Општина Неготино
Уредување на паркот во Тремник PDF Print
There are no translations available.

Денес со директорот на Бирото за регионален развој потпишав договор за реализација на проектот " Набавка и поставување на нова урбана опрема, детски реквизити, автобуска постојка и изведба на патеки во паркова површина во с.Тремник, Неготино".
Следува распишување на јавна набавка за реализација на проектот.

 
Министерот Бочварски во Неготино PDF Print
There are no translations available.

Денес на  работна средба во општина Неготино беше министерот за транспорт и врски г. Благој Бочварски.  Заедно извршивме увид во градежните работи кои се во финална фаза, за изградба на првата социјална зграда во нашата општина.  Исто така извршивме увид во градежнкте работи кои се однесуваат за реконструкција на улиците "Антигона", "Едвард Кардељ" и дел од улица "Димче Мирчев".  Продолжуваме да ја подобруваме инфраструктурата во нашата општина.

Read more...
 
Во тек се градежни активности за санација и дислокација на водоводна линија на дел од улица „ Маршал Тито “ во Неготино PDF Print
There are no translations available.

Со ова решаваме долгогодишен проблем со кој се соочуваа граѓаните кои живеат на оваа улица, бидејќи постоечката водоводна линија поминуваше низ нивните дворови. Изведувач на градежните активности е фирмата „ Градба Промет “ ДОО Кавадарци, а надзор на работите е фирмата „ МГ ПРОЕКТ “ ДООЕЛ  Скопје.

Read more...
 
До 30 јуни 2021г. ќе се реализираат гаѓања на Армискиот полигон Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 30 јуни, оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се извршуваат гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изврѓуваат планиранитеактивности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.
 
Министерката Шахпаска во посета на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ PDF Print
There are no translations available.

Денес заедно со директорката на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Јана Коцева и Претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов остваривме работна средба со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. На средбата разговаравме за последните подготовки на новата детска градинка која ќе згрижи нови 169 дечиња кои долго време се на листа на чекање.  Во следните два месеци ќе се работи на внатрешното уредување на градинката и очекувам истата да биде пуштена во употреба најдоцна до месец август.  

Read more...
 
Санација на оштетени делови од коловозот на улица “Партизанска” PDF Print
There are no translations available.

Санација на оштетени делови од коловозот на улица “Партизанска”

 

Read more...
 
<< Start < Prev 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Next > End >>

Page 40 of 314