Општина Неготино
Градоначалникот Делков потпиша договори за национално- кофинансирање на 2 ИПА проекти во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   На 21 овој месец во просториите на Владата на РМ во присуство на Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, претставници на Владата и градоначалници од земјава, меѓу кои и градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, беа потпишани првите 14 договори за национално кофинансирање од вкупно 40  одобрени  проекти од ИПА програмата за прекугранична соработка Грција-Македонија. Согласно Договорот, за проектот WA-MBRELLA преку национално кофинансирање од Министерството за локална самоуправа  на општина Неготино  како партнер 2 на проектот ќе и бидат префрлени средства во висина од 43.500 евра или 15 отсто од вкупно 286.140 евра колку што чини целиот проект кој се однесува на изградба на колекторот Тимјаник-Неготино во должина од 2.000 метри, набавка на геозвучни детектори за мерење на загубите на водата за пиење, подготовка на техничка документација за довршување на колекторот во Неготино во должина од 400м и техничка документација за пречистителна станица, како   и други едукативни мерки во рамките на истиот проект.Преостанатиот износ   на проектни средства ќе бидат обезбедени од Европската Унија. За истиот проект, Договор за национално ко-финансирање наскоро ќе потпише и ЈП,,Комуналец ,,Неготино како партнер 4  во овој проект. Во рамките на истата програма, градоначалникот Делков потпиша и Договор за национално кофинансирање преку Министерството за локална самоуправа и за проектот ENPOL-EE за подобрување на енергетската ефикасност во општина Неготино преку замена на улично осветлување, подобрување на енергетската ефикасност во  општинската зграда и други едукативни и промотивни мерки, за што на општина Неготино од Министерството за локална самоуправа  ќе и бидат префрлени 47.400 евра, односно 15 отсто од вкупната сума од 315.979 евра потребни за реализација на проектот. Останатите средства ќе се обезбедат  исто така од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка Грција-Македонија. За истиот проект договор за национално ко-финансирање со Министерство за локална самоуправа наскоро ќе потпише и СОУ,,Св Кирил и Методиј,,Неготино како партнер 4 во овој проект.

Read more...
 
Со 4,6 милиони евра се модернизира трафостаницата Дуброво-Неготино PDF Print
There are no translations available.

   МЕПСО започна со модернизација на трансформаторската станица „Дуброво“ при што ќе биде заменета со нова опрема што е во функција од 1977 година до сега. По тој повод во работна посета на „Дуброво“ беа: министерот Горан Сугарески, Сашо Василевски - генералниот директор и претседател на Управниот одбор, и Сашо Стефановски и Борко Алексоски, членови на Управниот одбор на МЕПСО. Овој комплексен проект опфаќа замена на примарна опрема (прекинувачи, разделници, струјни и напонски мерни трансформатори) како и ревитализација на секундарната опрема на 400 kV и на 110 kV напонско ниво која вклучува: испорака и инсталација на системи за релејна заштита, далечински надзор и за управување како и системи за AC/DC развод и нов систем за мерење електрична енергија. Министерот Сугарески истакна дека овој комплексен проект означува почеток на голем инвестициски циклус во електроенергетскиот сектор во вредност од преку 70 милиони евра. Трансформаторската станица „Дуброво“ од системски аспект е еден од најважните енергетски јазли во македонскиот електропреносен систем затоа што го поврзува најголемиот производствен капацитет РЕК „Битола“ со најголемиот конзумен регион Скопје. Во оваа трансформаторска станица се вмрежуваат и интерконективните 400 киловолтни далекуводи кои нашиот систем го поврзуваат со електропреносните системи на Република Бугарија и на Република Грција.

 

Read more...
 
Фото Галерија: Неготинска музичка вечер-2018г. PDF Print
There are no translations available.

   По неколкугодишна пауза и неодржување, синоќа на старата градска чаршија во нашиот град се одржа настанот Неготинска музичка вечер 2018 година, како составен дел од 6-дневната програма што општина Неготино ја подготви и реализира пред и за време одржувањето на Неготинскиот панаѓур. Интенција на локалната самоуправа е оваа манифестација повторно, како во минатото, да стане традиционална и да се одржува секоја година, а во прилог на потребата од нејзино континуирано одржување оди огромната и масовна посетеност на истата од страна на граѓани на општина Неготино, но и од соседните општини. Вечерта помина во пријатна и релаксирачка атмосфера со забава и музика за повеќе генерации, а во музичкиот дел свој настап имаа Бени и Нон-стоп, Амар Гиле и DJ COSMO Z.

