There are no translations available. Во рамките на програмата за одбележување на „Св.Трифун“ во преполната сала на општина Неготино се одржа информативен настан за аплицирање за користење на средства од ИПАРД 2 во организација на општина Неготино и Подрачната единица на Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделието од Неготино. Пред заинтересираните земјоделци беа презентирани содржини на 2 теми-поддршка на млади земјоделци мерка 113 преку Програмата за рурален развој и ИПАРД 2 мерка инвестиции во основни средства за земјоделско стопанство. Предавачи беа Ѓоко Данаилов и Александар Стојанов од подрачната единица на АПРЗ-Неготино, а паралелно беше поставена и изложба на стручна литература од земјоделскиот сектор во организација на градската библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино. |
Read more...
|
|
There are no translations available. 8-члената комисија составена од стручни лица-енолози по извршената дегустација на 8о-те мостри на вина и ракии произведени од индивидуални производители ги прогласи најдобрите во трите категории-бели вина, црвени вина и ракии. Наградите на најуспешните градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе им ги врачи на централната свеченост која ќе се одржи на градскиот плоштад на 14.02. петок со почеток од 12,00 часот. Недела на вино 2020 БЕЛИ вина Недела на вино 2020 ЦРНИ вина Недела на вино 2020 РАКИИ |
There are no translations available. Одбележувањето на „Неделата на виното-Св.Трифун 2020г.“ традиционално како и секоја, така и оваа година, започна со натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и секретарот Ивица Златковиќ не го криеја задоволство од рекордните, во последните 15 години, 80 пристигнати мостри од вина и ракии произведени во домашни услови, од кои 15 мостри во категоријата бели вина, 34 црвени вина и 31 мостри ракија. Поради големиот број на пристигнати мостри оценувањето на истите го вршат 2 формирани комисии, една за вина и една за ракии, составени од 8 енолози чиј претседател е Игне Тасев. Стручните лица-енолози се едногласни дека од година во година значително се подбрува квалитетот на пристигнатите мостри вина и ракии, што пак значи дека е подобрен и начинот на производство на истите. Придонес имаат и самите енолози кои по завршувањето на дегустацијата секоја година одржуваат советодавен настан со производителите и им ги пренесуваат забелешките и сугестиите, кои потоа тие ги применуваат при производството на истите. Таков настан ќе се одржи и утре ( четврток 13.02 ) со почеток од 15,30 часот во салата на општина Неготино на кој можат да присуствуваат сите заинтересирани производители |
Read more...
|
There are no translations available. Општина Неготино и оваа година по повод одбележувањето на празникот „Св.Трифун“ подготви богата програма со активности кои ќе му дадат белег на празникот на винарите и лозарите. Активностите започнуваат утре (среда 12.02.) со натпревар во дегустација на вина и ракии од индивидулни производители и информативен настан за аплицирање за користење на средствата од ИПАРД 2 со изложба на стручна литература од локалната библиотека. Во четврток е настанот Мастер клас за вино „вранец“ (барикиран и обичен) со учество на винарии од регионот, следува советодавен настан со производителите на вина и ракии,а во попладневните часови во Музејот ќе се одржи изложбено-дегустациониот настан „Вранецот“ со нашето традиционално... со дегустација на вина, раванијада и зелникот на баба, изложба на експонати на локални уметници, копаничарска изложба и друго. Централниот настан е во петок на 14.02. и истиот ќе се одвива на градскиот плоштад каде ќе бидат отворени штандови на винариите, на производители и дистрибутери на храна, здруженија, изложувачи на земјоделски производи и механизација, сето пропратено со настап на локални естрадни уметници и бендови. Отворањето на централниот настан преку закројување на виновата лоза, обраќање на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и евентуално други гости, доделување на наградите и признанијата и музичкиот колаж на естрадни уметници и фолклорни друштва започнуваат од 12,00 и ќе траат до 15,30 часот. Општина Неготино упатува јавна покана до сите граѓани да бидат дел и да присуствуваат на настаните организирани по повод празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“. |
There are no translations available.
Врз основа на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2020 година и Правилникот за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, донесен од страна на Советот на Општина Неготино, со бр. 08-119/3 од 27.02.2019 година, Општина Неготино објавува:
Ј А В Е Н П О В И К за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино
1. На повикот можат да се пријават: - Спортски клубови регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино) - Спортски сојузи регистрирани на територијата на општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
2. Субјектите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да поднесат: - комплетна документација од извршена регистрација на клубот/сојузот; - годишна програма за работа на кубот/сојузот; - апликативен формулар за доделување на средства во вид на пропишан образец (апликација) објавен на интернет страната на Општина Неготино; - доказ дека немаат блокирана сметка, односно доказ за активна наменска сметка, добиен од надлежна институција.
Апликациите се доставуваат во тврда копија во предвидениот рок до Општина Неготино и во електронска форма до одговорното лице за спорт во општината.
Образецот (апликација) можете да го симнете од интернет страната на Општина Неготино.
За вистинитоста на податоците наведени во апликацијата одговараат одговорните лица на Субјектите - потенцијални корисници кои ќе аплицираат на повикот.
Општина Неготино го задржува правото да изврши проверка на податоците наведени во апликациите во секое време.
Субјектите – потенцијални корисници потребната документација треба да ја достават до: Општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов” бр.2 Неготино Одделение за јавни дејности Со назнака “Јавен повик за спортски клубови/спортски сојузи” или лично, во Архивата на Општина Неготино.
Доставената документација и прилозите не се враќаат. За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат кај одговорното лице за спорт директно во општината (соба број 39, IV кат) или на mail:
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот
Јавниот повик ќе трае 7 дена од денот на објавувањето. О Б Р А З Е Ц |
There are no translations available. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и претставникот на фримата изведувач на работите „Асфалт“ ДООЕЛ од Скопје го потпишаа договорот за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем во Неготино. Како што информираше градоначалникот Делков вредноста на договорот изнесува 207.967 евра, а надзор на градежните работи ќе врши фирмата „ Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл и други “ ДОО Скопје. Изградбата на овој колектор е во рамки на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина со акроним wa-mbrella “ кој е склучен помеѓу општина Алмопиа- Република Грција како водечки партнер во проектот и општина Неготино како проектен партнер 2. Работите на терен се очекува да започнат наскоро, а рокот за изведба е 6 месеци односно до јули 2020 година. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Next > End >>
|
Page 93 of 314 |