There are no translations available. Во рамките на спроведувањето на годишната програма за работа, општина Неготино започна со реализацијата на проект за партерно уредување и поставување жардинерии на влезот во нашиот град на булеварот „Маршал Тито“. Со овие градежни активности целта е овој дел на Неготино да добие сосема нов и современ лик, како и да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот на овој потег. Се замолуваат сите моторизирани граѓани додека трае изведбата на рабпотите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и утврдениот времен режим на сообраќај. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
Врз основа на чл. 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува триесет и прватта редовна седница на Советот на општина Неготино. Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 30.10.2019 година (среда) во 14 ,30 часот. За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ЈП Комуналец Неготино 2. Предлог- Одлука за издавање гаранција за задолжување на ЈП Комуналец за кредитно долгорочно задолжување пред деловна банка за финансирање на проект ,, Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина- набавка на возило систем CHANNEL – JET за отпушување на канализациони системи и јамиза ,, 3. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ЈОУДГ ,, Фемо Кулаков,, Неготино за учебната 2018-2019 година 4. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУДГ ,, Фемо Кулаков,, Неготино за учебната 2019-2020 година 5. Предлог- Одлука за формирање на Локален совет за превенција на општина Неготино 6. Предлог- Одлука за давање согласност на Договор за соработка за организација на настани по повод 8 ми Ноември , помеѓу општина Неготино и Здружението за унапредување на спортски и културни манифестации СПО- КУЛ Неготино 7. Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација 8. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2019 година 9. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2019 година 10. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за активности на општина Неготино во областа на образованието за 2019 година 11. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за активности на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2019 година 12. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2019 година 13. Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на општина Неготино за 2019 година ( ребаланс)
|
There are no translations available.
Почитувани, Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC CCI 2014 TC 16 15CB 009”, во периодот од 2014 – 2020 година, Општина Неготинo го организира Вториот Инфо Ден кој ја обработува темата „Важноста на енергетската ефикасност во заштита на животната средина”. Проектната задача одговара на едно основно прашање, а тоа е: Како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетската политика во нивните територии, во една заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигање на свеста на локалното население во врска со мерки на енергетска ефикасност? Инфо денот е само дел од многубројните активности кои ќе се одржат како дел од овој проект. Со таа цел Ве покануваме да присуствувате на Вториот Инфо Ден на тема „Важноста енергетската ефикасност во заштита на животната средина”, кој ќе се одржи на 30.10.2019 (Среда) во Општина Неготино, со почеток од 09:45 часот. Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним„ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино,Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција . Во прилог на поканата можете да ја погледнете и агендата. |
There are no translations available.
Во селото Тремник во тек се градежни активности за изградба на нова крак на постоечката фекална мрежа во ова населено место во вкупна должина од 400 метри. Со изградбата на новиот крак, се создаваат услови месното население кое живее на тој потег да биде приклучено на фекалната мрежа. |
Read more...
|
There are no translations available.
ПОКАНА ЗА ПОНУДА-РАБОТИ 05-561 Реф. CN1 - SO2.3 - SC031 no.7 05-561/2
Проект,,wa-mbrella,, Согласно Одлуката од градоначалникот на општина Неготино бр.05-561/1 од 25.10.2019 општина Неготино спроведе дополнително истражување на пазарот за потреба од набавка РАБОТИ за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем во Неготино за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за за проектот ,,wa-mbrella”,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” или“Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint” со Aкроним ,,wa-mbrella” согласно Договорот за грант број wa-mbrella - CN1 - SO2.3 - SC031 од 02.04.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The North Republic of Macedonia”,.По спроведеното дополнително истражување на пазарот, општина Неготино достави покани до 3 компании. Покрај тоа од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2019-Simplified procedure ) .
Истата е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 28.10.2019 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена електронски или по пошта поставена на ЦД.
Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 27.11.2019(среда ) до 16.00 часот согласно инструкциите во тендерската документација.Отварањето на понудите е планирано за 04.12.2019 (среда) во 10.00 часот во просториите на општина Неготино.
Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/
Контакт Општина Неготино 043-361-045 |
Read more...
|
There are no translations available.
Општина Неготино започна со реализација на активност за санирање на проблем со кој долги години се соочуваат дел од жителите на улицата „Киро Крстев“. Имено, станува збор за санација која вклучува реконструкција на фекалната и атмосферската канализација и водоводната мрежа. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Next > End >>
|
Page 105 of 314 |