ја имаа подготвено по повод одбележувањето на патронатот на училиштето. На настанот, на најдобрите ученици им беа доделени пригодни награди, а по распишаниот конкурс од страна на Активот по македонски јазик кој организираше литературен конкурс на тема „Само вистинскиот мудрец со суди себеси правилно“. 

Повеќе...
 
Се тампонира патот до месноста „Солена вода“ PDF Печати

   Општина Неготино започна активност за санација на пристапниот пат до земјоделско-обработливо земјиште до месноста „Солена вода“. Станува збор за тампонирање на овој доста фреквентен и користен од населението патен правец во должина од 700 метри и ширина од 3 метри на потегот од мостот до самата локација на „Солена вода“. Активноста се реализира со финансиски средства обезбедени од Вардарскиот плански регион преку Програма за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 год.финансирана од Министерството за земјоделство ,шумарство и водостопанство.  Со оглед на констатираната состојба на терен, се апелира до граѓаните кои се упатуваат до земјоделските површини и до месноста „Солена вода“ да не фрлаат отпад со што се нагрдува сликата на овој патен правец. 

Повеќе...
 
Неготинската библиотека ги награди членовите со најмногу прочитани книги PDF Печати
   На пригодна свеченост која се одржа во просториите на библиотеката, беа доделени наградите што традиционално им се врачуваат на лицата кои имаат прочитано најмногу книги во изминатата година. На покана на организаторот, на овој настан можноста да присуствува со задоволство ја искористи градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов  за на најчитателите за 2021 година да им ги додели пригодните дипломи, а воедно на добитниците да им честита на постигнатиот успех. Врз основа на евиденцијата на локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино, награди за најчитатели градоначалникот Стојанов им додели на Ката Апостолова, Пепица Ѓорѓиева, Емилија Трајкова, Елена Јорданова и Невенка Андова. 
 
Повеќе...
 
Прес на градоначалникот Горан Стојанов за сработеното во првите 100 денови од мандатот PDF Печати

    Во рамките на заложбите за отчетно, транспарентно и навремено информирање на јавноста за работењето на градоначалникот и на локалната самоуправа, градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов одржа прес-конференција на која даде отчет за сработеното во првите 100 денови од мандатот, како и за тековните проекти и активности и проектите кои се предвидени за реализација до крајот на тековнава 2022 година. 

 https://www.youtube.com/watch?v=EfiXwix-1Jo

 

 
Ј А В Е Н П О В И К за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино PDF Печати

Врз основа на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2022 година и Правилникот за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, донесен од страна на Советот на Општина Неготино, со бр. 08-119/3 од 27.02.2019 година, Општина Неготино објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К
за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи
од Општина Неготино


1.  На повикот можат да се пријават:
    - Спортски клубови регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
   - Спортски сојузи регистрирани на територијата на општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)

2.  Субјектите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да ја поднесат следната документација:
    - Решение за вршење дејност спорт, издадено од Агенција за млади и спорт;
    - Годишна програма за работа на клубот/сојузот, со финансиска конструкција;
     - Пополнет апликативен формулар за доделување на средства/Образец, објавен на интернет страната на Општина Неготино;
    - Записник од одржано годишно собрание на клубот за 2021 година.
Некомплетните и ненавремено доставените пријави нема да бидат земени во предвид.

Пријавите се доставуваат во тврда копија во предвидениот рок до Општина Неготино или во електронска форма до одговорното лице за спорт во општината, на подолу наведената електонска пошта.

Образецот (Пријава) во електронска форма можете да го симнете од интернет страната на Општина Неготино.

За вистинитоста на податоците наведени во апликацијата одговараат одговорните лица на Субјектите - потенцијални корисници кои ќе аплицираат на повикот.

Општина Неготино го задржува правото да изврши проверка на податоците наведени во апликациите во секое време.

Субјектите – потенцијални корисници, потребната документација треба да ја достават по пошта на адреса: Општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов” бр.2 Неготино, со назнака “Јавен повик за спортски клубови/спортски сојузи” или лично, во Архивата на Општина Неготино, кај лицето Даниел Јакимов.
Доставената документација и прилозите не се враќаат.
За дополнителни информации претставниците на заинтересираните клубови /сојузи  можат да се обратат кај одговорното лице за спорт во општината, на тел. 072/320-842 или на е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот

Јавниот повик ќе трае 7 дена од денот на објавувањето.

О  Б  Р  А  З  Е  Ц за користење на средства од Буџетот на Општина Неготино во 2022 година
 

 

 
Ги доделивме ваучерите за новороденчиња во месец јануари PDF Печати

Согласно утврдената динамика, денеска имав можност да ги доделам ваучерите за новородени деца на подрачјето на општина Неготино. На вкупно 14 родители кои имале принова во периодот од 01 до 31 јануари, оваа година, им ги доделив ваучерите во вредност од 7.000 денари. Ја искористив приликата на сите да им ги честитам новороденчињата и да им посакам многу здравје и среќа.  

 
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следно > Крај >>

Лист 21 од 314