There are no translations available.
Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора на Братислава – Словачка ја организираа завршната конференција на проектот – Зајакнување на малите и средни претпријатија – пат кон економски раст и пристапување кон Европската унија. Проектот има за цел на македонските партнери да им обезбеди словачки искуства за интеграција во ЕУ, развој на пазарот и на бизнис-амбиентот преку проверени мерки за поддршка на претприемништвото, како и подобрување на бизнис климата.Во рамките на проектот во Неготино е отворен нов бизнис инфо центар, односно регионален инфо – пулт со лице кое ги обезбедува услугите, а врз основа на здобиените информации од одржаните обуки. Новиот бизнис инфо центар треба да го обезбеди првиот контакт се претставниците на бизнис секторот и преку нивните оперативни услуги да обезбедат поддршка на развојот на приватниот сектор од општина Неготино. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
Претставници на општина Неготино учествуваа на работилница која ја организираа канцеларијата на УНИЦЕФ и Државниот совет за превенција од малолетничко престапништво, а на која се расправаше за активностите за имплементација на Законот за малолетничка правда согласно кој Советот на општината именува општински Совет за превенција на малолетничкото престапништво. Покрај именувањето на членови на ова тело, планирано е организирање тренинг-работилници за целите, задачите, надлежностите, составот, локалните превентивни програми, како и развивање на локални акциони програми за превенција на малолетничкото престапништво и третманот на малолетните сторители на кривични дела и прекршоци. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во рамките на одбележувањето на ,, Детската недела ,, одговорните и дечињата од неготинската градинка кои таму престојуваат, организираа низа активности за нејзино достојно одбележување. Меѓу другото, беше организирана заедничка посета на манастирот ,, Св. Ѓорѓи ,, ликовна изложба, театарска претстава и други активности. Дел од истите проследи и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој во таа прилика на директорката Весна Нацева и врачи ваучер од 30.000 денари – средства наменети за купување играчки за потребите на децата кои пак присуството на првиот човек на градот го искористија да презентираат дел од она што како знаење и умешност го стекнуваат низ секојдневното присуство во градинката. Предходно, а имајќи го предвид проблемот со недостигот од вода посебно во летните месеци, општина Неготино за потребите на градинката обезбеди и цистерна за вода во вредност од 180.000 денари. |
Read more...
|
There are no translations available.
Врз основа на усвоениот Акционен план на Владата на РМ за 2011-та година, а во организација на локалната самоуправа и Центарот за управување со кризи, на подрачјето на општина Неготино започнаа активностите за расчистување на одделни речни корита со цел за обезбедување непречено одводнување на поројните атмосферски води. Работите најпрво се изведуваат во Индустриската зона каде што се врши чистење на поројот од наноси и вегетација од шамак во должина од околу 400 метри, со што се верува дека ќе се избегне евентуалното нанесување штети на постоечките стопански капацитети. Согласно планираните активности, предвидено е сечење на вегетацијата и извлекување на истата, машински ископ и расчистување на наноси и ниска вегетација, исфрлање на комунален и градежен отпад, како и проширување и продлабочување на речните кроита. Активностите продолжуваат на речните корита Брестов дол во должина од 500 метри, Дисанска река во атарот на селото – 1.000 метри, Тремничка река – 2.500 и на локалитетот Мушанци во должина од околу 2.000 метри. |
Read more...
|
There are no translations available.
Како што беше и најавено, а по неопходното расчистување на локациите и нивна подготовка за старт на работите, Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на државата за изградба на винарии, по пат на јавно наддавање. Станува збор за вкупно 41 локација кои се наоѓаат долж ,, Винскиот пат ,, во три општини од Тиквешијата, а целта е привлекување што поголем број домашни и странски инвестиции, како и отворање на нови работни места. Со изградбата на новите винарии на овие локации,ќе се создадат и услови за збогатување на туристичката понуда во овој регион. Она што е најважно за општина Неготино е податокот дека најголемиот број парцели, вкупно 21, се наоѓаат на подрачјето на неготинска општина, тие се со површина од 1.520 до 5.910 метри квадратни и ќе бидат предмет на јавно наддавање. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во организација на локалната самоуправа и претставници на Мировниот корпус на САД кои во изминатиот период со својот несебичен ангажман имаат дадено придонес во развојот на земјата и заедниците, во Туристичкиот инфо-центар во Неготино се одржа изложба по повод големиот јубулеј – 50 години од постоењето на Мировниот корпус и негово 15 годишно присуство во Македонија. Како што истакна заменик-директорот на МК Мајкл Радман изложбата претставува спој на работите што ги поврзуваат членовите на корпусот и граѓаните на Македонија, а изложените фотографии на своевиден начин ја прикажуваат суштината на работата на Мировниот корпус. |
Read more...
|
|
|
More Articles...
-
ВО СС,, МЛАДОСТ ,, СЕ ОДРЖА ТУРНИР ВО МЕШАНИ БОРБИ
-
СЕ ОДРЖА ,, МУЛТИМЕДИЈАЛНАТА НЕГОТИНСКА ВЕЧЕР – 2011 ,,
-
РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА “ДИСКРИМИНАЦИЈА“
-
Проект,, ,,Мрежа за култура, спорт и туризам,,од програма,,Европа за граѓаните 2007-2013,,
-
ТУРНИР ВО КОШАРКА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД
|
<< Start < Prev 291 292 293 294 295 296 297 298 299 300 Next > End >>
|
Page 296 of 314 |