There are no translations available.
Градончалникот и дел од службите во општина Неготино , претставници од општинските воспитно-образовни установи, ЈЗУ „ Здравствен Дом “ Неготино, Полициската Станица, ОО на Црениот Крст Неготино, ЦУК ,ТППЕ , ЈП „ Комуналец “ и претставници од Советот на општина Неготино синоќа со почеток во 19.00 часот оддржаа координативен состанок во просториите на општина Неготино .
Согласно добиените информации од одговорните од секоја од установите , а следејќи ги мерките на Владата на Република Северна Македонија се донесоа дополнителни препораки,заклучоци и апел кон локалното население за целосно и доследно почитување на мерките и тоа:
• Да не се шири паника и страв меѓу локалното население, бидејќи во општина Неготино во моментов нема заразен од корона вирусот и да се придржуваме кон мерките и правилно да ги применуваме
• Сите институции и приватни фирми од општина Неготино да користат средства за редовна дезинфекција и хигиена за вработените , за странките кои доаѓаат од надвор и да одржуваат редовна хигиена и дезинфекција на просториите
• Со цел за поголема превенција на повозрасните граѓани кои спаѓаат во ризичната група на овој вирус, општина Неготино формира мобилен тим за помош кој ќе пазари наместо постарите и изнемоштени лица. Секој граѓанин од наведените категории кој ќе има потреба од набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена ќе може да се јави на тел број: 043/ 361 045.
• Одговорните во воспитно-образовните установи и училиштата да воспостават посилна координација со родителите на децата и учениците и да апелираат на изолација во домашни услови
• Локалното население да се едуцира за правилно користење на маски, ракавици и други заштитни средства преку делење на едукативни флаери и преку социјалните мрежи
• За пријавување на лица кои доаѓаат од критични подрачја а не се самоизолирале, граѓаните може да ги пријават на телефоните на МВР: 192 или телефоните во ПС ОН Неготино 361 – 003, 361-014 и 361 – 383.
• ПЕ на Министерството за економија да преземе засилена инспекциска контрола
• ОО на Црвениот Крст Неготино да изврши координација со Црвениот Крст на Република Северна Македонија и да ги разгледа можностите за преземање на поинтензивни активности во правец на поголемо информирање и поголема превентивна заштита на локалното население
• Трговците и другите продавачи за време на пазарните денови задолжително да користат заштитни дезинфекциони средства
• Такси превозниците и другиот локален превоз на патници да ги редуцира линиите и истовремено да врши редовна дезинфекција во превозните средства
• Посебно се потенцира за засилена и редовна дезинфекција и заштита на работниците кои се превезуваат со автобусите на работа во Дрекслмајер Кавадарци, како би се намалил ризикот и можноста за евентуална зараза
• Секоја институција да направи тампон зона за прием на странки и документи
• ПС ОН Неготино да има засилена контрола на влезовите и излезите од градот
• ПС ОН Неготино да спречува собирање на големи групи на млади на јавни места, паркови, бензински пумпи и слично
• ЈП „ Комуналец “ Неготино и ТППЕ од Неготино да вршат редовно миење и дезинфекција на фрекфентните улици во општината
• Локалното население да ја подигне јавната чистота преку сопствено делување и грижа за животната средина
• Редовно проветрување, чистење и хигиена во просторот во кој се престојаува или работи подолго време
• НАСЕЛЕНИЕТО ДОСЛЕДНО ДА ГИ ПОЧИТУВА МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА, А ПОСЕБНО МЕРКАТА ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА !!!
• Согласно мерките на Владата, физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик
ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ !