There are no translations available.
Денес во општина Неготино градоначалникот Тони Делков заедно со претставници на ОВР Неготино, претставници од Советот на општина Неготино, претставници од општинската администрација и ЈП „ Комуналец “ Неготино одржа трет координативен состанок за преземање на активности во општина Неготино за заштита од Корона вирусот во периодот што следи.
Во рамки на препораките од Министерството за здравство и мерките од Владата за заштита и превенција од корона вирусот се донесоа следните заклучоци:
• Градскиот пазар во Неготино ќе остане затворен се додека траат мерките и препораките од страна на Министерството за здравство и Владата, а се во насока на заштита на населението и спречување на ширењето на КОВИД 19;
• ЈП „ Комуналец“ Неготино два пати во неделата ќе врши дезинфекција на сите улици во град Неготино но и населените места;
• ЈП „ Комуналец “ Неготино редовно врши и ќе врши дотур на дезинфициенси на двата пункта за дезинфекција на возилата кои се поставени на влезот и излезот на градот ;
• Детските паркови, игралишта, Спомен костурницата во градот се затвораат за користење за сите посетители;
• Обезбедените заштитни маски утре ќе се делат на граѓаните од општината на градскиот плоштад во Неготино;
• Се продолжува со распределувањето на обезбедените донации ( пакети ) од страна на општествено одговорни фирми и поединци од општината за ранливите категории на граѓани од населените места но и градот;
• ОВР Неготино континуирано ќе продолжи да врши контрола на сите лица кои се во задолжителна самоизолација како и домашна самоизолација ;
• ОВР Неготино ќе врши почеста обиколка на градот и населените места во општината и воедно упатуваат апел до сите граѓани дека сите отстапувања од препораките ќе се сметаат за непочитување односно граѓаните ќе бидат соодветно санкционирани;
• Општина Неготино ќе им стои на располагање на сите фирми , маркети, станбени згради од општината кои ќе сакаат да им се направи дезинфекција;
ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ !