There are no translations available.
Врз основа на чл. 2 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и петтата редовна седница на Советот на општина Неготино. Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 30.04.2019 година (вторник ) во 12,00 часот. За седницата го предлагам следниот Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација 2. Предлог – - Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација (Трафостаница) 3. Предлог- Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2019 година 4. Предлог- Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2019 година 5. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2019 година 6. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2019 година 7. Предлог- Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2019 година 8. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во 2018 година 9. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештајот за спроведување на Програмата за развој на Вардарскиот плански регион за 2018 година 10. Предлог- Решение за давање на согласност на Пречистен текст од Статутот на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино 11. Предлог- Одлука за отпочнување на активности за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Неготино од сите ризици и опасности 12. Предлог- Решение за формирање на општинскиот штаб за заштита и спасување 13. Предлог- Одлука за формирање просторни универзални единици во општина Неготино 14. Предлог- Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот јануари – март 2019 година.
|
|
There are no translations available. Општина Неготино во моментов спроведува активност за чистење на улични канали за одводнување на атмосферски води во населено место Тремник. Со овие активности предвидено е да се опфатат каналите од сите улици во ова населено место со вкупна должина од 2500 метри, а со самото тоа да се елиминираат можностите од излевање на водите при евентуални обилни врнежи од дожд и нанасување штети на месното население и нивниот имот. |
Read more...
|
There are no translations available. Заедно со стручните лица од општинската администрација,градоначалникот на општина Неготино Тони Делков денеска изврши увид во работите кои се однесуваат на санирањето, односно тампонирањето на локалниот пат Пепелиште-Криволак кој во овој период е доста експлоатиран поради привременото затворање на сообраќајот по Пепелишкиот мост на кој веќе извесен период се изведуваат градежни работи. Според зборовите на градоначалникот Делков, проектот за тампонирање на 3,5 километри од патот Пепелиште-Криволак се спроведува во координација и соработка со Јавното претпријатие за државни патишта со поставување на гребен асфалт и со обезбедена механизација од страна на општина Неготино. Работите се одвиваат во континуитет и во зависност од количините гребен асфалт кои се на располагање, а ќе траат се до целосното тампонирање на овој патен правец. Целта е да се обезбедат соодветни услови за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците |
Read more...
|
There are no translations available. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, стручни лица од општинската администрација и директорката на локалното комунално претпријатие Марина Бојаџиева денеска извршија увид во уште едни активности кои тековно се одвиваат во овој период. Имено, беа посетени и на лице место се следеа градежните работи на улиците „Браќа Миладинови“ и „8-ми Ноември“ на кои се вршат работи за поставување на атмосферска канализација. Посетата беше искористена да се поразговара со жителите кои што живеат на споменатите улици, како тие би биле најизворно информирани за тековните активности околу изградбата на канализацијата која е веќе во финална фаза. |
Read more...
|
There are no translations available. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, директорката на детската градинка "Фемо Кулаков" Јана Коцева, директорот на ООУ "Гоце Делчев"Петар Мантев, вработените во оваа група и дел од општинската администрација, остварија средба со родители во новоадаптираните просторни услови од училиштето во с.Тремник каде што наскоро се планира децата од предучилишна возраст да бидат вклучени во целодневен престој. Во изминатиот период општината со сретства од буџетот ја изврши просторната адаптација (занимална и мини кујна со посебен влез) и ги обезбеди потребните апарти и садови за да може да се излезе во пресрет на оваа потреба. Наскоро се очекува ресорното Министерство за труд и социјална политика да изврши увид, по што ќе отпочне и функционирање на групата согласно барањата и потребите. Присутните на средбата беа информирани дека покрај оваа инвестиција за с.Тремник обезбедени се и дополнителни 13.000,000 денари за реконструкција на улица од влезот во селото во должина од 1000 метри.Овие сретства се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Next > End >>
|
Page 126 of 314 |