Општина Неготино
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ДУОДРАМА „БРАНКО ЃОРЧЕВ“- НЕГОТИНО (05.09. - 09.09. 2022 г.) PDF Print
There are no translations available.

Интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев “- Неготино (05.09-09.09.2022) е единствениот фестивал на ДУОДРАМА во Македонија, во организација на Општина Неготино и Театар Провокација - Скопје. Иницијатор и главен покровител на фестивалот е Општина Неготино. Фестивалот е дел од програмата на “СПОРТСКО-КУЛТУРНО ЛЕТО 2022” кое започна на 15-ти јули а ќе трае до 24-ти септември. Концептот и логистиката на настанот се на „Театар Провокација“.
Селектор на фестивалот е актерот и режисер Роберт Ристов. Ова е неговата селекција на претстави за овогодинешниот фестивал:
Претставите ќе бидат одиграни по следниот редослед:
05.09.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
„КИСЛОРОД“ , според текст на Иван Вирипаев
Режија: Иван Јерчиќ
Играат: Викторија Степанова-Јанкуловска и Никола Стефанов
НУ НАРОДЕН ТЕАТАР – Битола
06.09.2022 од 19:30  во КАФЕ БАР АМАРО
„АНАТОМИЈА НА НЕВЕРСТВОТО“ – Валентин Красногоров
Режија: Александра Кардалевска, драматург: Дарко Спасов
Играат: Жаклина Петровска и Тони Денковски
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА - Скопје
06.09.2022  од 21:00  во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
„ОЖЕНИ МЕ“, по мотиви од сценаријата: „Ожени ме“, „Храна и Вино“ и „Брачна приказна“
Режија: Роберт Ристов. Играат: Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов
ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА – Скопје
07.09 од 19:30  во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
ГРЕТА –според: Луц Хибнер и Јохан Волфганг Фон Гете,
Режија: Тамара Стојаноска. Играат: Димитрина Мицкоска и Ане Блажоски
ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ – Скопје
08.09.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
МОЈОТ СОПАТНИК СТРАВОТ –  Иван Томашевиќ
Режија: Иван Томашевиќ. Играат: Анета Томашевиќ и Иван Томашевиќ
СЦЕНА МАСКА, Р. Србија
09.09.2022 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
19:30  ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
20:00  STAND UP COMEDY со ТИНО и АТАНАС (во чест на наградените) 

 
Екипата на “Кино Влае” од Скопје најдобра на “Streetball 2022” PDF Print
There are no translations available.

  Синоќа (25.08.) во салата СРЦ “Младост” во Неготино заврши 13-тото по ред издание на турнирот во улична кошарка “Streetball” кое и оваа година изобилуваше со квалитетна кошарка и неизвесни натпревари. Учесници на турнирот беа најдобрите 3x3 екипи во државта, кои понудија врвна кошарка, многу атрактивни моменти и пред се добра забава за гледачите.
Победник на турнирот е екипата на “Кино Влае” од Скопје која во одличното финале ја совлада екипата на “Валандово Црно-црвени” и ја освои првата награда во висина од 30.000 денари, додека поразената екипа во финалето заработи 20.000 денари. Третото место и наградата од 10.000 денари ја освои екипата на “Дружината на Вацко” од Кочани која во малото финале ја совлада екипата на “Слаткарница Шар Планина” од Гевгелија. МВП (најдобар играч на турнирот) е Ервин Цого од екипата на “Кино Влае” од Скопје. Претходно, во јуниорска конкуренција првото место на турнирот го освои екипата на “Спорт Тим”, пред екипите на “АМВ” и “Хавана”, сите од Неготино. Во рамките на турнирот беа организирани и натпревари во шутирање на тројки и слободни фрлања.
Дипомите и наградите на најдобрите екипи во сениорска конкуренција им ги врачи претседателот на комисијата за јавни дејности при Советот на Општина Неготино Александар Гичовски, кој ја додели и наградата за МВП (најдобар играч на турнирот). Екипите кои настапија на турнирот упатија благодарност до Општина Неготино и КК “Спорт Tим” за беспрекорната организација и уште отсега го најавија своето учество за наредната година.

Read more...
 
Спортската сала “Младост” ќе биде местото на одржување на “Streetball 2022” PDF Print
There are no translations available.

   Поради лошите временски услови и најавите за обилни врнежи од дожд за наредните неколку дена, традиционалниот кошаркарски турнир “Streetball 2022”, која е дел од манифестацијата “Спортско културно лето 2022”, наместо на градскиот плоштад ќе се одржи во спортската сала “Младост” во најавениот период од 23 до 25 август (вторник, среда и четврток). Натпреварите на 13-тото по ред издание на овој турнир започнуваат на 23 август (вторник) во 18.00 часот за кога е закажана и ждрепката за сениорските екипи. Своето учество на турнирот во сениорска конкуренција веќе го имаат најавено повеќе екипи од Скопје, Гевгелија, Штип, Кочани, Кавадарци, Росоман и Неготино, а пријавувањето за учество може да се направи до почетокот на турнирот. Во рамките на овој спортски настан ќе настапат и женски и машки - јуниорски екипи, кои во зависност од резултатите ќе добијат соодветни награди. Наградниот фонд кој го обезбеди општина Неготино изнесува 60.000 денари, а покрај наградите за првопласираните три екипи, ќе биде доделена и награда за МВП на турнирот. Полуфиналните и финалниот натпревар се на програмата на 25 август (четврток) со почеток од 18.00 часот, а по завршувањето на натпреварите ќе бидат доделени и наградите за најдобрите на овогодинешното издание на овој спортски настан. Општина Неготино ги поканува граѓаните од општината масовно да го посетат турнирот во спорстскта сала “Младост” и да дадат силна поддршка на домашните екипи. 
 

 
Се одржа дебата за енергетска ефикасност, екологија и одржлив развој во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во соработка со Здружението на граѓани Ековита и Одделението за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион, Комората за мал бизнис со поддршка на Зелената мрежа на социјално претприемаштво, беше презентирана платформата GRENITY. NET-мрежа на организации кои испорачуваат широк опсег на програми и услуги за животна средина и одржлив развој. Беа претставени проекти и грантови програми за поддршка на компаниите и граѓаните и административната процедура и економска анализа за инвестирање во фотоволтаици за производство на електрична енергија за граѓаните и компаниите. На настанот со свои дискусии и иницијативи придонес дадоа заинтересирани граѓани, компании и организации од општина Неготино.
Read more...
 
Асфалтирани 250 метри од улицата Браќа Миладинови PDF Print
There are no translations available.

    Заврши комплетната реконструкција на улицата Браќа Миладинови. По извршениот ископ, тампонирање и поставување бетонски рабници, се изврши асфалтирање на 250 метри од оваа улица. Проектот, заедно со санирањето на ударните дупки на улиците во градот, е финансиран со средства од буџетот на општина Неготино во висина од 6.000.000 денари. Изведувач на работите беше Градба промет, а надзор Павер трејд.
 
Read more...
 
Доделени 40 ваучери за новороденчиња во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Согласно годишниот план за исплата на средства, денеска во просториите на локалната самоуправа на 40 родители кои во изминатиот период добиле новороденчиња им ги доделив вредносните ваучери од 7.000 денари како поддршка од општина Неготино. На сите им ги честитав приновите во семејството и им посакав многу здравје и среќа. Наредната исплата на ваучерите предвидено е да се реализира во месец септември. 

Read more...
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 6 of 314