There are no translations available.
О П Ш Т И Н А Н Е Г О Т И Н О Градоначалникот на општина Неготино врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ“ бр.05/2002) и согласно Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2019 година бр.08-611/7 од 26.12.2018 година („Службен гласник на општина Неготино“ бр.17/2018) објавува ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2019 за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2019 година
1.Опис на јавниот повик 1.1.Општина Неготино, со цел да ги стимулира жителите на Неготино за користење на велосипеди а согласно тоа и намалување на бројот на возила кои ќе се движат низ градот, на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на Јавниот повик заклучно со 20.06.2019 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед, односно адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност. 1.2. Средствата што Општина Неготино ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 50.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. 1.3. Средствата што се превидени во Програмата бр.08-611/7 од 26.12.2018 година се во вкупен износ од 300.000,00 денари и нивната исплата ќе биде на товар на Буџетот на општина Неготино од програма L00. 1.4.Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“. 2.Право на учество на Јавниот повик Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Неготино кои ќе купат велосипед од денот на објавување на Јавниот повик се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 20.06.2019 година, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.
3.Услови што треба да ги исполни барателот Барателот треба да ги исполни следниве услови: - да е жител на општина Неготино, - велосипедот да го купи од денот на објавување до денот на завршување на Јавниот повик (до 20.06.2019 година), - да спаѓа во категорија на лица со потешки моторни пречки во движењето (за баратели кои аплицираат за адаптиран велосипед). 4.Начин на пријавување на Јавниот повик
4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до општина Неготино треба да достави: - барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на општина Неготино), - доказ за жителство во општина Неготино, со доставување копија на важечка лична карта на барателот, односно родител/старател на малолетно лице со телесна инвалидност, - фотокопија од трансакциска сметка на барателот, - доказ дека е извршено купување на велосипед, и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Јавниот повик, - потврда дека велосипедот е адаптиран за потребите на барателот - лице со телесна инвалидност, со спецификација за видот на извршената адаптација, - решение за видот и степенот на телесна инвалидност издадено од надлежен орган. Документи од алинеја 6 и 7 прилагаат барателите кои аплицираат за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на адаптиран велосипед. 4.2. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед. 4.3.Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на велосипед, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на општина Неготино, ул.„Ацо Аџи Илов“ бр.2, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. 4.4.На пликот треба да е наведено “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед - Комисија за спроведување на јавниот повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипед или адаптиран велосипед“ 4.5. Архивата на општина Неготино примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата. 5.Начин на спроведување на Јавниот повик
5.1.За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира комисија и тоа: ∙ Комисија за спроведување на јавниот повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипед или адаптиран велосипед. 5.2.Општина Неготино, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 20.06.2019 година. 5.3.Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена. 5.4.Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, општина Неготино ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна. 5.5 Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за исплата на средствата.
6. Начин на остварување на правото на надоместок 6.1.Градоначалникот на општина Неготино на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето и исплата на средства за барателите кои ги исполниле критериумите согласно Јавниот повик. 6.2.Градоначалникот на општина Неготино на предлог на Комисијата ќе донесе решение за одбивање на барањето доколку барателот нема уредна и комплетна документација односно не ги исполнува условите дефинирани согласно Јавниот повик.
Барање за субвенции за велосипед И з ј а в а |