Општина Неготино
Училишни рачиња и прибор за 27 првачиња од 3 подрачни училишта PDF Print
There are no translations available.

   Претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов и директорот на ООУ,, Гоце Делчев" Петар Мантев беа во работна посета на 3 подрачни училишта кои делуваат во склоп на централното, при што на сите првачиња им го честитаа тргнувањето на училиште посакувајќи им успешен почеток на новата учебна година.  Посетата на подрачните училишта во Д.Дисан, Тимјаник и Тремник Витанов и Мантев ја искористија на вкупно 27 првачиња да им подарат училишни ранчиња и училишен прибор кои се обезбедени со средства од Буџетот на општина Неготино.
Read more...
 
Неготинските училишта и градинката подготвени ја дочекуваат новата учебна година PDF Print
There are no translations available.

   Во двете општински основни училишта и подрачните кои делуваат во нивен склоп, во средното училиште и во детската градинка во Неготино летниот распуст беше искористен за преземање на голем број активности за создавање подобри услови за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес.
Во ООУ,,Гоце Делчев,, обезбедени се нови клупи и столчиња за шесте училници кои се лоцирани на првиот спрат,т.е. 72 клупи и 144 столчиња, поставени се нови 12 лед телевизори и 4 смарт ел.табли, рекоснтруирана е малата спортска сала, извршена е промена на старите врати и прозорци со поставување на нови алуминиумски профили и 4 сезонско стакло, со што ќе дојде до зголемување на енргетската ефикасност во училиштето. Исто така, поставена е нова натстрешница на влезот наменет за учениците, изградена е пешачка патека и нови скали со бекатон коцки за потребите на учениците, извршено е проширување на постоечкиот паркинг простор со обезбедување нови места за паркирање, а финишираат и работите за поставување нови скали за полесен пристап до училниците за првачињата. Проектни активности се спроведени и во подрачните училишта кои делуваат во склоп на централното. Па така, во училиштето во Д.Дисан извршено е партерно уредување на дворот и поставени се нови скали на влезот, санирана е оградата околу целиот објект, за пав пат од постоењето на училиштето во сите простории поставено е парно греење на пелети, а извршено и комплетно обелување на училиштето.
Во ПУ во Тремник извршено е преградување на една училница со што се создадени услови две паралелки истовремено да ја следат наставата, во ПУ во Курија изградени се нови влезни скали во училиштето, а во ПУ во Тимјаник извршено е оградување на спортскиот терен.
И во ООУ,,Страшо Пинџур“ летниот период се искористи за спроведување на повеќе активности. Во самото централно училиште преземени се сите неопходни активности за подготвено да се дочека новата учебна година, а во новиот дел од училиштето обвновени се просториите во ходникот.
Во ПУ во Црвени Брегови извршено е оградување на просторот околу училиштето, срушена е старата зграда и создаден е простор за складирање на огревот, а создадени се и услови за комплетно уредување на училишниот двор. Во ПУ во Пепелиште извршени се подготовките за менување на стариот котел на дрва со негова замена со нов на нафта, оградено е спортското игралиште и поставени се трибини, како и осветлување на целиот простор. Во ПУ во Криволак се изврши комплетно фарбање на оградата околу училиштето која доби нов и посвеж лик, а преземени се и други тековни активности вообичаени пред почетокот на учебната година.
 Во СОУ,,Св.Кирил и Методиј“ и покрај тековната промена на старите и дотраени прозорци со нови за подобра енергетска ефикасност преку проектот ,,Енпол“, како и реализирањето на други активности од овој проект, подготвено се дочекува стартот на новата учебна година за што се преземени сите неопходни и потребни активности. Наставата ќе се изведува нормално во 2 смени со оформени 40 паралелки во три образовни струки-гимназиско образование, електротехничка и хемиско-технолошка струка.
Во ЈУОДГ ,,Фемо Кулаков“ активностите беа насочени во согласност со поставените стратешки цели за развој на установата и според проценетите актуелни состојби. Летниот период се продолжи со реновирање на објектот Пролет со реализирање на повеќе активности. Извршена е замена на стариот со поставување нов ламинат во една занимална, обелени се 6 занимални и ходници, заменети се старите со нови врати во занималните и купатилата, а извршено е и обновување и реновирање на патеките на влезовите со бекатон плочки, како и реновирање и санација на терасите во јаслениот дел. Набавени се нови шкафови за креветчиња во сите 9 занимални во објектот Пролет, набавка на креветчиња за јаслена возраст и Рекс креветчиња за децата на возраст од 2 до 6 години. Во фаза на поправка е надворешната лулашка во објектот Мајски цвет, оплеменување на просторот околу истата и набавка на реквизити за поставување во дворот на градинката за сите возрасни групи и во двата објекта, како и во групите во други просторни услови во Криволак, Пепелиште и Тремник. Заради зголемениот обем на работа, следува и набавка на електрични апарати за потребите во кујната.
Read more...
 
Екипата на “Рекет” од Кавадарци најдобра на “Streetball 2019” PDF Print
There are no translations available.

