Општина Неготино
Активности на градоначалникот Делков по повод Светската недела на детето (5-9 октомври) PDF Print
There are no translations available.

   Секоја година, првата седмица од месец Октомври им се посветува на децата под мотото „Детска недела“. Неделата на детето го прославува правото на децата да уживаат во своето детство, а претставува и можност децата да ги демонстрираат своите таленти, вештини и способности. Во рамките на одбележувањето на Светската недела на детето, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков беше во посета на двата клона „Мајски цвет“ и „Пролет“ кои функционираат во склоп на детската градинка „Фемо Кулаков“-Неготино и за потребите на дечињата кои престојуваат таму и вработените кои се грижат за нив им подари 2 телевизори, по еден за потребите на двата клона. Раководниот тим на неготинската градинка се заблагодари на донацијата, ја истакна одличната соработка што како установа ја имаат со градоначалникот и локалната самоуправа и изразија надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.

Read more...
 
Заврши поставувањето на детски реквизити и урбана опрема во 4 села во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

    На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков,  локалната самоуправа во изминатиот период реализираше активности за набавка и монтажа на нова урбана опрема и детски реквизити, како и поправка на постоечките во дел од населените места во неготинска општина. Како што информираат стручните служби,  со градежните активности беа опфатени набавка на материјали и поправка на постоечката урбана опрема и поставување на детски реквизити, како и обновување на подлогата на која тие се лоцирани. Согласно  проектот, нова урбана опрема и детски реквизити се поставувени во 4 села во општината и тоа во Д.Дисан, Војшанци, Дуброво и Криволак и со истите на локалното население, а посебно на најмладите сограѓани, им се создадени услови во одмор и релаксација да поминуваат дел од своето слободно време. Вредноста на проектот е 1.000.000 денари од кои 500.000 се обезбедени преку Бирото за регионален развој, а 500.000 денари се од Буџетот на општина Неготино.

Read more...
 
До 31 октомври вежбовни боеви гаѓања на Армискиот полигон Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 31 октомври во повеќе реони на полигонот ќе се извршуваат боеви гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полциска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изведуваат планираните боеви гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
Подготвителни работи за уредување улица во Тимјаник со бекатон коцки PDF Print
There are no translations available.

   Согласно ветувањата на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков за уредување на  улици со бекатон коцки и тампонирање со гребен асфалт во сите населени места во општина Неготино, чија реализација е или веќе завршена или е во тек, започнаа подготвителни теренски работи за уредување на улица во Тимјаник со бекатон коцки. Според информациите на стручните служби кои се присутни на терен и го надгледуваат изведувањето на работите, станува збор за уредување на улица во Тимјаник во должина од 400 метри со поставување на бекатон коцки на површина од 600 метри квадратни. Предвидувањата се дека доколку се тече според однапред утврдената динамика, работите за уредување на оваа улица ќе заврши за 14 денови, а вредноста на проектот е 2.500.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

Read more...
 
Донирана опремата добиена со проектот Open fun football school PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот Тони Делков денес ги посети воспитно-образовните установи од општината и донираше спортска опрема за истите, добиена преку проектот Open fun football school, кој од оваа година по подолга пауза повторно беше реализиран во општина Неготино. Во месец септември беа реализирани четири работилници за 90 деца од Неготино и 35 деца од Демир Капија на возраст од 6 до 12 години, преку кои најмладите заедно со тренерите – волонтери имаа можност да се дружат, забавуваат и преку игра да ги учат тајните на најважната споредна работа на светот - фудбалот. Инаку, Open Fun Football Schools е хуманитарен, политички неутрален и непрофитен проект, организиран од страна на Cross Cultures Project Association, Копенхаген (CCPA). Преку канцеларијата на Open Fun Football School во Македонија, ги вклучува општините кои сакаат да земат учество во проектот со финансирање на опремата и активностите кои се дел од истиот. По завршувањето на практичниот (работен) дел од школата добиената спортска опрема од канцеларијата на Open Fun Football School – Македонија, градоначалникот на општина Неготино денес ја донираше во двата клона на детската градинка “Фемо Кулаков”, основните училишта “Гоце Делчев” и “Страшо Пинџур” и двете фудбалски школи на ГФК Неготино и ФК “Jанг Бојс” од Неготино. Исто така, дел од опремата беше доделен и на фудбалските клубови кои се натпреваруваат во неготинската општинска лига. На овој начин беа финиширани овогодинешните активности во рамките на овој корисен и благороден проект.

Read more...
 
Поради настанат дефект дел во дел од градот водоснабдувњето е во прекин PDF Print
There are no translations available.

   Од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино ја иформираат јавноста дека денеска (четврток 27 септември) поради настанат дефект на улицата Кирил и Методиј во прекин е водоснабдувањето за населението во дел од Неготино. Имено, без вода се жителите кои живеат на следните улици: Марксова, Киро Крстев-кракот кај детската градинка, Борис Кидрич, Вардарска, Вано Ташев, Ѓоко Мишев, Пиринска, Првомајска, 25 Мај, Енгелсова, ЈНА и Маршал Тито-делот кај излезот кон Кавадарци. Екипи на Комуналец се на терен и работат на отстранување на дефектот, а по неговото санирање ќе дојде до нормализирање на водоснабдувањето.

 
<< Start < Prev 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Next > End >>

Page 147 of 314