Општина Неготино
Обезбедени околу 16.700.000 денари во општина Неготино за развој на вински, апи и еко туризам PDF Print
There are no translations available.

  На 9-ти овој месец  преку  Единицата за спроведување на Проектот за развој на локалната и регионалната конкурентност одобрен  е под-проектот со наслов „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината“. Под-проектот е   финансиран од ЕУ  и администриран преку Светска Банка. За истиот обезбедени се приближно 14.000.000 денари грант и околу 2.700.000 денари сопствено учество на општина Неготино . Со реализацијата на проектот се предвидува разубавување и овозможување поголема функционалност на делови од градот, нови туристички атракции и поставување автентични обележја. Со проектот двата влеза и излеза во и од Неготино ќе добијат нов и модерен изглед преку уредување на  жардинериите ,поставување патна сигнализација, нова урбана опрема од типот на клупи, корпи за отпадоци,контењери, уредување на подрумскиот дел во ТИЦ„Желкова куќа“ во т.н. винска архива ,поставување на инфо-тач постојка,поставување летниковци со лозов насад и  други автентични обележја.Проектот предвидува и адаптација на старата училишна зграда во с. Вешје во современ едукативен, туристички и промотивен Апи центар за развој на пчеларството и партнерно и хортикултурно доуредување на постојниот пчелен парк. Со проектот ќе се изврши поправка на постојната  и набавка на нова саемска опрема за промоција и организирање на вински и други  стопанско туристички настани во општина Неготино. По потпишувањето на договорот со Единицата за спроведување на Проектот за развој на локалната и регионалната конкурентност се отпочнува со спроведување на постапките околу планираните набавки за  изведбените и другите проектни  активности на неколку локации во општината.

Read more...
 
600.000 евра од ИПА програмата за проекти во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   ИПА проектот со акроним „wa-mbrella“ опфаќа изградба на главен колектор за отпадни води за приклучување на Тимјаник цо системот за отпадни води на Неготино во должина од околу 2.000 метри, подготовка на техничка документација за довршување на колекторскиот дел во градот во должина од 400 метри, подготовки на документација за пречистителна станица, како и одржување конференции, инфо-денови со вклучена јавност и завршен настан. Буџетот за општина Неготино е 286.140 евра. За партнерот 4-ЈП„Комуналец“ проектот опфаќа набавка на опрема за одржување на канализациони системи-возило за отпушување јами и канализации и набавка на геофони за детектирање на загубите на вода во водоснабдителниот систем во општина Неготино. Вредноста за ЈП„Комуналец“ е 195.338 евра. Со проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката за животна средина „ЕНПОЛ-ЕЕ“ се предвидува замена на 1.400 светилки со енергетски ефикасни ( 1.110 во градот и 300 во населените места) и 45 мерни броила. Планирани се интервенции во 15 простории во општинската зграда за подобрување на енергетската ефикасност. Вредноста на проектот за општина Неготино е 315.979 евра.

Read more...
 
Се гради нов станбено-деловен објект во центарот на Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Руинираната зграда на салата на ДТВ„Партизан“ која долги години го нагрдуваше просторот на тој дел од градот и претставуваше потенцијална опасност за минувачите, повеќе не постои. Имено, преку приватна иницијатива на споменатиот простор се гради нов станбено-деловен објект и тоа во најстрогото централно градско подрачје, а се со цел за подобрување на бизнис климата, нови инвестиции и создавање на нов урбан лик на централното градско подрачје.

Read more...
 
Се изврши санација и асфалтирање на дел од главната улица „Маршал Тито“ PDF Print
There are no translations available.

   После долги години, со изведување на градежни активности, се изврши санација и асфалтирање на главната улица во нашиот град „Маршал Тито“ во должина од 800 метри. Станува збор за санација на потегот од раскрсницата со ул„Никола Петров“ до раскрсницата со ул„29-ти Ноември“ преку замена на коловозната покривка по целата ширина на коловозот од 7 метри, како и замена на оштетениот горен слој со нов асфалт каде што истиот беше оштетен. Вкупната вредност на проектот изнесуваше 6.000.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а изведувач на работите беше градежната фирма „Градба промет“.

Read more...
 
Со 1.000.000 денари поставена урбана опрема и детски реквизити во 5 неготински села PDF Print
There are no translations available.

    Со единствена цел за обезбедување соодветни услови  за рекреација, престој и поминување на дел од слободното време, во изминатиот период општина Неготино изврши поставување на нова урбана опрема и детски реквизити во 5 неготински села. Имено, со 650.000 денари реализирана е набавка и монтажа на нова урбана опрема и детски реквизити, како и поправка на постоечките во населените места Д.Дисан, Војшанци, Дуброво и Криволак. Исто така, со средства во висина од 350.000 денари во Пепелиште е ставен во функција новиот забавен парк со изработка на патеки од бехатон коцки, фигури од камења, посадена е трева, цвеќе и засадени се 15 дрвца. Во забавниот парк во Пепелиште поставена е и урбана опрема и тоа 4 клупи за седење, канти за отпадоци и 4 нови детски реквизити.

Read more...
 
Од 19 до 22 овој месец боеви гаѓања на АП Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни гаѓања, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот од 19 до 22 ноември на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
<< Start < Prev 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Next > End >>

Page 141 of 314