Општина Неготино
Во неготинскиот Музеј концерт на Бранко Павловски и Ема Попивода PDF Print
There are no translations available.

   Деновиве  во изложбениот салон на Музеј на град Неготино се одржа концертна вечер од македонски композитори во изведба на Бранко Павловски-кларинет и Ема Попивода-пијано. Според програмата беа изведени композиции од Сотир Голабовски, Томислав Зографски, Гоце Гавриловски, Вања Николовски-Ѓумар и Љубомир Бранѓолица. Бранко Павловски има настапувано на повеќе фестивали во земјата и странство како што се: ЛСУ Фестивалот за современа музика во Батон Руж, MusiPoeSci во Париз, Интернационалниот музички фестивал во Дартингтон, Интервокс, Охридско Лето, Скопксо лето, Златна Лира, МодоАрс, Манифестацијата по повод денот на словенските просветители “Кирил и Методиј“ во Рима и дер. Во моментов е вонреден професор на Факултетот за музички уметности на УГД во Штип.  Ема Попивода е е основач и уметнички селектор на Фестивалот за современа музика МодоАрс, во чии рамки настапувале врвни уметници од целиот свет. Ема е добитник на бројни награди и признанија во својата зенја и на интернационални натпревари. Ема Попивода настапува во САД, Англија, Белгија, Франција, Унгарија, Словачка, Австрија, Грција, Бугарија, Јапонија, Црна Гора. Таа е член на светската лидерска мрежа “Global bridges“, каде е претставник на својата земја. Попивода работи како професор по пијано на Музичката академија при УГД во Штип. Концертот беше изведен според протоколот за заштита од КОВИД-19, ограничен број на посетители, држење дистанца од 1,5 метар помеѓу присутните и носење заштитни маски.
Read more...
 
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 19.10.2020 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Сл. гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Сл.гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

                                                           Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
                        За свикување на тринаесеттата  вонредна  седница на Советот на општина Неготино



  Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино   на ден 19.10.2020 година ( понеделник ) во 11 часот . За седницата го предлагам следниот :

1. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот  на општина Неготино за 2020 година
2. Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино
    
                          
 
Започна уредувањето на паркот на улица „ Борис Кидрич “ во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со ова уредување предвидено е да се изврши замена на подлогата со тампон и поплочување со павер елементи ( бекатон коцки ).Потоа ќе следи уредување на просторот со нови клупи и корпи за отпадоци, а се изврши замена на постоечкото старо со ново осветлување на целиот простор. Изведувач на градежните активности е фирмата „ Павер Трејд ДООЕЛ “ Кавадарци, а надзор е фирмата „ МГ Проект ДООЕЛ “ Скопје.

Read more...
 
Во Музејот на град Неготино се одржа изложба на поштенски марки PDF Print
There are no translations available.

   Деновиве во Лапидариумот на Музеј на град Неготино се одржа филателистичка изложба на поштенски марки на колекционерот-филателист Љупчо Настов. Филателијата претставува собирање и проучување на поштенските марки и важи за едно од најпопуларните хобија во светот. Поштенската марка како амбасадор на земјата-издавач, овозможува поглед во културата на земјата, нејзиното уметничко и историско наследство. Филателијата ги обединува луѓето со различни професии, политички убедувања и општествени класи, кои на ова хоби му се посветуваат заради задоволство, проширување на своето знаење, но и заради заработка. Првата поштенска леплива марка е воведена дури во 1840 г. како потврда за однапред платена поштарина. Оваа марка се нарекува „Црно пени“ (англ. Penny Black) со ликот на кралицата Викторија. Британската пошта прва ја донела одлуката за печатење и за продажба на поштенски марки. А набрзо овој метод на плаќање поштарина го прифатиле и другите земји.
Редовните поштенски марки кои што циркулираат во секојдневниот поштенски сообраќај имаат различна тематика - архитектура, етнологија, историја, уметност, медицина, политика, социјала, образование, разни ликови на истакнати личности од разни сфери,   додека програмата поштенски марки овозможува да се направат тематски збирки со мотиви на флора, фауна, културно наследство, спорт, екологија, а најмладите имаат можност да собираат детски поштенски марки. Оштенскит емарки се котистат и за хуманитарни цели, такви се доплатните марки каде што доплатата на услугата е наменета за хуманитарни цели.
Со појавата на поштенските марки се создала и нова страст кон нивното собирање и проучување – филателијата. Во земјата постојат неколку друштва што се занимаваат со филателија. На изложбата во Музејот  на град Неготино беа претставени повеќе од двеста поштенски марки од филателистот од Кавадарци Љупчо Настов кој ги собирал неколку децении наназад.
Read more...
 
Комплетно реконструирана водоводната линија на улица Душан Преграц и реконструкција на шахти во град Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со асфалтирање на ровот комплетно завршија градежните активности за реконструкција на водоводната линија на улица Душан Преграц во должина од околу 100 метри.  Со реконтрукцијата се замени постоечката водоводна линија со нова, со што граѓаните кои живеат на оваа улица ќе ја добиваат потребната количина на вода до своите домови.  Во тек е и реконструкција на 10 шахти во  градот, кои се очекува во најбрз можен рок да бидат комплетно реконструирани.  
 
Read more...
 
Поставени нови и замена на старите улични светилки во град Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со средства обезбедени од Буџетот на Општина Неготино, изминатиот период се изврши поставување на 24 нови лед светилки на улица „ Партизанска “ поточно на потегот од ООУ „ Страшо Пинџур “ до спојот со улица „ Маршал Тито “ кај полициската станица во Неготино.
Со оваа работа се заменија сите светилки на 6 метарски дрвени и 10 метарски метални столбови во градот. Во меѓувреме се работеше и на замена на старите класични со нови лед светилки на каделабрите ( 4 метарски метални столбови ) на градскиот плоштад, старата градска чаршија и на градскиот кеј до СРЦ „ Младост “.
Заменети се старите со нови лед светилки на улиците: „ Петар Демирски “, „ Вида Џекова “, „ Ленинова “, „ Дојранска “, „Никола Карев “, „ Климентова “, „ Пелистерска “ и дел од улица Душан Преграц .
Со промената на сите улични светилки со нови лед штедливи драстично е намалена потрошувачката на електрична енергија за уличното осветлување во цела општина.
Read more...
 
<< Start < Prev 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Next > End >>

Page 60 of 314