Општина Неготино
Поставување на ново улично осветлување на улици во град Неготино PDF Print
There are no translations available.

Во тек е поставување на нова подземна електрична инсталација за улично осветлување во должина од околку 360 метри на дел од улица „ Коста Волкановски “ и дел од улица „ Владо Арсов Шпанац“ .  Ќе бидат поставени 11 нови лед штедливи светилки на 8 метарски метални столбови кои ќе функционираат согласно поставената автоматика на останатото улично осветлување во градот.  Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Неготино.

 

Read more...
 
Расчистување на улиците во град Неготино PDF Print
There are no translations available.

Во текот на денешниот ден екипи на ЈП „ Комуналец “ Неготино работеа на отстранување односно чистење на песокот и солта, кои беа фрлени на улиците низ целиот град поради врнежите од снег кои паднаа изминатата недела. Екипите на терен започнаа со чистење на главната улица „ Маршал Тито “ до излезот со Кавадарци. Се чистеше улица „ Партизанска “ од центарот до ЈП „ Комуналец “ како и улица „ Борис Кидрич “ до ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино.

Read more...
 
Во тек е санација на тротоарите на улица „ Пекарев “ во Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Со санацијата предвидено е да се изврши замена на оштетената подлога со тампонски слој, прередување на бекатон коцките и рабниците од тротоарите како и замена на оштетените елементи од истите.  Градежните активности на терен се очекува да завршат во рок од две до три недели.  Изведувач на градежните активности е фирмата ПАВЕР ТРЕЈД ДООЕЛ - Кавадарци, а надзор е фирмата МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ - Скопје.

Read more...
 
Започнаа активностите за изградба на улица во село Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Во тек се градежни активности за изградба на улица во село Криволак во должина од 250 метри. Со изградбата предвидено е да се реши долгогодишниот проблем и да се подобри квалитетот на живеење на жителите од село Криволак.
Изведувач на работите е фирмата ГРАДБА ПРОМЕТ ДОО од Кавадарци, а за надзор е избрана фирмата МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ Скопје.  Рок на извршување на градежните работи е 60 денови.

Read more...
 
СООПШТЕНИЕ PDF Print
There are no translations available.

Почитувани сограѓани,
И покрај почитувањето на мерките за заштита од Корона вирусот чувствувам обврска да Ве информирам дека по извршениот тест за КОВИД 19 , резултатот е позитивен.  Изразувам длабоко извинување до сите со кои изминатиот период имав контакт и уште еднаш апелирам почитувајте ги мерките и препораките за заштита од Корона вирусот. Гарантирајки ја здравствената сигурност на граѓаните до завршување на периодот на лекување и изолација, работните обврски ќе ги извршувам од дома.
 
 
Доделени наградите за најдобри вина и ракии на индивидуални производители кој се организираше по повод одбележувањето на празникот „ Свети трифун 2021 “ PDF Print
There are no translations available.

  Денес во големата сала на Општина Неготино, почитувајќи ги мерките и препораките за заштита од Корона вирусот,  беа доделени наградите од натпреварот за најдобри вина и ракии од индивидуални производители - реколта 2020.
Во категорија најдобри црвени вина:
1 место – Влатко Цветановски
2 место – Ивица Златковиќ
3 место - Горан Јаковлевски
Во категорија најдобри бели вина:
1 место – Гоце Попов
2 место – Гоце Станоески
3 место – Тоше Николов
Во категорија најдобра ракија:
1 место – Горан Јаковлевски
2 место – Бранко Вељанов
3 место – Кирил Андов
Најдобра овошна ракија  - Лилјана Луканова
Најдобра мастика – Никола Манчев
Општина Неготино им честита на сите наградени и им посакува оваа 2021 година производство на уште подобри вина и ракии.


Read more...
 
<< Start < Prev 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Next > End >>

Page 49 of 314