There are no translations available. Во присуство на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, претставници на изведувачот „Ју-бај2“ од Скопје и надзорот над изградбата, започнаа работите за изградба на водоводна, фекална и атмосверска канализација во УЗ 8 блок 1. Станува збор за проект чија вкупна вредност на работите изнесува 14.000.000 денари, а истиот се спроведува преку Министерството за транспорт и врски со средства одобрени од Европската инвестициона банка. Се гради комунална инфраструткура и тоа АБ канал, краци на улиците 3 и 4, а се поставува и водоводна, фекална и атмосверска мрежа во рамките на проектот „Линиска инфраструктура за изградба на комунална инфраструктура во општина Неготино. Согласно проектот, ќе биде изграден канал во должина од 330 метри, фекална мрежа со опфат на краци во должина од 808 метри, атмосверска канализација од 372 метри и водовод за улиците 3 и 4 со опфат на краци во должина од 809 метри. Градоначалникот Делков изрази оптимизам дека целиот проект ќе биде навремено завршен со што ќе се создадат услови за непречено функционирање на постоечките стопански капацитети, но и да се стимулираат потенцијални инвеститори токму на овој урбанизиран простор да изградат нови капацитети.
|
Read more...
|
|
There are no translations available.
Од Јавното претпријатие Комуналец ги известуваат граѓаните на општина Неготино дека од 02.05.2018 (среда) ќе биде пуштен во функција паралелниот систем за наводнување на дворните површини. Од локалното комунално претпријатие ги замолуваат граѓаните да извршат проверка на своите приклучоци и да ги доведат во исправна состојба. Во случај на појава на евентуални дефекти, да се пријави во Ј.П.„Комуналец“ или на тел: 361 – 711.
|
There are no translations available.
СОУ „Свети Кирил и Методиј“ од Неготино започна соработка со гимназијата Малерб од Каен, Р. Франција. Соработката започна пред 18 месеци а се конкретизираше овој април со школска размена помеѓу двете училишта. Учениците од нашето средно училиште беа на посета во Каен во периодот од 6 до 13 април додека француските ученици им ја возвратија посетата од 20 до 27 април 2018. Вкупно заминаа 21 ученици од француските паралелки со тројца професори. Темите на коишто работеа учениците од двете земји беа теми од областа на првата и втората светска војна. Беа посетени плажите на истоварувањето на сојузничкита сили во Нормандија и Меморијалниот центар во Каен. Во Македонија беа посетени француските и македонските гробишта каде што им се оддаде почит на паднатите македонски и француски војници за време на последните две светски војни. Учениците работеа на проектот „Нормандија за мир“ истражувајќи и користејќи различни материјали и фотографии направени во Франција. Јазичната и културната размена со оваа најголема гимназија во Нормандија (2400 ученици) ќе се одвива секоја втора година. |
Read more...
|
There are no translations available. Во рамките на реализацијата на проектот „Мојот убав град“ на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков деновиве работници на ЈП Комуналец беа ангажирани на хортикултурно уредување на неколку локации во градот. Се разубавуваше централното градско подрачје, паркот во близина на Музејот, околината на спортската сала Младост и други локации во Неготино. Како што информираат одговорните, засадени се зимзелени ползавци, лаванда, трендафили, едногодишни хризантеми и други украсни жбунесто растенија, со единствена цел за разубавување на просторот каде истите се посадени, а наедно на повеќе места се изврши косење на нараснатата трева. Активностите од проектот „Мојот убав град“ продолжуваат и ќе се одвиваат во континуитет на територијата на целиот град, а планирано е хортикултурно уредување и на влезот и излезот во и од Неготино со нивно расчистување и садење на украсни растенија. |
Read more...
|
There are no translations available. Одговорните во Јавното претпријатие Комуналец ги информираат граѓаните кои живеат во ,,висока зона" во Неготино, дека поради настанат дефект ќе немаат вода за пиење до 17,00 часот. Од Комуналец додаваат дека нивни екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот, по чие санирање водата ќе дојде до домовите на населението од населбата Саат-кула. |
There are no translations available. Првиот резидентен амбасадор на Јапонија во Република Македонија Кеико Ханеда престојуваше во работна посета на општина Неготино остварувајќи притоа средба со градоначалникот Тони Делков, а ја посети и изложбата во Музејот на град Неготино. На средбата со градоначалникот Делков, високата гостинка-амбасадорката Ханеда беше информирана за личната карта на општина Неготино, проектите кои локалната самоуправа ги спроведува во моментов, како и оние кои допрва ќе се реализираат, со единствена цел градот и населените места да станат подобро место за живеење на сите жители. Престојот во Неготино, амбасадорката на Јапонија го искористи да присуствува на отворањето на изложбата на јапонска графика од уметници од 17-иот век. Како што истакна градоначалникот Делков преку оваа изложба и изложените дела ја запознаваме земјата на изгрејсонцето Јапонија, далечна земја - како географски, временски и етнички и со различна култура, но ете тоа не е пречка да се оствари соработка на двострано задоволство. Градоначалникот изрази надеж дека соработката со првиот резидентен амбасадор на Јапонија во Македонија Кеико Ханеда ќе продолжи и понатаму на секое поле. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Next > End >>
|
Page 166 of 314 |