Општина Неготино
Потпишав договор за учество на општина Неготино во Регионалниот советувалишен центар PDF Печати
  Заедно со колегите градоначалници од Кавадарци, Росоман и Д.Капија, како и претставниците на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство и Здружението на родова еднаквост „Визија“ од Кавадарци, официјално го потпишавме меморандумот за „Воспоставување на Советувалишен центар за помош и поддршка на жртви на  родово базирано и семејно насилство“ заедно со договорот за финансиска поддршка на граѓанските организации. Со договорот се уредуваат правата, одговорностите и обврските помеѓу двете страни-општините и невладините организации во делот на поддршка на граѓанските организации за унапредување и заштита на жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство, со единствена цел за воспоставување на Регионален советувалишен центар за помош и поддршка во Вардарскиот регион. Од проектот се очекува подобрување и унапредување на социјалните услуги за жените и децата жртви на насилство, подигнување на јавната свест, спроведување кампањи и споделување информации на локалното население за достапните услуги на овој советувалишен центар. 
 
 
Повеќе...
 
Ги доделивме ваучерите за новороденчиња за месец февруари PDF Печати
   Согласно однапред утврдената динамика за исплата на средствата, денеска ги доделив вредносните ваучери за новороденчиња на територијата на општина Неготино во висина од 7.000 денари. Станува збор за доделување на вкупно 13 ваучери на родители од нашата општина кои имале новородено дете во месец февруари. На сите нив, од мое лично име, од Советот на општината и од име на општина Неготино им ги честитав приновите во семејството посакувајќи им многу здравје и среќа на новороденчињата и на нивните семејства.
 

 
Течат подготовките за одржување на манифестацијата „Маскенбал-2022“ во Неготино PDF Печати
  Веќе извесен период општина Неготино во координација и соработка со надлежните општински установи и инстиитуции работи на подготовките за непречено одржување на традиционалната манифестација „Маскенбал-2022“ која се одржува на 1-ви Април-Денот на шегата. По пауза од 2 години неодржување на овој настан поради присуството на пандемијата од Ковид 19, одлучено е годинава настанот да се одржи, за што во тек се координацииите со одговорните во институциите со единствена цел одржувањето на манифестацијата да помине во најдобар ред. Се очекува и оваа година да има огромна масовност и присуство на стотици дечиња под маски, како и други заинтересирани, кои ќе продефилираат по предходно определена маршрута пристигнувајќи заеднички на градскиот плоштад. Подетални  информации следуваат неколку денови пред одржувањето на манифестацијата „Маскенбал-2022“. 
 

 
Се поставува сообраќајна сигнализација на ул.„Антигона“, и „Енгелсова“, а подоцна и на „ЈНА“ PDF Печати
   Согласно договорите помеѓу општина Неготино и изведувачот на работите Виа сигнал-Скопје склучени на 24.01 и 14.02.2022 година, отпочнати се и течат активности за поставување сообраќајна сигнализација на 3 улици во Неготино и тоа „Едвард Кардељ“, „ЈНА“ и „Антигона“.  Изведбените активности се однесуваат на поставување на вертикална и хоризонтална  сообраќајна сигнализација согласно Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќај на дел од уличната мрежа. Дел од сигнализацијата е веќе поставена и се уште се поставува на улиците „Едвард Кардељ“ и „Антигона“, а како што информираат стручните служби, соодветната сигнализација на улицата „ЈНА“ ќе се постави веднаш по завршувањето на реконструкцијата и асфалтирањето на истата. За вршење на надзорот на изведбените активности одговорна е фирмата Павер трејд од Кавадарци. 
 
 
Повеќе...
 
Потпишан меморандум за соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје PDF Печати
   Во својство на градоначалник на општина Неготино денеска со претставници на Универзитетот од Скопје го потпишавме меморандумот за понатамошна деловна соработка. Соработката би се одвивала во делот на партнерството за аплицирање проекти од заеднички интерес, реализација на практикуми за студенти, експертска поддршка од Универзитетот за туризам и менаџмент за градење и креирање на атрактивни туристички брендови и друго. Со меморандумот е обезбедено доделување на 15 стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година.  
 
 
Повеќе...
 
Во тек е изградба на парк кај новата детска градинка PDF Печати
  Со средства во висина од 1.698.897 денари во тек се градежни активности за изградба на парк кај новата детска градинка. Со проектот предвидени се повеќе активности:- вградување на павер елементи, набавка и монтажа на детска лулашка од метална конструкција, две полиетиленски двослојни корпи, поставување на двојна комбинирана клацкалица со по две седишта од кои дел се наменети за лица со специјални потреби, монтажа на двослојна фигура на животно, поставување на клупи за седење и корпи за отпадоци, како и затревување на површините со трева со набавка на опрема за нејзино одржување. Изведувач на градежните работи е Градба промет-ДОО Кавадарци, а за надзорот е одговорна фирмата Павер Трејд ДООЕЛ-Кавадарци.
 
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 19 од 314