There are no translations available. Во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи“ денеска се одржа мастер клас за виното „вранец“ со дегустација на едно од најквалитетните неготински вина произведени од винаријата Бовин од Неготино. На настанот, покрај претставници на винарии и стручни лица од областа на земјоделието, присуствуваа заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и други гости кои уживаа во неповторливиот вкус на виното „вранец“. Стручно излагање пред присутните имаше Игно Тасев-претседател на Здружението на енолози на нашата држава. |
Read more...
|
|
There are no translations available. Традиционално како и секоја, така и оваа година во Галеријата на виното во манастирскиот комплекс „Св.Ѓорѓи“ се одржа „Ден на вранецот“ со учество на индивидуални производители и „Раванијада“, настан кој беше проследен од голем број заинтересирани граѓани. Пригодно обраќање пред присутните имаше градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој истакна дека денеска се дегустираше едно од најквалитетните неготински вина-вранец произведено од индивидуални производители чиј квалитет од година во година е на се повисоко ниво, а сето тоа збогатено со вкусна раванија. Градоначалникот упати јавна благодарност до сите кои беа вклучени во подготовките и организацијата на овој настан кои со своето учество даваат придонес во остварувањето на целта за негување и зачувување на традицијата и давање локален белег на настанот. Присутните имаа можност да проследат и пригодна програма исполнета со поезија и афоризми за виното подготвена од ученици и наставници од ООУ„Гоце Делчев“, а потоа сите заедно уживаа во дегустацијата на виното „вранец“ на неготинските индивидуални производители. |
Read more...
|
There are no translations available. Голем број заинтересирани земјоделци од општина Неготино до последно место ја исполнија големата сала на локалната самоуправа во која се одржа настан од едукативен карактер. Имено, во рамките на „Неделата на виното-Св.Трифун“ во организација на општина Неготино и Националната федерација на фармери на Република Македонија, професор д-р Климе Белевски од Земјоделскиот институт при УКИМ од Скопје одржжа предавање на тема „Сезонски работи во лозов насад и мерки за адаптација кон климатските промени“. Паралелно, во фоајето во организација на Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од нашиот град беа изложени публикации од областа на земјоделството кои им беа ставени на располагање на присутните земјоделци кои го проследија предавањето. |
Read more...
|
There are no translations available. Во рамките на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“ , а по одржувањето на дегустацијата, денеска во големата сала на општина Неготино се одржа советодавен настан на кој присуствуваа индивидуални производители на вино и ракија. На настанот пред присутните производители, како и членовите-енолози на комисијата која ги оценуваше вината и ракиите, говореше Игне Тасев кој ги изнесе забелешките и сугестиите до индивидуалните производители во однос на квалитетот на доставените мостри на натпреварот во дегустација на вина и ракии, а присутните имаа и можност да поставуваат прашања во делот на унапредувањето на процесот на производство на вина и ракии во домашни услови. Тасев истакна дека секоја година квалитетот на мострите вина и ракии е се подобар, а токму една од причината се и советите кои индивидуалните производители ги добиваат од стручните лица. |
Read more...
|
There are no translations available. ЈП Комуналец од Неготино ги информира потрошувачите на вода кои живеат на улиците Кирил и Методиј, 25 Мај и Марксова, како и дел од улиците Борис Кидрич, Пиринска, Вардарска, Ѓоко Мишев и Вано Ташев дека поради дефект на главната цевка на улица Марксова денеска (вторник) и утре претпладне (среда 12.02.2019) ќе имаат прекин во водоснабдувањето. Екипи на Комуналец се на терен и денеска и утре ќе работат на отстранување на дефектот и нормализирање на водосндбувањето. |
There are no translations available. Со натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители започнаа активностите и настаните во рамките на „Неделата на виното“ која се организира во чест на празникот Свети Трифун. На јавниот повик за пријавување за учество на натпреварот, оваа година пристигнаа рекордни 70 мостри на вина и ракии, што значи дека постои зголемен интерес за учество во изборот на најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Од нив, 12 мостри се од бели вина, 28 од црвени вина и 28 мостри од ракија и истите се оценуваат од страна на 6-члена стручна комисија составена од енолози. Оценувачите истакнуваат дека од година во година квалитетот на вината и ракиите е се поголем, меѓу другото благодарението на советите, мислењата и сугестиите што тие им ги даваат, а производителите ги прифаќаат и применуваат во пракса. Во категориите бели и црвени вина и ракии ќе бидат доделени награди за прво, второ и трето место, а истите на добитниците ќе им бидат врачени во четврток за време на централната манифестација по повод Свети Трифун на градскиот плоштад во Неготино. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Next > End >>
|
Page 134 of 314 |