There are no translations available.
Согласно годишната програма за комунални работи и сообраќај на општина Неготино, во изминатиот период беа реализирани градежни работи за санација на тротоари на две улици во градот. На терен се работеше на санација на тротоарот од левата страна на ул„ Борис Кидрич“ од спојот со ул„Маршал Тито“ до спојот со ул „Јна“ во должина од 150 метри или како што информираат стручните служби, опфатена беше и уредена површина од 230 м2. Според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков најпрво се изврши отстранување на постоечкиот бетон и рабници, по што се пристапи кон поставување на бехатон коцки и нови бетонски рабници, а по завршувањето на работите овој тротоар доби сосема нов и модерен лик. Градоначалникот Делков додава дека следна локација на која ќе се работеше беше потегот кај црквата „Св.Атанасиј“ од десната страна на ул„Партизанска“, поточно од спојот на истата со ул„Цандо Кожинков“ се до спојот со ул „4 Јули“ каде што се изврши санација на тротоарот во должина од 150 метри. Средствата за изведување на работите беа обезбедени од Буџетот на општина Неготино. |
Read more...
|
|
There are no translations available. Општинската Установа Музеј на град Неготино деновиве го реализира еден од одобрените проекти за 2018 година од страна на Министерството за култура на РМакедонија, а тоа е Санирање на влага во депото на музејот со цел да се подобрат условите за чување на музејски материјал во депоата на музејот. Музејот во минатиот период се соочуваше со проблем од подземните води од страничните делови на објектот, со тоа што се создаваше влага во депоата, а со тоа беа речиси невозможни условите да се чуваат музејскиот материјал и музејските предмети. Од таа причина оваа установа стартуваше со ваков инвестициски проект пред две години кој што Министерството за култура на РМ го одобри и санирањето се врши етапно според однапред утврдената динамика. Оваа година санирањето се реализира со промена на подот во депоата, промена на сталажите со нови поиздржливи и промена на картонските кутии во кои се чува музејскиот материјал со нивна замена со нови пластични кутии. |
Read more...
|
There are no translations available. За сопствените, но и за потребите на останатите установи и институции од општина Неготино, деновиве локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од нашиот град изврши набавка на најсовремен 3Д модулар (печатач) кој изработува предмети испроектирани на компјутер и е прв од ваков вид во општина Неготино. Како што информираат одговорните, истиот ќе биде ставен во функција, а со почетокот на новата учебна година ќе се стартува со одржување на часови за обука за негово функционално користење од страна на учениците од основните и средното училиште од Неготино, а овој најсовремен печатач ќе им биде ставен на располагање и на талентираните ученици кои располагаат со напредни познавања од оваа област. |
Read more...
|
There are no translations available. Дел од гребениот асфалт од подготовките за асфалтирање на обиколницата околу Неготино-инвестиција на Владата на РМ преку Јавното претпријатие за државни патишта, ќе биде искористен и наменет за тампонирање на една улица во селото Црвени Брегови. Градежната механизација ангажирана за овој проект веќе неколку денови е на терен во ова неготинско село, ги заврши неопходните подготвителни активности и сега гребениот асфалт од обиколницата се транспортира до Црвени Брегови и се користи за тампонирање на споменатата улица. Станува збор за тампонирање на улица во должина од 700 метри која почнува од училиштето преку ценатрот па се до крајот на селото со што ќе дојде до санирање на најоштетените делови на оваа улица. Во своите јавни настапи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков истакнува дека во договор со одговорните во Јавното претпријатие за државни патишта е обезбеден гребен асфалт за тампонирање на улици во сите населени места во неготинска општина. |
Read more...
|
There are no translations available. На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а во соработка со одговорните во ЈП„Македонија“ пат, интензивно се одвиваат градежни работи за подготовка за асфалтирање на улицата „Индустриска“ во Неготино, односно обиколницата околу градот. Во моментов расположливата механизација е ставена во функција на гребење на постоечкиот оштетен асфалт, а паралелно се создаваат услови за комплетно асфалтирање на оваа исклучително фреквентна улица. Нов слој асфалт на улицата „Индустриска“ ќе се постави во должина од 1.200 метри од тоа почнувајќи од потегот кај Автобуската станица, а очекувањата се дека со нејзиното целосно асфалтирање ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот и тоа како на возачите, така и на пешаците. Реализацијата на овој проект е во вкупна вредност од околу 8.000.000 денари. |
Read more...
|
There are no translations available. По извршеното прскање против комарци, а согласно годишната Програма за комунални дејности на општина Неготино, денеска и утре ( 10 и 11 јули ) на територијата на неготинска општина се врши дератизација. Во акцијата активно се вклучени вработени во локалната самоуправа и ЈП Комуналец, стручни лица од Центарот за јавно здравје од Кавадарци и работници на изведувачот на работите Зотокс од Скопје. Со дератизацијата е планирано да бидат опфатени околу 1.000 шахти со употреба на 200 килограми парафински блок и тоа со метод на фронтално поставување и поставување на висечки и статички парафински блокови. Средствата за спроведување на оваа активност се обезбедени од Буџетот на општина Неготино. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Next > End >>
|
Page 157 of 314 |