Општина Неготино
До 30-ти јуни вежбовни боеви активности на АП Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 30-ти овој месец на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Поради безбедно изведување на планираните вежбовни активности, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.
 
Платформа „Онлајн сервисна служба“ која нуди бесплатна, високо-квалитетна и индивидуализирана едукација за деца со попреченост PDF Print
There are no translations available.

  Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците„ во партнерство со УНИЦЕФ и Министерство за труд и социјална политика, ја креирашеплатформа „Онлајн сервисна служба„, која нуди бесплатна, високо-квалитетна и индивидуализирана едукација за деца со попреченост. Нивните специјални едукатори и логопеди за секое дете ќе дизајнираат индивидуализирани планови за онлајн часовии истите секое дете ќе може да ги следи од дома со поддршка од родител или старател.
Регистрацијата може да ја извршите преку пополнување на барањево платформата https://otw.assistive.mk/baranjeMK/ или преку јавување на телефонските броеви во продолжение:
072275211 или 078282662 – за македонски јазик
071989822 – за албански јазик
За да се информирате подетално за бесплатната платформа „Онлајн сервиса служба„, ве молиме кликнете на линкот во продолжение: https://otw.assistive.mk
 
Заврши јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2020 година PDF Print
There are no translations available.

  Општина Неготино со цел да ги стимулира жителите  за користење на велосипеди а согласно тоа и намалување на бројот на возила кои ќе се движат низ градот, на граѓаните кои ќе купат велосипед  им надоместува дел од трошоците направени при купување на велосипед, односно адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност. Средствата што Општина Неготино ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 50.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Средствата превидени во Програмата се во вкупен износ од 300.000,00 денари и нивната исплата ќе биде на товар на Буџетот на општина Неготино од програма L00. Имајќи предвид дека повикот беше на принцип „прв дојден,прв услужен“, општина Неготино информира дека квотата е исполнета, а со тоа и јавниот повик е завршен.
 
Одржан редовен координативен состанок на Кризниот штаб на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Кризниот штаб на општина Неготино oдносно општинско координативно тело, денес одржа редовен состанок на кој беа дискутирани но и донесени заклучоци, а кои се однесуваат на мерките и препораките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот во општина Неготино.
Согласно донесените нови одлуки од страна на Владата на Република Северна Македонија и продолжувањето на вонредната состојба во државата за нови 14 дена, Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Неготино ги разгледа состојбите на територијата на општина Неготино односно членовите на штабот дискутираа за нивото на почитување на мерките.
Согласно дискусиите беа донесени следниве заклучоци :
1.Угостителските објекти во општина Неготино досега доследно ги почитуваат протоколите и мерките за работа;
2. Во општина Неготино постојат појави кои се спротивни од се уште важечките одлуки за забрана за групирање и одлуката за носење на заштитни маски.
3. ОВР Неготино да ги засили конторолите и санкциите кон граѓаните кои ги прекршуваат забраните за групирање и одлуката за носење на заштита маска.
4.Во периодот што следи Општина Неготино ќе продолжи со редовната дезинфекција на градот и населените места.
 
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 29.05.2020 година PDF Print
There are no translations available.

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е За свикување на единаесеттата     вонредна  седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино   на ден 29.05.2020 година      ( петок) во 12 часот .      За седницата го предлагам следниот


Д Н Е В Е Н    Р Е Д

1.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на  урбанистички планови на просторот  на општина Неготино за 2020 година
2.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2020 година
3.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програма за енергетска ефикасност  за 2020 година
4.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура, спорт и подршка на здруженија и фондации во 2020 година
5.    Предлог- Одлука за измени и дополнување на Буџетот на општина Неготино за 2020 година( прв ребаланс)       
 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА-УСЛУГИ 05-311 Реф. CN1 - SO2.3 - SC031 no.9 05-311/2 PDF Print
There are no translations available.

Проект,,wa-mbrella,,
Согласно Одлуката на градоначалникот на општина Неготино бр.05-311/1 од 20.05.2020 за утврдување на потреба од  набавка УСЛУГИ – ДЕЛ 1.Експертиза за подготовка на комплетна техничка документација за довршување на колектор во должина од 400 м во општина Неготино , за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за проектот ,,wa-mbrella”- Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” или “Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint” со Aкроним ,,wa-mbrella””финансиран со средстава од ЕУ, Договор бр CN1 - SO2.3 - SC031 од 02.04.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,, INTERREG IPA Cross Border Cooperation Programme 2014 TC 16 I5CB 009“Грција -Република Северна Македонија и согласно известувањето за продолжување на проектот ,,wa-mbrella”добиено од Управувачкиот Орган на 19.12.2019 година и буџетот на проектот кој е во важност по продолжување на проектот,општина Неготино достави покани до 5 компании.Покрај тоа  од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2019) .

Истата е  достапна и во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој почнувајќи од 28.05.2020 година .Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена  електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 26.06.2020(петок ) до 12.00 часот во просториите на општина Неготино согласно инструкциите во тендерската документација

Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/
Контакт
Општина Неготино
тел.043-361-045
Read more...
 
<< Start < Prev 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Next > End >>

Page 72 of 314