There are no translations available.
Врз основа на истражувањата за задоволството на граѓаните од општинските услуги направени во Единицата на локална самоуправа Неготино, а спроведени од страна на Фондацијата Отворено општество Македонија во соработка со Центарот за развој на локална демократија, изготвен е извештај насловен како ,, Гласот на граѓаните ,, во кој е дадена споредбена и квантитативна анализа врз основа на добиените резултати од истражувањата. Овој извештај е резултат на теренското испитување со цел да се измери задоволството на граѓаните од услугите што ги добиваат од локалните власти, а со надеж дека истиот ќе даде свој придонес за понатамошен развој на децентрализацијата и создавање на регулаторна рамка во насока на јакнење на административните, техничките и финансиските капацитети на општина Неготино, со единствена цел за подобрување на квалитетот на услугите кои локалната самоуправа им ги испорачува на граѓаните. Генералната оцена за тоа колку се задоволни граѓаните од услугите за кои што се надлежни градоначалникот и локалната самоуправа се дадени во табелата подолу. |
Read more...
|
There are no translations available.
Претседателот на Владата на РМ Никола Груевски, министерот за образование и наука Панче Кралев и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на пригодна свеченост во употреба на ја предода новата училишна спортска сала во склоп на ООУ ,, Страшо Пинџур ,, која е дел од проектот на Владата за изградба на 180 спортски сали во Македонија, а за нејзината изградба се издвоени 24 милиони денари. ,, Спортот и часот по физичко образование значат здравје и насочување кон други вредности, наместо кон пороците на деншното време. Спортот значи учење од мали нозе да се победува, да се претрпи пораз и подготовка за следниот натпревар, со еден збор спортот ги учи младите да се борат во животот, да учествуваат во колективни игри и да победат ,, - рече Премиерот Груевски пред многубројните граѓани кои присуствуваа на свечениот чин. |
Read more...
|
There are no translations available.
Врз основа на утврдената фактичка состојба на терен од страна на стручните служби во општината и по реакциите на граѓаните, локална самоуправа Неготино во координација и соработка со Македонија пат реализираше акција за крпење на ударните дупки на најфреквентните улици во градот. Со таканаречена ,, ладна маса,, се пополнуваа дупките на улиците Маршал Тито и Партизанска, како и на други улици кај кои беа регистрирани оштетувања кои го отежнуваа нормалното одвивање на сообраќајот. Инаку, деновиве заврши тендерската постапка, така што во најскоро време-во текот на март, општина Неготино ќе започне со асфалтирање на неколку улици во градот. Според Програмата за работа, ќе се врши асфалтирање на улиците Владо Арсов Шпанац, Манчо Малиминов, Кирил и Методиј, Питу Гули, како и пристапниот пат до Железничка станица во Неготино. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во организација на локалната самоуправа, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Лудвиг Болцман институтот од Австрија во Неготино се одржа дводневна обука на тема ,, Мониторинг, лобирање и имплементација на индивидуални и колективни човекови права на локално ниво ,,. На обуката која се одржа во ТИЦ ,, Желкова куќа ,, присутните се запознаваа со тоа што претставува и што е активното граѓанско учество и зошто е потребно истото, како граѓаните можат да и шпомогнат на локалната самоуправа во однос на развивањето на односите помеѓу граѓаните и општината, како и со можностите за подобрување на комуникацијата на локалната самоуправа со граѓаните. Обуката ја следеа и активно учество зедоа претставници на локалната администрација, невладините организации и други јавни установи. |
Read more...
|
There are no translations available.
Со изведување на ритуалот на симболично закројување на виновата лоза и со желби за богат и квалитетн род и вистинско вреднување на трудот на лозарите, во Неготино на пригодна свеченост во рамките на одржувањето на Неделата на виното беше одбележан верскиот празник Свети Трифун. Првите лози ги закроија и го означија стартот на работите во лозарството Заменик-претседателот на Владата на РМ и Министер за финансии Зоран Ставрески и Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. Вицепремиерот Ставрески ја искористи можноста да ги информира лозаропроизводителите дека на нивните сметки веќе се легнати средствата по основ на субвенции во висина од 3,5 милиони евра, како и тоа дека се создадени услови за деблокирање на сметката на ВВ ,, Повардарие ,, со што деновиве ќе се создадат услови за исплата на околу 300.000 евра за производителите кои овде го предале својот род. |
Read more...
|
|
|