Општина Неготино
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 8-МИ НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

Поради присуството на пандемијата од Ковид-19 и почитувањето на пропишаните здравствени протоколи, годинава одбележувањето на празникот 8-ми ноември ќе биде со редуцирани содржини, со единствена цел за заштита на здравјето на нашите сограѓани. Свечените активности во понеделник, на самиот ден на одбележување на празникот, ќе започнат со положување на свежо цвеќе на спомен-бистите на паднатите борци од НОБ во паркот до зградата на општината од страна на повеќе делегации со почеток од 10 часот.

 

 
Започна акција за чистење на дивите депонии на подрачјето на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Согласно Програмата за животна средина, од денеска се започна со расчистување на дивите депонии чие постоење беше детектирано од страна на стручните служби и кои ги има на повеќе локации во општина Неготино. Се стартуваше со активности за расчистување на дивата депонија на патот Тимјаник-Д.Дисан, а собраниот смет ќе се транспортира и депонира на градската депонија „Бучето“. Изведувач на работите е фирмата „Глобал транспорт“-ДООЕЛ Криволак, вредноста на проектот изнесува 450.000 денари-средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино со кои ќе се расчистат повеќе депонии, а проценките се дека ќе се отстранат околу 1.500 м3 смет од повеќе депонии на подрачјето на нашата општина.

Read more...
 
Четврток ќе биде приемен ден за граѓаните на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов ја информира пошироката јавност дека негов приемен ден за граѓаните ќе биде секој четврток во периодот од 09,00 до 12,00 часот кога секој што е заинтересиран за тоа, ќе може оствари средба со првиот човек на општината. Пријавувањето за прием кај градоначалникот ќе се врши на приземјето во зградата на општина Неготино. Се апелира до сите кои ќе остваруваат средба со градоначалникот Стојанов да ги почитуваат пропишаните здравствени мерки од корона вирусот.

 
Познати добитниците на наградата и признанијата по повод празникот „8-ми ноември“ PDF Print
There are no translations available.

  Советниците во Советот на општина Неготино на одржаната седница ги донесоа одлуките за доделување на наградата и признанијата по повод празникот „8-ми ноември“ – Денот на ослободување на Неготино. Наградата 8-ми ноември се доделува на Територијалната противпожарна единица Неготино за особени заслуги за заштита на цивилното население и општите добра во огромните пожари кои ја зафатија нашата држава. Признанието 8-ми ноември се доделува на Габриела Зафирова од областа на спортот, Горан Трајков од областа на културата, Блаже Лазов од областа на образованието, Стојче Наков од науката и Иле Ѓорѓиев од областа на рекреативниот спорт. Советот на општината донесе одлука за доделување посебно признание 8-ми ноември на ЈЗУ„Здравствен дом“ Неготино за справување со корона кризата на територијата на општината. Наградата и признанијата на добитниците ќе им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов на свечената седница на Советот на општината која ќе се одржи во понеделник на 8-ми ноември-Денот на општина Неготино. 
 
Конституиран Советот на општина Неготино, за претседател избрана Роза Јаневска PDF Print
There are no translations available.

   Со 8 гласа „за“ за нов претседател на Советот на општина Неготино во наредниот 4-годишен мандат на денешната конститутивна седница беше избрана Роза Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. На изборот на Јаневска предходеше верификација на мандатите на 14 присутни од 15-те избрани советници (поради отсуство на еден советник, беше одложена верификацијата на неговиот мандат), а потоа присутните советници дадоа свечена заклетва. Во продолжение од седницата се изврши избор на претседател и членови на постојаните комисии кои функционираат во состав на Советот на општина Неготино.

 
ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ГОРАН СТОЈАНОВ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И СОВЕТНИЦИТЕ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА PDF Print
There are no translations available.

