There are no translations available. Присуството на одбележувањето на 25-годишнината од дипломатските односи меѓу Јапонија и Македонија, директорот на ООУ„Гоце Делчев“ Петар Мантев и раководителката на Одделението за локален економски развој при општина Неготино Лолита Ристова го искористија за потпишување на грант одобрен од амбасадата на Јапонија за потребите на неготинското основно училиште. Како што информираше директорот Мантев, станува збор за обезбедени средства во висина од 30.500 евра кои комплетно ќе бидат наменети за поставување парно греење во сите простории во подрачното училиште во Долни Дисан кое делува во склоп на ООУ„Гоце Делчев“. Се очекува средствата да бидат префрлени до крајот на март, а периодот од април до август ќе се искористи за одвивање и завршување на работите во делот на поставувањето на парно греење, што значи дека на почетокот на наредната учебна година во сите простории во подрачното училиште во Д.Дисан ќе функционира новопоставеното парно греење, со што ќе се создаде попријатна атмосфера за одвивање и следење на образовно-воспитниот процес. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
Во понеделник, 25 февруари 2019 година во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” Неготино ќе гостува аматерскиот театар од Крива Паланка со комедијата “Јас повеќе не судам, тие ми пресудија мене”. Одлична можност за уживање на љубителите на театарот од Неготино. Почетокот на претставата е закажан за 19:00 часот, а влезот чини 100 денари. |
There are no translations available.
Во рамки на Програмата ИПА Прекугранична соработка ,,Грција-ФИРОМ 2014-2020” и проектот насловен како ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, со Акроним ЕНПОЛ -ЕЕ, од планираните 3 проектни средби од кои првата се одржа во општина Пелла -Грција27/28.12.2018, во општина Неготино се одржа вториот координативен состанок помеѓу четирите проектни партнери (општина Пелла, општина Неготино, Јавна установа за култура и развој на општина Пелла и Средното општинско училиште,,Св.Кирил и Методиј”) и тоа во деновите четврток (14.02.2019) во СОУ Кирил и Методиј и петок ( 15.02.2019) адекватен простор за тоа со почеток од 11.00 до 13.30 часот. Втората проектна средба опфати:-Официјална средба помеѓу претставниците на проектните партнери и Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, посета на институциите кои се предмет на проект активностите-СОУ Кирил и Методиј и општина Неготино, се одржа презентација на проектот од сите четири проектни партнери и постигнувањата на проектот до одржувањето на втората координативна средба, а се дискутираше и за поставените цели за реализација во наредните 3 месеци. |
Read more...
|
There are no translations available. Во изложбениот салон на Општинската установа Музеј на град Неготино се одржа 15-тата по ред традиционална изложба на резба на членови на Здружението „Стари занаети“ од нашиот град на која беа поставени околу 30 копаничарски дела создадени и изработени во најразлични флорални, геометриски и религиозни мотиви. На изложбата со свои дела се претставија Лилјана Василева, Лазар Стојков, Митко Василев, Ќиро Ристов, Ване Стојков, Ване Ѓорѓиев, Ване Недев, Гоце Петров. Ванчо Давчев, Зоран Ангелов, Снежана Велјанова и Јанко Трајковски. Од страна на локалната самоуправа и Општинската установа Музеј на град Неготино на сите членови-учесници на Здружението „Стари занаети“ од нашиот град им беа доделени благодарници за учеството на оваа традиционална копаничарска изложба. |
Read more...
|
There are no translations available.
Општина Неготино ги информира граѓаните дека поради трагичниот настан кој ја потресе цела држава и кој се случи вечерва кога во тешка сообраќајна несреќа голем број на луѓе ги загубија животите, се откажуваат сите планирани настани и активности по повод „Свети Трифун. Општина Неготино, градоначалникот Тони Делков и Советот на општината до семејствата на загинатите упатуваат сочуство за нивната огромна загуба. |
There are no translations available. Во организација на општина Неготино и Музејот на град Неготино во рамките на „Неделата на виното-Св.Трифун 2019“ во нашиот град се одржа научна конференција на тема „Свети Трифун-обичаи, верувања, ритуали“ на која претставници на научната фела од неколку универзитети од земјава дискутираа на повеќе теми. Настанот го отвори градоначалникот Тони Делков кој истакна дека гостувањето на еминентни професори и учеството на конференцијата е можност преку нивните стручни излагања најдиректно да се долови празнувањето на Свети Трифун, а истовремено тоа да биде придобивка за локалната самоуправа во правец на остварувањето на напорите за унапредување на можностите и перспективите кои ги нуди винскиот туризам за Неготино преку спроведување на препораките и укажувањата каде општина Неготино треба да се насочи во иднина на овој план. На научната конференција „Св.Трифун-обичаи,верувања,ритуали“ стана збор за култот на Св.Трифун во земјава, обичаите поврзани со празникот, обредите како знак на распознавање на локалните заедници, но и Св. Трифун во правец на развој на винските рути и винскиот туризам во нашата држава. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Next > End >>
|
Page 133 of 314 |