There are no translations available. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, дел од администацијата во локалната самоуправа и членови на Советот на општината во рамките на предвидената работна агенда денеска остварија посета на населбата Тимјаник. Претставниците на локалната власт остварија средби со граѓаните на Тимјаник на кои, меѓу другото се разговараше во врска со трасата за изградба на колекторот од Тимјаник до Неготино чии градежни работи се очекува да започнат по завршувањето на тендерската постапка која се спроведува во месеците април-мај, а стана збор и за други прашања од делокругот на работата на градоначалникот, локалната самоуправа и општинскиот Совет. Работната средба на Тимјаник беше искористена заинтересираните граѓани да се информираат за тековните активности на општина Неготино, како и за проектите кои се планирани за реализација во периодот што следува. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
Денес, градоначалникот Делков дел од општинската администрација и дел од членовите на Советот извршија посета на две локации во градот. Влез 1 Неготино кај СРЦ „Младост“ и влез 2 од Кавадарци кон Неготино. На овие два влеза наскоро започнуваат активности за реконструкција на жардинерии и поставување на нова урбана опрема. Со присутните граѓани се разговараше и за тековните активности на општината и проектите кои во иднина ќе се реализираат. |
Read more...
|
There are no translations available.
До сите припадници на ромската заедница од мое лично име, како градоначалник и од име на општина Неготино упатувам искрени и срдечни честитки по повод денешниот празник 8 април кој се слави како Меѓународен ден на Ромите од далечната 1971 година. Ја користам приликата да ги истакнам своите залагања за поголема инклузија на Ромите во општеството и остварување на нивните права како рамноправни граѓани во општината и државата. Општина Неготино и јас како градоначалник сме секогаш отворени за соработка и давање поддршка на ромската заедница за надминување на сите проблеми со кои се соочуваат. Нека е многу години 8 април-Меѓународниот ден на Ромите. |
There are no translations available. Општина Неготино во координација и соработка со Јавното претпријатие за државни патишта започна со реализација на проект за санација, т.е. тампонирање на локалниот пат Неготино-Криволак кој е во должина од 4 километри. Целта на овој зафат е создавање услови за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. |
Read more...
|
There are no translations available. Во изминатиот период беа реализирани повеќе активности со цел за подобрување на условите за престој на дечињата кои престојуваат во групи во други просторни услови. Имено, во населените места Криволак, Пепелиште и Тремник каде што има деца во други просторни услови при ЈУОДГ „Фемо Кулаков“ успешно се завршени повеќе градежно-занаетчиски работи за адаптација на просториите, а во наредниот период планирано е да биде монтирана и ставена во функција набавената кујнска опрема и клима уредите. Со оваа активност се подобруваат условите за престој на дечињата и се создаваат услови за целодневен престој на дечињата. |
Read more...
|
There are no translations available.
Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 30-ти овој месец (април) на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување. |
|
|
|
<< Start < Prev 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Next > End >>
|
Page 128 of 314 |