There are no translations available.
Во Општинската установа Музеј на град Неготино е отворена “Изложба на етнолошки предмети“ која е дел од одобрените проекти од Министерствот за култура на РМ според националната програма за финансирање на проекти од национален интерес на Р.Македонија за 2018 година. Предметите кои што се изложени во изложбениот салон во музејот потекнуваат од почетокот на 18 до крајот на 20 век и се од селата од општина Неготино и тоа: Долни Дисан, Горни Дисан, Тремник, Војшанци, Бистренци, Тимјаник, Црвени Брегови, Курија, Пепелиште и секако од градот Неготино. Тие се собрани по пат на подарување, наоѓање и откуп при теренските истражувања на етнолошкото одделение во ОУ Музеј на град Неготино од 1996 г. па наваму. Концептот на изложбата е направен врз основа на материјалите од кои што се изработени предметите, односно во првиот дел се содржани предмети изработени од керамика, односно грнчарски предмети, потоа метални предмети, предмети изработени од дрво и текстил изработен и исткаен на разбој. Интерес предизвикуваат предметите како што се: макази - крклизи, соларник, пиралка, дрмон, вретена, фурки, народниот вез и други предмети кои што се употребувале како алатки за извршување на земјоделски работи, во домаќинството, алатки за обработка и изработка на текстил изработени од вештите раце на грнчарите, казанџиите и ткајачките украсени со посебна орнаментика и колорит. Сите предмети изложени во поставката се во сопственост на ОУ Музеј на град Неготино, валоризирани како збирка на етнолошки предмети со решение од Управата за заштита на културното наследство на РМ, која што претставува богато културно наследство кое треба да се негува и да се сочува од заборав. Изложбата е од јавен карактер, ќе биде поставена до 28 јуни и може секој љубител да ја посети и види. Автор на изложбата е етнолог-виш кустос од ОУ Музеј на град Неготино, Драгица Чекорова, а ја отвори м-р Анита Ѓорѓиоска, етнолог виш кустос од Националната Установа Музеј Куманово. |
Read more...
|
|
There are no translations available. Со цел за подобрување на условите за одвивање и следење на наставниот процес во адаптирани услови како за наставниците, така и за учениците, во училишниот двор на Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ во Неготино на пригодна свеченост денеска во функција беше ставена новата летна училница. Според зборовите на директорот Петар Мантев, станува збор за објект по чие ставање во функција се создадени услови за одвивање на наставата во природа, покрај редовното следење на наставата во училниците и кабинетите. Летната училница е со површина од 24 метри квадратни, а средствата за нејзината изградба се обезбедени преку организирана донаторска вечер од страна на Ротари клуб Неготино. |
Read more...
|
There are no translations available. Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 30-ти овој месец на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување. |
There are no translations available.
Со присуството на високи температури кои претставуваат потенцијална опасност за појава на пожари, од страна на надлежните институции до сите граѓани е упатен апел со мото „Лето без пожари“. Имено, од Територијалната противпожарна единица Неготино, а во соработка со Општинскиот противпожарен сојуз и локалната самоуправа Неготино, апелираат до граѓаните и населението за зголемена внимателност од можноста за предизвикување пожари сега, а посебно во претстојниот летен период. Токму затоа, се повикува на внимателност при движење во шумите и на отворен простор со единствена цел за благовремена превенција од пожари, предизвикување на општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните и заедницата. Се препорачува да не се фрлаат догорчиња и отпушоци од цигари, да не се пали оган на отворен простор, на стрништа, плевели и друг отпаден материјал, со што пак сите заедно како граѓани на општина Неготино ќе придонесеме за зачувување на шумите и останатите материјални богатства во природата. Доколку граѓаните забележат пожар, се замолуваат веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 193, информираат од Територијалната противпожарна единица од Неготино. |
There are no translations available. Претседателот Диме Витанов за денеска (вторник 29.05) со почеток од 16,00 часот ја свика 12-тата седница на Советот на општина Неготино на која според предвидениот дневен ред за работа општинските советници ќе расправаат по 8 точки. Се очекува советниците да донесат одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во истата, ќе се разгледува предлог-програмата за изменување и дополнување на програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште во општина Неготино за тековнава година, како и предлог-одлуката за прифаќање на иницијатива за отпочнување постапка за изработка на локална урбанистичка планска документација со намена Г2 (лесна и незагадувачка индустрија). Денеска пред советниците ќе се најде и предлог-заклучокот за усвојување на кварталниот извештај за извршување на општинскиот Буџет за периодот јануари-март 2018, како и други прашања од делокругот на работењето на Советот на општина Неготино. |
There are no translations available.
Со учество на членови на културно-уметнички друштва од земјава и странство, викендов во Неготино се одржа традиционалниот меѓународен фолклорен фестивал „Манастирски фолклорни средби-2018“. Организатор на настанот беше НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“, покровител на настанот беше Министерството за култура на РМ, а поддршка даде и општина Неготино. Настанот за отворен го прогласи претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов, додека директорката на Центарот за култура Гордана Стојановска на сите учесници им врачи благодарници и пригодни подароци. Годинава на фолклорните средби учествуваа културно-уметничките друштва „Бранислав Нушиќ“ од Владичин Хан, Р. Србија, „Севернач“ од Попово Р. Бугарија, „Тиквеш“ –Кавадарци, „Мирка Гинова“ од Демир Капија „Jане Сандански“ од Ново Село, „Илинден“ од Демир Хисар, „Мугри“ од Кочани и КУД „Јане Сандански“ од Неготино. Љубителите на фолклорот од општина Неготино и други гости и посетители во текот на двата дена од одржувањето на настанот имаа убава можност да уживаат во настапот на учесниците на „Манастирските фолклорни средби“. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Next > End >>
|
Page 162 of 314 |