There are no translations available. Основна цел на микро проектот е социјално вклучување на лица со пречки во интелектуалниот развој, преку нивно активно и континуирано работно ангажирање. Додадената вредност на овој проект се состои во следно: промовирање на концептот на одржлив локален развој; обезбедување одржливост на животната средина; промовирање на партнерство помеѓу локалната самоуправа, граѓанскиот и деловниот сектор. Од самиот почеток на проектот во јануари 2012 година, беа спроведени следните активности: набавени се 20 контејнери за прибирање отпад и во соработка со ЕЛС Неготино идентификувани се локации за нивно поставување; ранливите групи беа вклучени во серија обуки и беа интервјуирани и избрани крајните корисници на проектот; беа подготвени и објавени промотивни материјали, ТВ и радио соопштенија. Овој микро проект е кофинансиран од страна на БИМ-ФВ Скопје, АДА, МТСП и општина Неготино, а го спроведува Здружението за поддршка на лица со пречки во интелектуалниот развој – Порака во соработка со Рециклажа ДООЕЛ, Неготино.
|
|
There are no translations available.
Имајќи предвид дека општина Неготино важи за претежно земјоделски крај со доминација на површините со лозови насади, но и со застапеност на други култури, се јавува потребата од отворање на капацитет за собирање, складирање и дистрибуција на земјоделските производи. А токму на последната трибина одржана со претставниците на земјоделските здруженија и индивидуалните земјоделци, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски најави дека на ова подрачје е планирана изградба на нов откупно-дистрибутивен центар, се разбира во соработка и координација на активностите со локалната самоуправа, како и изградба на нови винарии за што од страна на државата на продажба се огласени 20 локации, од кои 5 се веќе продадени. Според Коњановски, зголемениот број на винарски визби на ова подрачје ќе придонесе за создавање поголеми можности за пласман на произведеното грозје, а аналогно на тоа и потенцијаално постигнување повисока откупна цена на предадениот род. Според градоначалникот Трајков, општината ги има преземено сите активности за што е избрана и локација во атарот на с. Црвени Брегови која е со површина од 30 хектари, на која, покрај откупно-дистрибутивниот центар, се планира изградба и на други капацитети од лесната и незагадувачка индустрија. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во рамките на програмата за активности на локалната самоуправа во областа на социјалната заштита и родовата еднаквост за 2012 година преку проектот ,, Опремување и функционирање на игрални за деца од предучилишна возраст во руралните средини,, со средства обезбедени од општина Неготино во употреба беа предадени 6 детски игрални. Истите се распоредени во населените места Тимјаник, Пепелиште, Криволак, Тремник, Црвени Брегови и Долни Дисан и во секое од нив во игралните ќе бидат опфатени од 15 до 20 деца при што предност имаат децата кои од септември поаѓаат во деветолетка, а со цел за нивно полесно прилагодување и адаптирање во понатамошното образование. Адаптацијата и опремувањето на детските игрални траеше 3 месеци при што за адаптација и реконструкција, набавка на опрема и дидактички материјали и набавка на техника за потребите на игралните од Буџетот на општина Неготино беа издвоени над 600.000 денари. Селектирани се и 6 воспитувачи кои се одговорни за грижата, престојот и воспитувањето на децата, а од локалната самоуправа се надеваат дека проектот ќе продолжи и во следната година. |
Read more...
|
There are no translations available.
ДЕЛНИЦАТА 1 ОД ГАСОВОДОТ ОД КЛЕЧОВЦЕ ДО НЕГОТИНО СО КРАК ДО ТЕРМОЕЛКЕТРИЧНАТА ЦЕНТРАЛА ПРЕТСТАВУВА ДЕЛ ОД КОМПЛЕКСНИОТ ГАСИФИКАЦИОНЕН СИСТЕМ КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ВОСПОСТАВИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЦЕЛА ДРЖАВА И СО КОЈ ЌЕ СЕ ОВОЗМОЖИ РАЗВОЈ НА ПОСТОЕЧКАТА ГАСНА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ПЕРИОДОТ 2010-2040-ТА ГОДИНА. СО ТОА, ПРАКТИЧНО СЕ РЕАЛИЗИРААТ ПРЕПОРАКИТЕ ОД СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ЕНЕРГЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА КОЈА ГО ДЕФИНИРА ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО ДРЖАВАТА СО ЦЕЛ ОБЕБЗБЕДУВАЊЕ СИГУРНО И КВАЛИТЕТНО СНАБДУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СО ЕНЕРГИЈА. А ТОКМУ ВО СТРАТЕГИЈАТА ОСОБЕНО ВНИМАНИЕ СЕ ПОСВЕТУВА НА ПОИНТЕНЗИВНАТА ЗАМЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА СО ПРИРОДЕН ГАС- БЕШЕ РЕЧЕНО НА ДЕНЕШНАТА ЈАВНА РАСПРАВА НА КОЈА ПРЕТСТАВНИЦИ НА МИНИСТЕРСТВАТА ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ И ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРАА СТУДИЈАТА ЗА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ПРОЕКТОТ ,, НАЦИОНАЛЕН ГАСИФИКАЦИОНЕН СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ДЕЛНИЦАТА ОД КЛЕЧОВЦЕ ДО НЕГОТИНО СО КРАК ДО ТЕРМОЕЛЕКТРИЧНАТА ЦЕНТРАЛА НЕГОТИНО. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во организација на Општина Неготино, а во соработка со детската градинака “Фемо Кулаков” – клон “Мајски Цвет” и клон “Пролет”, двете основни училишта, средното училиште “Св. Кирил и Методиј” и Центарот за култура “Ацо Ѓорчев”, оваа година на 2 Април (понеделник) се одржа традиционалниот маскенбал по повод Денот на шегата. Масовното учество на најмладите наши сограѓани, поддржано со учеството на учениците од основните и средното училиште низ фотографии... |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 291 292 293 294 295 296 297 298 299 300 Next > End >>
|
Page 291 of 314 |