There are no translations available.
Во присуство на голем број заинтересирани граѓани, митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение со свештени лица од МПЦ изврши осветување на новоизградената Градска капела во Неготино. Како што истакна во своето обраќање градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков за комплетна изградба на капелата од Буџетот на општината се потрошени средства во висина од 12 милиони денари, а капелата беше завршена во рок од една година. Објектот располага со вкупна површина од 400 метри квадратнии, а во склоп на капелата има влезен трем, сала за излагање, просторија за подготовка, соба за одржување, за најблиските и за свештените лица, како и друг простор. Градоначалникот Трајков најави продолжување на интензивната комунална изградба, како во градот, така и во населените места, додавајќи дека секогаш на прво место ќе бидат интересите на граѓаните на општина Неготино. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
Во присуство на месното население, на пригоден начин во употреба беше предаден новоизградениот мост во селото Долни Дисан чие профункционирање овозможува полесен проток на луѓе и возила и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Изградбата на проектот се одвиваше во неколу фази и опфати изведување на земјени зафати, бетонски работи и поставување на платформата и вградување на ограда. За реализација на овој проект кој се спроведе по барање на жителите на Долни Дисан, од Буџетот на општина Неготино се издвоија 600.000 денари, а изградбата на мостот заврши за две недели. Свечениот чин на предавање во употреба на новоизградениот мост го извршија заменик –претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во присуство на месното население и претставници од локалната самоуправа, во селото Тремник беше поставен камен-темелник и означен стартот на работите за изградба на ново повеќенаменско игралиште. Обраќајќи им се на присутните градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков истакна дека за комплетна изградба на игралиштето од Буџетот на општината ќе се издвојат средства во висина од 2 милиони денари, додавајќи дека локацијата на која ќе се гради игралиштето ќе биде наменета за контакти на населението, одмор и релаксација, организирање и одржување на културно-забавни манифестации, како и спортски активности. Според оценките на стручните служби, локацијата наедно обезбедува и простор со уреден партер и урбана опрема, простор за одмор и спортско рекреативни намени, како и површини со ниско и високо зеленило. |
Read more...
|
There are no translations available.
Близу 1.000 ученици и нивните професори по физичко образование од СОУ ,, Св. Кирил и Методиј ,, од Неготино на располагање добија нова, модерна и најсовремена фискултурна сала која обезбедува идеални услови за одржување на часовите по физичко и за тренинг и на најдобрите спортисти. На пригодната свеченост што по тој повод се одржа, чинот на предавање на салата во употреба го извршија заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, државниот секретар во Министерството за образование Елизабета Тодорова и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. Вицепремиерот Ставрески информираше дека досега вкупно 42 сали се отпочнати со градба, 10 се веќе завршени, а предвидено е до 2013 година сите 145 сали да бидат пуштени во употреба. Инаку, досега во општина Неготино се вложени 64 милиони денари за изградба на спортски сали, од кои 40 за салата во средното училиште и 24 милиони денари за училишната сала во основното училиште Страшо Пинџур. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во рамките на спроведувањето на годишната програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино работници на градежна фирма од Кочани извршија асфалтирање на две исклучително оштетени улици во градот - ,, Киро Крстев ,, и ,, 8-ми Ноември ,, за кои стручните служби оценија дека е потребна итна инервенција. На улицата ,, Киро Крстев ,, се изврши асфалтирање на вкупна површина од 2.600 метри квадратни или на 450 метри должни за што од Буџетот на општината беа издвоени средства во висина од 1.300.000 денари, додека на улицата ,, 8-ми Ноември ,, е асфалтирана вкупна површина од 2.150 метри квадратни или 350 метри должни со цена на чинење од 1 милион денари. Согласно плановите за реализација на програмата за уредување на градежното земјиште за периодот април – јуни оваа година, локалната самоуправа планира асфалтирање и на улиците 4-ти Јули , Даме Груев и дел од улицата Блажо Јанушев. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во присуство на заменик-претседателот на Владата на РМ и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов, градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков и други гости, беше поставен камен-темелник и означен стартот на работите за изградба на ново повеќенаменско игралиште во населбата Саат-кула. Како што истакна директорот Спасов, станува збор за повеќенаменско игралиште кои се гради во рамките на проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на 100 маалски игралишта на територијата на цела држава. Градоначалникот Трајков ја искористи приликата да информира дека во непосредна близина мошне скоро ќе започне изградбата на градски-забавен парк за што од Буџетот на општина Неготино ќе бидат издвоени средства во висина од 2,5 милиони денари, а уште еден градски рекреативен парк ќе се гради и на ул ,, Фемо Кулаков ,, за чија изградба ќе бидат потребни 2 милиони денари општински буџетски пари. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 291 292 293 294 295 296 297 298 299 300 Next > End >>
|
Page 300 of 314 |