   ПОЧИТУВАНИ СОВЕТНИЦИ,

ПОЧИТУВАНA РОЗА ЈАНЕВСКА-ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО, ЈА КОРИСТАМ МОЖНОСТА ПО ВЕРИФИКАЦИЈАТА НА ВАШИТЕ МАНДАТИ ДА ВИ ГО ЧЕСТИТАМ ИЗБОРОТ И ДА ВИ ПОСАКАМ УСПЕШНА И ПЛОДНА РАБОТА ВО НАРЕДНИОТ ЧЕТИРИГОДИШЕН ПЕРИОД !
ПОЧИТУВАНИ ! ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И СОВЕТНИЦИ ЗАВРШИЈА, ГЛАСАЧИТЕ СИ ГО КАЖАА СВОЕТО И ПРЕД НАС Е ПЕРИОД КОГА ИСКАЖАНИТЕ ЗБОРОВИ ВО ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА ТРЕБА ЧАС ПОСКОРО ДА ЗАПОЧНЕМЕ ДА ГИ ПРЕТОЧУВАМЕ ВО ДЕЛА.   ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ И НА ОПШТИНА НЕГОТИНО Е И ПОКРАЈ РАЗЛИЧНОСТИТЕ, ДА БИДЕМЕ СПЛОТЕНИ ВО ОСТВАРУВАЊЕТО НА ЗАЕДНИЧКИТЕ ЗАЛОЖБИ-НЕГОТИНО И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ДА ГИ НАПРАВИМЕ ПОУБАВИ И ПОПРИСТОЈНИ МЕСТА ЗА ЖИВЕЕЊЕ,
А ТОА ЌЕ МОЖЕМЕ ДА ГО СТОРИМЕ САМО ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА И КООРДИНАЦИЈА, ПРЕКУ СООЧУВАЊЕ АРГУМЕНТИ ПО ОДРЕДЕНИ ТОЧКИ КОИ ЌЕ СЕ НАЈДАТ НА ДНЕВЕН РЕД НА СЕДНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА, ПА НА КРАЈОТ НА КРАИШТАТА ЧИИ АРГУМЕНТИ ЌЕ ИМААТ ПОГОЛЕМА ТЕЖИНА И ИЗДРЖЛИВОСТ, СО ГЛАСАЊЕ НА СОВЕТНИЦИТЕ НЕКА БИДАТ УСВОЈУВАНИ ПРЕДЛОЗИТЕ И ОДЛУКИТЕ КОИ ВО ТОЈ МОМЕНТ ЌЕ БИДАТ НАЈПОТРЕБНИ.
ЈАС НА ОВИЕ ИЗБОРИ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО НАСТАПИВ СО СОПСТВЕНА ПРОГРАМА СО ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ КОИ ОЧЕКУВАМ ДА БИДАТ РЕАЛИЗИРАНИ ВО ПЕРИОДОТ ПРЕД НАС, НО ИСТО ТАКА, ЈА ИСКАЖУВАМ СВОЈАТА ОТВОРЕНОСТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ И ДРУГИ ПРЕДЛОЗИ, СУГЕСТИИ И ЗАБЕЛЕШКИ, КАКО ОД ВАС СОВЕТНИЦИТЕ, ТАКА И ОД ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ ГРАЃАНИ ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО. АКО ТОА Е ВО ИНТЕРЕС НА СИТЕ НАС И ДОКОЛКУ ФИНАНСИСКИТЕ МОЖНОСТИ ВО ОДРЕДЕН МОМЕНТ ТОА ГО ДОЗВОЛУВААТ, ИСТИТЕ ЌЕ БИДАТ РЕАЛИЗИРАНИ.
КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК, ДОЛЖНОСТ И ОБВРСКА МИ Е, А ТОА И ЌЕ ГО СТОРАМ, ДА НАПРАВАМ ЕДНА ДЛАБИНСКА АНАЛИЗА И ДА СЕ ЗАПОЗНААМ ПОДЕТАЛНО СО ФИНСНСИСКАТА СОСТОЈБА НА ОПШТИНАТА, КАДРОВСКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ, ОРГАНИЗАЦИОНАТА ПОСТАВЕНОСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ И ЌЕ СТОРАМ СЕ, СЕ РАЗБИРА СО ВАША ПОДДРШКА, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО НАРЕДНИТЕ 4 ГОДИНИ ДА БИДЕ ИСКЛУЧИВО ВО ФУНКЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ, СТОПАНСТВОТО И ИНСТИТУЦИИТЕ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО.
ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ВНИМАНИЕТО СО КОЕ МЕ СОСЛУШАВТЕ И СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ВО НАРЕДНИОТ 4-ГОДИШЕН ПЕРИОД КОЛКУ ШТО ТРАЕ МОЈОТ И ВАШИОТ МАНДАТ ЌЕ ИМАМЕ УСПЕШНА И ПЛОДНА СОРАБОТКА, ПРВЕНСТВЕНО ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО !

 

 
<< Start < Prev 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Next > End >>

Page 32 of 314