There are no translations available.
По доделувањето на Уверението од страна на Општинската изборна комисија, денеска новоизбраниот градоначалник на општина Неготино Горан Стојанов по чинот на примопредавање и официјално ја презеде функцијата градоначалник на општина Неготино. Во своето обраќање Стојанов ја искажа својата подготвеност за целосно вложување во реализацијата на проектите од неговата Програма со која ја доби довербата на гласачите во првиот круг од изборите и истакна дека веќе од утре ќе започне со спроведување на проектите и активностите од програмата. Основна цел на моето и работењето на локалната самоуправа, рече Стојанов, ќе биде Неготино и населените места да ги направиме поубави и попристојни места за живеење за сите граѓани. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
На пригодна свеченост што се одржа во салата за состаноци на локалната самоуправа, од страна на Општинската изборна комисија на новоизбраниот градоначалник Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кој победи во првиот круг со освоени 5.855 гласови или 51,94% од излезените избирачи му беше врачено уверението за избор за градоначалник. Во своето обраќање Стојанов се заблагодари на сите учесници во изборниот процес, а посебна благодарност упати до гласачите кои својот глас го дадоа за неговиот избор и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Уверенија им беа врачени и на 15-те новоизбрани советници во Советот на општина Неготино во кој ќе партиципираат 7 советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата врз основа на освоените 4.776 гласови за листата, СДСМ и коалицијата во општинскиот Совет ќе бидат претставувани од 7 советници со освоени 4.336 гласови за советничката листа и 1 советник има Левица со освоени 1.035 гласови за советничката листа. Мандатот на Градоначалникот Горан Стојанов и на советниците трае 4 години. |
Read more...
|
There are no translations available.
Општина Неготино го објави огласот за поднесување предлози за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на предлози за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани до архивата на општина Неготино, а крајниот рок за доставување предлози е петок 22 октомври Наградите и признанијата на добитниците ќе им бидат доделени на свечената седница која ќе се одржи во понеделник на 8-ми Ноември -Денот на ослободувањето на Неготино.
|
There are no translations available. Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 31 октомври, оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се реализираат обука и гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изврѓуваат планиранитеактивности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување. |
There are no translations available. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков заедно со претседателот на Националната спортска федерација на слепи лица за отворено го прогласија Државното првенство во гол-бал за слепи лица кое од денеска до недела се одржува во СС Младост во нашиот град, а на сите учесници им посакаа фер и коректна игра со желби победата да ја однесат најдобрите. По одржаните квалификациски натпревари, на завршниот финален турнир во Неготино учествуваат 6 екипи од Прилеп, Тетово, Скопје, Кавадарци, Битола и Куманово, а според распоредот дневно ќе се одигруваат по максимум 5 натпревари со строго почитување на пропишаните здравствени протоколи за заштита од Ковид 19. Турнирот завршува во недела кога ќе бидат прогласени најдобрите екипи и ќе бидат доделени пехари и медалји за 3-те првопласирани екипи. |
Read more...
|
There are no translations available. Со интензивирањето на градежните активности околу изградбата на новиот кружен тек во близина на зградата на ОВР Неготино, се јавува потреба од изменет режим на сообраќај во тој дел на градот. Имено, во деновите од петок 24.09 до недела 26.09. ќе се врши асфалтирање на кружниот тек и поради безбедно одвивање и на работите и на сообраќајот, се известуваат граѓаните дека овие 3 денови ќе има изменет режим на сообраќај односно тешките товарни возила кои ќе сообраќаат на патниот правец кон Кавадарци и обратно ќе бидат пренасочувани преку патниот правец Росоман – Кавадарци. Токму затоа, се замолуваат граѓаните за разбирање и почитување на режимот и поставените сообраќајни знаци. Со завршувањето на изградбата на новиот кружен тек ќе се реши деценискиот проблем со сообраќајниот хаос на најфреквентната раскрсница во градот и ќе се создадат услови за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот. |
|
|
|
<< Start < Prev 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Next > End >>
|
Page 33 of 314 |