There are no translations available.
Врз основа на чл. 2 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и петтата редовна седница на Советот на општина Неготино. Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 20.05.2019 година (понеделник ) во 13,00 часот. За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог- Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино 2. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на оптина Неготино за 2019 година 3. Предлог- Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за периодот 2019-2020 4. Предлог- Одлука за донесување на УПВНМ за изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад на КП бр. 23/2, 24, 25/3, 25/4, 54/2, 55/2, 56, 57/2, 2173/2 и 2173/4 , КО Пепелиште, м.в. Шобово 5. Информација – Конечен извештај за извршена ревизија над материјалното и финансиското работење на општина Неготино (Конечен извештај за извршената ревизија на усогласеност за 2017 година- Сметка на основен буџет 630; Сметка на основен буџет 637; Сметка на приходи на буџет дотации 930; Сметка на расходи на буџет на дотации 937) 6. Предлог – Решение за разрешување на член на УО на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино 7. Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на УО на ЈКП КОМУНАЛЕЦ Неготино 8. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош 9. Предлог- Решение за деделување на финансиски средства |