There are no translations available.
На вчерашното затварање на фестивалот “БРАНКО ЃОРЧЕВ“, кој се одржа во Неготино од 5 до 9 септември 2022 година., стручното жири во состав од Благој Чоревски – Чоре – актер, Мирјана Ристов – актерка и Билјана Крајчевска - драматург, ги додели следните награди: 1. Наградата за најдобро актерско остварување - најдобра машка улога за впечатлива актерска експресија со која создава поинаква драмска и сценска „атмосфера“ за секој толкуван лик, му припадна на актерот Тони Денковски за улогата во дуодрамата „Анатомија на неверството“ од НУ Театар Комедија – Скопје, во режија на Александра Кардалевска. 2. За најдобро актерско остварување – наградата за најдобра женска улога за силната актерска експресија, емотивност, убедливост и интелигенција во остварувањето, ѝ беше доделена на актерката Димитрина Мицкоска во дуодрамата „Грета“, на театарот „Златен Елец“ - Скопје, во режија на Тамара Стојаноска. 3. Наградата за најдобар актерски пар, кој оствари атмосфера на заедништво во промислена и прецизна актерската естетика, несебично и доследно градејќи целокупна сценска автентичност им беше доделена на Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов за изведбата на дуодрамата „Ожени ме“ на Театар Провокација, Скопје во режија на Роберт Ристов. 4. Специјалната награда „ Бранко Ѓорчев“ за извондреден актерски израз и припадна на дуодрамата “Мојот сопатник стравот” на театарот „Сцена Маска“ од Шабац, Р. Србија. 5. Наградата Grand prix – за возбудлива и провокативна претстава која низ исклучителни инвентивни и емотивни играни актерски и режирани драмски сцени во својата комплексна структура поттикнува преиспитување на сложените егзистенцијални прашања со критика на општествените, социјалните и политичките проблеми, ја освои претставата “Кислород” на Народниот театар од Битола, во режија на Иван Јерчиќ. Наградите на најдобрите актери и претстави на фестивалот им ги додели градоначалникот Горан Стојанов, а беа доделени и благодарници на спонзорите и помагателите на фестивалот. |