Општина Неготино
Поголема вклученост на жените во креирањето на локалните планови и програми PDF Print
There are no translations available.

    Општина Неготино во рамките на Проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост,функционалните механизми и динамичното граѓанско општество”кој се спроведува со Организацијата на жени на општина Свети Николе и Фондацијата “Жена за жена” од Шведска организираше настан за вклучување на жените во креирањето на локалните планови и програми, како и согледување на нивните потреби и проблеми со кои секојдневно се соочуваат.Овој настан опфаќаше состанок со фокус група од 10 жени од локалната заедница кој го водеше модератор со искуство во ваков тип на активност и Информативна сесија на која зедоа учество Центар за вработување Неготино со презентација на активните мерки за вработување, како и центар за социјална работа Неготино со презентација на правата од социјална помош.
На овој настан жените од фокус групата беа директно запознати со Програмата за социјална заштита на општина Неготино и беа вклучени вклучени во детектирање на состојбите во кои се наоѓаат како и согледување на проблеми и предизвици со кои се соочуваат во делот на социјална заштита.
 
Read more...
 
Се одржа 35-иот општински противпожарен квиз натпревар PDF Print
There are no translations available.

    Деновиве во просториите на ООУ„Гоце Делчев“ во нашиот град се одржа 35-иот по ред општински противпожарен квиз натпревар на кој учество зедоа ученици од сите основни училишта од Неготино, од ООУ„Димката АНгелов Габерот“ од Д.Капија, како и 2 екипи од СОУ„Кирил и Методиј“. Учесниците на квиз натпреварот одговараа на прашања од областа на противпожарната заштита, а нивните одговори ги оценуваше 3-члено жири во состав Иле Илиев, Петко Ристевски и Александар Гарванлиев. Првото место на општинскиот квиз натпревар го освоија учениците од подрачното училиште „Браќа Миладинови“ од Д.Дисан, второпласирана беше екипата на ООУ„Страшо Пинџур“, додека третото место им припадна на учениците од ООУ„Димката Ангелов Габерот“ од Д.Капија. Најуспешните ученици-натпреварувачи добија пригодни награди и признанија кои им ги врачи секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ.

 

Read more...
 
Општина Неготино со добро ниво на транспарентност и отчетност PDF Print
There are no translations available.

   Ова е заклучок од истражувањето и мониторингот спроведени од страна на НВО„Инфо центар“ во рамките нс спроведувањето на проектот поддржан од Шведската Влада за развој на граѓанското општество и соработката со локалната самоуправа. Како што истакна Билјана Бејкова од невладината организација која го реализираше проектот, општина Неготино има добро ниво на транспарентност и отчетност со реални можности за нивно унапредување преку разни начини на подобрување на транспарентноста и вклучување на граѓаните во креирањето на локалните политики. Во извештајот беше нотирано дека општина Неготино е отворена за соработка со граѓаните и граѓанските организација, а една од формите за директен контакт со населението е реактивирање на месните заедници со цел за поблиска соработка со градоначалникот и локалната самоуправа. Во своето излагање градоначалникот на општина Неготино Тони Делков истакна дека редовно се одржуваат средби со граѓаните и дел од нивните предлози се вметнуваат во Програмите за работа на општина Неготино, граѓаните на веб-страницата во електронска форма можат да пријавуваат проблеми и секој раководител е должен да одговори, се прават напори населението поблиску да биде запознаено со ингеренциите на градоначалникот и локалната самоуправа, односно дека се работи и мора да се работи за уште подобро информирање на населението од нашата општина. Во таа насока, градоначалникот Делков најави дека во наредниот период ќе биде редизајнирана општинската веб страница.
 
Read more...
 
Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за изведување на Проектот: Депонија за инертен и индустриски неопасен отпад во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот „П & П Индустрис” ДОО Скопје ja достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за изведување на Проектот: Депонија за инертен и индустриски неопасен отпад во општина Неготино.

Јавнатa расправa по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за изведување на Проектот: Депонија за инертен и индустриски неопасен отпад во општина Неготино ќе се одржи на 26 ноември 2019 година  (вторник), во Големата Сала на општина Неготино со почеток во 12.00 часот

Контакт лица:
Инвеститор: Друштво за производство, инженеринг и трговија П & П Индустрис ДОО Скопје Гиусеппе Цесура бул. „1737“ бр. 24/11 Скопје;  тел: + 389 78387656 е-маил:  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  


Министерство за животна средина и просторно планирање Билјана Петкоска – Раководител на Сектор за животна средина     
Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје, тел:02 3 251-410; е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it


Дејана Тодоровска – Раководител на одделение во Сектор за животна средина
Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје, тел: 02 3 251-410 е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Прилог : СТУДИЈА ЗА ОВЖС ОД ИЗГРАДБА НА ДЕПОНИЈА ЗА ИНЕРТЕН И ИНДУСТРИСКИ НЕОПАСЕН ОТПАД ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО

             НЕ-ТЕХНИЧКО РЕЗИМЕ

 

 

 
Се одржа третиот координативен состанок помеѓу партнерите од проектот „ЕНПОЛ-ЕЕ“ PDF Print
There are no translations available.

   Во рамки на Програмата ИПА Прекугранична соработка ,,Грција-РСМакедонија 2014-2020” и проектот насловен како ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, со Акроним ЕНПОЛ -ЕЕ, од планираните 3 проектни средби од кои првата се одржа во општина Пелла -Грција27/28.12.2018, втората и третата координативна средба се одржаа во  општина Неготино.  Третиот координативен состанок се одржа помеѓу четирите проектни партнери (општина Пелла, општина Неготино, Јавна установа за култура и развој на општина Пелла и Средното општинско училиште,,Св.Кирил и Методиј”) и тоа во деновите среда(13.11.2019) во СОУ Кирил и Методиј и четврток (14.11.2019) во општина Неготино од 11.00 до 15.30 часот. Третата проектна средба опфати:-Официјална средба помеѓу претставниците на проектните партнери и претставници од Заедничкиот Секретарјат, Р.Грција, посета на институциите  кои се предмет на проект активностите-СОУ Кирил и Методиј и општина Неготино, се одржа презентација на проектот од сите четири проектни партнери и постигнувањата на проектот до одржувањето на третата координативна средба, а се дискутираше и за поставените цели и активности  за реализација до завршување на проектот..
 
Read more...
 
Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката за животна средина ENPOL-EE PDF Print
There are no translations available.

Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката за животна средина ENPOL-EE

                              Општина Неготино, 13 ноември -14 ноември  2019
 
<< Start < Prev 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Next > End >>

Page 101 of 314