Општина Неготино
Достојно одбележан 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино PDF Print
There are no translations available.

    Со строго почитување на пропишаните здравствени протоколи, општина Неготино денеска го одбележа и прослави празникот 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Активностите започнаа со положување на свежо цвеќе од страна на повеќе делегации на спомен-бистите на паднатите борци од НОБ оддавајќи им почит за слободата стекната благодарение на нив и на сите учесници во антифашистичката борба, како и на нашите сограѓани кои ги загубија животите во воените конфликти на поранешните југословенски простори. Почит им беше оддадена и на плејада општествени работници и носители на јавни функции кои во изминатите 76 години со реализација на бројни проекти оставиле сопствен белег и придонесле Неготино да расте и да се развива. Се одржа и свечената седница на Советот на општина Неготино на која претседателот Диме Витанов говореше за активностите на советниците во изминатиот едногодишен период, а присутните имаа можност да погледнат аудио-видео материјал во кој беа презентирани дел од проектите и активностите кои општина Неготино ги има реализирано во изминатиот период. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков говореше за активностите што беа спроведени и се спроведуваат во борбата против пандемијата од Ковид-19, за реализазијата на проектите кои се започнати, се во тек или следува нивно спроведување, напоменувајќи дека во периодот пред нас граѓаните на општината можат да очекуваат континуирано реализирање на повеќе други проекти. На денешната свечена седница беа доделени традиционалните признанија и награди по повод општинскиот празник. Највисоката општинска награда 8-ми Ноември годинава ја доби д-р Силвана Филипова од областа на медицината, а признанија им доделивме на Ѓорѓина Димова од областа на образованието, Здружението Ековита за општествена одговорност, Илија Апостоловски од спортот и Димитар Аврамов од областа на хуманитарната дејност.

Read more...
 
Одржан четвртиот инфо ден во општина Неготино во рамки на проектот „ ENPOL – EE “ PDF Print
There are no translations available.

   Денес во големата сала на Општина Неготино се одржа четвртиот информативен ден во рамки на проектот „ ENPOL – EE “ од програмата за прекугранична соработка „ Interreg – IPA CBC Грција – Република Северна Македонија”, во периодот од 2014 – 2020 година, на тема „ Користење на одржливи извори на енергија и нивно значење ”.
Инфо денот беше поделен на две сесии од кои на правата присутните имаа можност да се запознаат со значењето и придобивките од користењето на обновливите извори на енергија, а на втората сесија беше презентирана нацрт верзијата на брошурата на тема „ Како да се користат локалните ресурси на обновлива енергија за подобрување на енергетската ефикасност.
 
Read more...
 
ЧЕСТИТ ПРАЗНИК - 23 ОКТОМВРИ PDF Print
There are no translations available.

 
Одржан координативен состанок за доследно почитување на мерките и препораките за заштита и превенција од Корона вирусот во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Денес во Општина Неготино градоначалникот Тони Делков заедно со директорот на ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино, началникот на ОВР Неготино, командир на ПС ОН Неготино одржаа координативен состанок на кој беше констатирано дека состојбата со Корона вирусот во општина Неготино во изминатиот период покажува зголемен број на заболени односно позитивни и лица во изолација.
Според информациите на одговорните до овој момент во општина Неготино има 28 позитивни случаи и 51 лице со издадено решение за изолација . Од самиот состанок произлегоа следните заклучоци, препораки и апел до граѓаните :
* Сите граѓани на општина Неготино максимално да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство и  Владата на Република Северна Македонија ;
* Да се намали движењето од една во друга општина односно непотребно да не се патува надвор од општина Неготино ;
* Во периодот што следи ќе има засилени контроли од страна на ОВР Неготино за непочитување на сите препораки и мерки од Министерството за здравство ;
*  Утврдено е дека банките, маркетите и градскиот пазар се најфрекфентните места каде има најмногу граѓани. Се апелира сите граѓани да ги почитуваат пропишаните мерки ;
* Да се избегнува непотребното одење до банките и почесто да се користи онлајн плаќањето и плаќање со платежни картички ;
* Сите јавни институции да се почитуваат дадените мерките за организирано временко работење ( во две смени, по пат на ротација или онлајн работење ) ;
* Сите јавни институции и приватни компании во општина Неготино да ја зголемат дезинфекцијата во своите објекти
* Апел до младите  да не се групираат во доцните часови и да избегнуваат групни посети во угостителски објекти. Да ги почитуваат мерките и после 23 часот да не се групираат ;
* Општина Неготино ќе започне со повторна дезинфекција на јавните површини ( улици ) ;

ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ !
 
ПОКАНА PDF Print
There are no translations available.

  Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC Грција-Р.Северна Македонија”, во периодот од 2014 – 2020 година, Општина Неготинo го организира четвртиот инфо ден кој ја обработува темата „Користење на одржливи извори на енергија и нивно значење”.
Обновливи енергии е поим кој се користи за да се опише групата на енергетски технологии кои произлегуваат од извори кои не се исцрпуваат или пак можат да се надополнат во текот на еден човечки живот. Обновливите енергии се важни бидејќи претставуваат чист извор на енергија, што значи дека не произведуваат непосредно емисии на стакленички гасови и други загадувачи на воздухот. Ве покануваме да присуствувате на четвртиот инфо ден на тема „Користење на одржливи извори на енергија и нивно значење” кој ќе се одржи на 27.10.2020 (вторник) во Општина Неготино, со почеток од 10:50 часот.
Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним „ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино, Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .
Во прилог на поканата можете да ја погледнете и агендата.

Покана и Агенда

 
Општина Неготино доби 803 480, 73 евра во рамки на „ Проектот за поврзување на локални патишта “ PDF Print
There are no translations available.

   Во рамки на „ Проектот за поврзување на локални патишта “ кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски, а со финансиска поддршка од Светска банка за подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Неготино аплицираше со проект за реконструкција на улица „ Антигона “ и улица „ Едвард Кардељ “ во тендер 1 и реконструкција на улица „ ЈНА “ во тендер 2.
Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија за алоцирање на средства од договорот за заем за „ Проектот за поврзување на локални патишта “ на општина Неготино и се доделени средства во износ од 803 480,73 евра.
Согласно барањата на Светска банка беше подготвен документ „ План за управување со животната средина и социјалните аспекти “ во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот. Документот „ Контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти “ е ставен на јавен увид на веб страните на : Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и официјалната страна на Општина Неготино (http://www.negotino.gov.mk/).

Read more...
 
<< Start < Prev 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Next > End >>

Page 59 of 314