Read more...
 
Апел до моторизираните граѓани од општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во пресрет на започнувањето на одржувањето на 3-дневната стопанско-туристичка манифестација „Неготински панаѓур-2018г.“ најголема и најпосетена во Република Македонија и со традиција подолга од 6 децении, од локалната самоуправа Неготино се апелира до граѓаните на неготинска општина доколку тоа не е неопходно, во деновите од панаѓурот да не излегуваат со своите возила. Ова од причина што годинава панаѓурот се одржува во деновите од викендот и се очекува масовна посетеност на граѓани од други општини од нашата држава, па со цел да бидеме добри домаќини на овој настан, потребно е да ослободиме простор за паркирање на возилата на посетителите што ќе доаѓаат од страна. Општо познато е дека Неготино со години наназад се соочува со проблемот од недостиг на паркинг-простор, проблем кој за актуелното општинско раководство е еден од приоритетите за решавање и надминување на актуелните состојби, па токму затоа се замолуваат граѓаните во наредните 3 дена да се воздржат од излегување со автомобили. Исто така, се информираат граѓаните, од вечерва (четврток) па се до завршувањето на панаѓурот во недела, да не ги паркираат своите возила долж улиците Јане Сандански, Ацо Аџи Илов и на градскиот пазар, односно во централното градско подрачје. Имајќи предвид дека деновите од панаѓурот се денови за другарување, забава и релаксација, се апелира до граѓаните на Неготино уште еднаш, како и многупати до сега, на дело да ја демонстрираат својата гостопримливост и да дадат сопствен придонес општина Неготино да биде добар домаќин и добар организатор на годинашниот Неготински панаѓур. Од име на локалната самоуправа, на сите граѓани од неготинска и од соседните општини, како и на сите посетители кои ќе присуствуваат во нашиот град, им посакуваме да поминат пријатни моменти за времетраењето на Неготинскиот панаѓур и престојот во Неготино.

 
„Европска недела на безбедност“-„Ден без автомобили“ во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Неготино денеска беше еден од 2.500-те градови во Европа во кои се одржа акцијата „Ден без автомобили“ во рамките на одбележувањето на „Европската недела на безбедност“. Целта на оваа активност е да се предлагаат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови технологии и мерки за планирање на урбаниот транспорт со цел за намалување на употребата на автомобили и редуцирање на емисиите на штетни гасови во воздухот. Денешниот настан општина Неготино го реализираше во соработка и со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање кој годинава се одржува под мотото „Комбинирај и движи се“, а како партнери во проектот се јавуваат Европската делегација во Македонија и ЕУ Инфоцентарот од Скопје. На овој ден традиционално беше затворена по една или повеќе улици во градот за сообраќај и се резервираат за движење на велосипедисти, пешаци или за јавен транспорт. Денеска во Неготино во период од 2 часа додека трае активноста учесниците се движеа по улиците Маршал Тито, Партизанска и Баба Ана Ташева и завршија на градскиот плоштад каде е планирано да заврши предвидената маршрута, а во настанот се вклучи и градоначалникот на општина Неготино Тони Делков.

Read more...
 
Заменети прозорците во спортската сала на ООУ„Гоце Делчев“ PDF Print
There are no translations available.

   На иницијатива на директорот на оваа образовна установа Петар Мантев, деновиве во Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ беше извршено поставување на нови прозорци на местото на старите во училишната спортска сала во која секојдневно часови по предметот физичко образование наставата ја следат стотици ученици. Како што дополнува Мантев, салата постои од 1972 година од кога е започнато и функционирањето на училиштето, а замената на прозорците ќе придонесе за создавање подобри услови за непречено и квалитетно одвивање на наставата по физичко и здравствено образование.

Read more...
 
<< Start < Prev 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Next > End >>

Page 148 of 314