   Синоќа (29.08.) на градскиот плоштад во Неготино заврши 12-тото по ред издание на турнирот во улична кошарка “Streetball” кое оваа година изобилуваше со квалитетна кошарка и неизвесни натпревари. Во финалниот напревар се сретнаа двете најдобри екипи, односно екипите на “Рекет” од Кавадарци и “Дружината на Вацко” од Кочани, кои во исклучително интересен и возбудлив натпревар прикажаа одлична кошарка и ги задоволија вкусовите на многубројните гледачи.
Победник на 12 – тото издание на овој спортски настан е екипата на “Рекет” од Кавадарци, второтo место го освои екипата на “Дружината на Вацко” од Кочани, а третотo место и припадна на домашната екипа “Мерцедес”.
Read more...
 
Седница на Совет на општина Неготино 30.08.2019 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    дваесет и деветтата      редовна седница на Советот на општина Неготино. 
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 30.08.2019 година   (петок ) во  12,00 часот.
За седницата го предлагам следниот 


Д Н Е В Е Н   Р Е Д 

1. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2019 година 
2. Предлог-  Одлука за давање согласност на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици  
3. Предлог- Одлука за давање согласност на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици  
4. Предлог- Одлука за давање согласност на СОУ ,,Св. Кирил и Методиј,, Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици  
5. Предлог –  Одлука за давање согласност на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино за формирање на групи со поголем број на деца   
6. Предлог- Одлука за одобрување на Договор за заем број: 8902-МК, Договор за грант број : МК/ССИП 2.1.1.2 за Проект  за подобрување на социјални услуги 
7. Предлог- Одлука за ослободување од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште на КП бр. 8539, КП бр. 8665/2 и КП бр. 9059/1 КО Неготино 
8. Предлог- Одлука за оттуѓување на движни ствари сопственост на општина Неготино    
9. Предлог – Одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на општина Неготино  
10. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот  извештај  за работа на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино за учебната 2018-2019 година
11. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино за учебната  2019-2020 година
12. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино за учебната 2018-2019 година
13. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино за учебната 2019-2020 година
14. Предлог- Заклучок за усвојување на Извештајот за финансовото работење на ЈП Комуналец Неготино за периодот 01.01.2019- 30.06.2019 година  
15. Предлог- Решение за давање согласност на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино на Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУДГ,,Фемо Кулаков,, Неготино и Пречистен текст од Статутот на ЈОУДГ,,Фемо Кулаков,, Неготино 
16. Предлог- Решение за давање на согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино 
17. Предлог- Решение за давање на согласност на Годишниот план за вработувањее за 2020 година на општина Неготино 
18. Предлог – Решение за давање на согласност на Правилникот за составот и начинот на работа на Комисијата за прием на деца и утврдување на критериумите за прием на деца во ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино 
19. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино 
20. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
21. Предлог- Решение за доделување на финансиски средства 

 
Поради дислокација на водоводот, ќе има прекини во водоснабдувањето PDF Print
There are no translations available.

   Од ЈП Комуналец ги информираат граѓаните на општина Неготино дека поради дефект на потисниот цевковод, а воедно и вршење негова дислокација, во наредниот период, а почнувајќи од 26.08.2019 година ќе има прекини во водоснабдувањето за граѓаните на Неготино, Криволак, Тимјаник и армискиот полигон Криволак. Прекините ќе бидат во зависност и според динамиката на работите кои ќе се изведуваат на Пепелишкиот мост, а од Комуналец апелираат до граѓаните за разбирање за новонастанатата ситуација и на рационално трошење на водата за пиење
 
О Г Л А С За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 67 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и Одлуката бр.09-413/1 од 20.08.2019 година донесена од Градоначалникот на општина Неготино, Комисијата за спроведување на јавно наддавање го објавува следниот

                                                   О   Г   Л   А   С
За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди


1.    Се дава на времено користење на недвижност во сопственост на општина Неготино за поставување на реквизити за забава на локација во СРЦ „МЛАДОСТ“(асфалтни терени) по пат на јавно наддавање со вкупна површина од 2.900 м.кв. за период од 05.09.2019 до 25.09.2019 година.
2.    Почетната цена со која ќе почне наддавањето изнесува 12.600,оо денари од ден за вкупната површина.Во цената не се вклучени потрошената електрична енергија и надоместокот за потрошена вода и комунални услуги. За целокупниот горенаведен период, најповолниот понудувач е должен да плати надоместок за електрична енергија, вода и комунални услуги во износ од 30.000,оо денари.
3.    Заинтересираните понудувачи се должни да достават образец ДРД, тековна состојба од Централниот регистар и доказ за располагање со реквизити за забава, како и да уплатат по 15.000,оо денари депозит за учество на јавното  наддавање на депозитна сметка на општина Неготино со бр.748014059269616 приходна шифра 733111 програма 00.  Заинтересираните понудувачи своите понуди заедно со горенаведените документи се должни да ги достават во затворени коверти најкасно до 26.08.2019 година до 13 часот на адреса „Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“2 Неготино.
4.    На понудувачите кои нема да поднесат најповолна понуда ќе им биде вратен депозитот од 15.000,оо денари.


                                Општина Неготино
                            Комисија за јавно наддавање
 
<< Start < Prev 111 112 113 114 115 116 117 118 119 120 Next > End >>

Page 112 of 314