There are no translations available. Локална самоуправа Неготино и стручните служби во администрацијата наскоро ќе започнат постапка за изработка на Детален урбанистички план за СРЦ Младост, односно за просторот кај спортската сала Младост. Со цел за собирање на што е можно повеќе предлози околу идниот изглед на овој простор, се повикуваат граѓаните на општина Неготино да доставуваа свои предлози, размислувања и можни решенија на општинскиот мејл
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
или овде. |
|
There are no translations available.
На распишаниот конкурс пристигнати се 5 идејни решенија, подолу од текстот можете да ги погледните понудените идејни решенија : Проект број 1: Слика бр.1 Слика бр.2 Слика бр.3 Слика бр.4 Слика бр.5 Проект број 2: Слика бр.1 Слика бр.2 Слика бр.3 Слика бр.4 Слика бр.5 Проект број 3: Слика бр. 1 Слика бр.2 Слика бр.3 Слика бр.4 Слика бр.5 Проект број 4: Слика бр.1 Слика бр.2 Слика бр.3 Слика бр.4 Слика бр.5 Проект број 5: Слика бр.1 Слика бр.2 Слика бр.3 Слика бр.4 Слика бр.5 |
There are no translations available.
Ниту студеното време, ниту ниските температури, не беа пречка голем број граѓани на општина Неготино Новата 2011-та година да ја дочекаат на градскиот плоштад, каде што втора година по ред од страна на локалната самоуправа беше организиран заеднички дочек на најлудата ноќ во годината. Овојпат, за забавата и доброто располежение на присутните се погрижија Тајчи, Вардарски бисери, Владимир Пасинечки, група Чардак и Дуо Форте, додека како специјални гости на вечерта свој настап имаа девојките од Студиото за ориентален танц ,, 1001 ноќ ,, од Скопје. Новата Година беше дочекана со спектакуларен огномет, а неколку минути по полноќ на присутните, но и на сите граѓани, среќни новогодишни празници со желби за многу здравје, среќа, љубов и успех во животот им посака градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. За времетраењето на организираниот дочек на Новата 2011-та година на градскиот плоштад беа поставени штандови на кои угостителските работници и винарските визби за присутните нудеа вкусна храна и квалитетни пијалаци. |
Read more...
|
There are no translations available. Советот на општина Неготино донесе одлука за издавање гаранција на обврските на ЈКП ,, Комуналец ,, за негово кредитно задолжување кај Република Македонија за финансирање на проектот ,, Водовод и канализација на општините ,,. Станува збор за одлука со која се гарантираат сите плаќања на ,, Комуналец ,, кои произлегуваат од договорот за заем за користење на финансиски средства обезбеден од Кредитната банка за обнова – KFW за финансирање на проект со кој се очекува подобрување на состојбата со водоводната и канализационата мрежа во неготинска општина. |
Read more...
|
There are no translations available. Во организација на Здружението ,, Стари занаети ,, со финансиска поддршка од УСАИД, Американскиот мировен корпус, општина Неготино и самото Здружение, започна реализацијата на нов проект кој има за цел преку изработка на дела да се презентираат сопствениот талент и способности, а паралелно да се пребаруваат ментори, инструктори и вајари од ликовната уметност за креирање нови врски за остварување на идна соработка. Во спроведувањето на проектот се вклучени 8 претставници на Здружението заедно со доброволката на Американскиот мировен корпус Трејси Спаркс кои ќе се обидат да изградат меѓусебна доверба да експериментираат со нови композиции, да истражуваат 3Д функционални и стилски скулптури и истите да ги издлабат на различни видови дрво.
|
Read more...
|
There are no translations available.
Делегација на Амбасадата на Република Франција во Република Македонија предводена од неговата Екселенција – амбасадорот Жан Клод Шламберже престојуваше во еднодневна работна посета на општина Неготино. Високиот гостин најнапред оствари средба со градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков од кого беше информиран за личната карта на општината, тековните активности во локалната самоуправа, расположивите стопански капацитети и слично. Амбасадорот Шламберже истакна дека ова е негова втора посета на нашата општина и дека секогаш кога доаѓа, се чувствува пријатно во нашиот град. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 301 302 303 304 305 306 307 308 309 310 Next > End >>
|
Page 304 of 314 |