There are no translations available.
На 9 јуни (недела) на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи голем музички хепенинг под наслов “NEGOTINO OFF FESTIVAL 2019” на кој учество ќе земат познати музички артисти од земјава и регионот. Настанот е во организација на ивент агенцијата “Ентфинити”, а ко-организатор и покровител на истата е Општина Неготино. Овој настан ќе биде организиран по повод завршувањето на учебната година и се планира истиот во иднина да стане традиционален. Дел од богатата програма на “NEGOTINO OFF FESTIVAL 2019” ќе бидат најпознатите јутубери во земјава – Steffonator и GP, моментално најактуелното музичко дуо “2 Бона” заедно со Таско и специјалниот гостин на вечерта, големата балканска музичка ѕвезда - Саша Ковачевиќ. Подржувачи на овој музички спектакл кој за првпат ќе се случува во нашиот град ќе бидат и голем број на спонзори, кои ќе бидат објавени дополнително. |
|
There are no translations available.
Од Јавното претпријатие „Комуналец“-Неготино ги информираат граѓаните-потрошувачи дека поради настанат дефект и интервенција од страна на надлежните, денеска (среда 29.05) ќе биде во прекин снабдувањето со вода за полевање на дворните површини. Прекинот е поради настанат дефект на главниот канал од мрежата од Кавадарци кон Неготино, а на отстранувањето на истиот работат екипи на ЈП„Водостопанство Тиквеш“ од Кавадарци. По завршувањето на санацијата на дефектот, ќе се нормализира и снабдувањето со вода за наводнување на дворните површини. |
There are no translations available.
Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта "Македонија пат"ги информираат граѓаните на општина Неготино дека од 29.05.2019 (среда) во наредните седум работни денови ќе се изведуват градежно- асфалтерски активности на Регионалниот патен правец Р2137 на делот помеѓу млекара Дуброво до село Војшанци. За време на изведување то на асфалтерските работи, во целос ќе биде во прекин сообраќајот од 10 до 16часот. Од „Македонија пат“ додаваат дека како алтернатива ке се користи патниот правец Демир Капија-Корешница. На самото место на изведување на работите е поставена содветна сигнализација за работа на пат. |
There are no translations available.
Во рекордно краток временски период, односно во период од само 4 работни денови, исполнета е квотата по Јавниот повик од страна на општина Неготино за надоместување на дел од трошоците на граѓаните од нашата општина за купување велосипеди во 2019 година.Имено, по принципот „прв дојден,прв услужен“,општина Неготино објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните од подрачјето на неготинска општина за купување велосипеди. Средствата што општината ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 денари по лице со вклучен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 50.000 денари по лице.Иако првично беше планирано Јавниот повик да трае заклучно со 20-ти јуни, поради брзото исполнување на квотата, барања повеќе нема да се примаат. Средствата во висина од 300.000 денари предвидени за исплата се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнувањето на предвидениот буџет за оваа намена. Имајќи предвид дека квотата е исполнета и планираните финансиски средства се исцрпени,општина Неготино ги информира граѓаните дека Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за купување велосипеди е завршен. |
There are no translations available.
Со цел за поддршка и унапредување на спортот и спортските активности во општината, Советот на општина Неготино на одржаната редовна седница на 20 маj (понеделник) врз основа на претходно донесениот Правилник за постапката и критериуми за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, ги додели средствата за поддршка на спортските клубови/сојузи од општината за 2019 година. Планираните средства во Буџетот на општината во вкупна висина од 1.500.000 денари, беа распределени на 15-те пријавени спортски клубови од Општина Неготино, врз основа на соодветните критериуми содржани во Правилникот. На овој начин, спортските клубови/сојузи од Општина Неготино добија можност за непречена работа, преку соодветна распределба на предвидените средства во буџетот на општината за 2019 година.
|
There are no translations available.
Неготинското село Курија денеска беше домаќин на манифестацијата од републички карактер "Етно вешта жена 2019", настан кој имаше и хуманитарен карактер. Имено над 1.000 учеснички од 20 градови од нашата држава имаа можност да се претстават со специјалитети од храна изложени на штандовите, претставувајќи ја на тој начин традиционалната македонска кујна. Сите изложени специјалитети од храна се продаваа и секој од многубројните присутни учеснички и заинтересирани граѓани кои го следеа настанот имаа можност да купат од истите, а сите собрани финансиски средства се наменети за потребите на локалната црква "Свети Ѓорѓи" во Курија. Настанот помина во ведра и релаксирана атмосфера преку неколку часовно заедничко другарување, а организаторите изразија благодарност до општина Неготино за гостопримливост и поддршката за одржувањето на оваа манифестација. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Next > End >>
|
Page 122 of 314 |