Општина Неготино
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ И ПРИЗНАНИЈА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ 8-ми НОЕМВРИ PDF Print
There are no translations available.

  По повод празникот на општина Неготино 8-ми Ноември, врз основа на Статутот на општината и Одлуката за востановување општински награди и признанија, на свечената седница на Советот на општина Неготино беа врачени 8-ноемвриските награди и признанија. Годинава наградата ,, 8-ми Ноември ,, е доделена на Трговското друштво ,,Sвезда комерц ,, од Неготино за остварени резултати во стопанството. Исто така, на свечената седница беа доделени и признанијата по повод 8-ми Ноември кои им беа врачени на Швајцарската агенција за развој и соработка,  Љупчо Соколов – доктор  по стоматологија-специјалист по орална хирургија, Атанас Ристов – доктор по медицина-специјалист интернист, Мишко Крстевски – естраден уметник, Ана Петрова и Тони Лазов – истакна ти шахисти јуниори во ГШК Неготино, Тоше Зафиров – вицешампио на Светското првенство во бодибилдинг и Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст-Неготино.

Read more...
 
ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА НОВОИЗГРАДЕНИОТ ЦЕНТАР ВО ТИМЈАНИК PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков и претседателот на месна заедница Тимјаник Добре Михаилов на пригодна свеченост со присуство на голем број жители од населбата, во употреба го предадоа новоизградениот центар во Тимјаник- проект за чија реализација од Буџетот на општината беа издвоени 10.000.000 денари. Со градежните работи кои се одвиваа во две фази опфатена е вкупна површина од 4.300 метри квадратни при што се уреди центарот на населбата и одделни краци кои се спојуваат со истиот, се уреди и асфалтираше главната улица која минува низ Тимјаник, се поставија бетонски рабници и тротоари со бехатон коцки, а по завршувањето на овие активности се пристапи кон хортикултурно уредување на околниот простор која е целосно осветлен, а се поставија и придружни елементи кои ќе служат за одмор и релаксација на месното население. Исто така, во употреба беше предадена и новоизградената комплетно реконструирана и асфалтирана улица во Тимјаник во должина од 220 метри со поставување асфалт на површина од 1.100 метри квадратни со вкупна вредност на изведените работи од 1.700.000 денари.

Read more...
 
СТАВЕНА ВО ФУНКЦИЈА НОВОИЗГРАДЕНА УЛИЦА ВО ТРЕМНИК PDF Print
There are no translations available.

   Со обезбедени средства од Платежната агенција за рурален развој при Министерството за земјоделие на РМ  во износ од 5.740.000 денари и со 4.300.000 денари од Буџетот на општина Неготино, работници на градежното претпријатие Гранит извршија комплетна реконструкција на улица во Тремник во должина од 800 метри која на пригодна свеченост во функција ја ставија градоначалникот на општината Пане Трајков, советничката во Советот на општината Јованка Камчева о претседателот на месната заедница Тремник Петко Ристов. Поради конфигурацијата на теренот еден дел од улицата е асфалтирана, а еден дел е поплочен со бехатон коцки. Новоизградената улица е со ширина од 6 метри, во пострмниот дел 5,5 , а при изведувањето на градежните работи постоечките шахти на улицата беа поставени на ниво на коловозот, со што дојде до израмнување и поголема функционалност на новоизградената улица. Инаку, целокупниот проект преку кој дел од жителите на Тремник добија нова, современа и функционална улица чинеше околу 10.000.000 денари.

Read more...
 
ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА ,, ОПШТИНА НЕГОТИНО ,, PDF Print
There are no translations available.

   Во присуство на голем број заинтересирани граѓани, а по повод 100 години од добивањето на статус град Неготино, се изврши промоција на монографијата ,, Општина Неготино ,, од авторот проф. Др Ѓорѓи Малковски кој, како што беше истакнато ,повеќе од 1,5 година работеше на изготвувањето на монографијата. Во пригодното обраќање градоначалникот Пане Трајков со присутните ја сподели гордоста на историскиот развој на некогашното мало населено место Неготино кое денес прерасна во современ административен и урбан центар во централна Македонија. За да не се заборави минатотот, но и да се сочува сегашноста, градоначалникот и советниците во Советот на општината одлучија да се изработи и да се објави монографија која како траен влог придонесува настаните и сите случувања во изминатите повеќе од 2 милениуми да останат како трајно сведоштво за сегашните, но и за генерациите кои доаѓаат. На промоцијата свое обраќање имаше и авторот Малковски, рецензентот на монографијата проф. Др Цацков, а извадоци од делото презентираа ученици од средното општинско училиште од Неготино.

Read more...
 
СООПШТЕНИЕ PDF Print
There are no translations available.

Соопштение до јавноста
Општина Неготино ја известува заинтересираната јавност дека Градоначалникот на Општина Неготино организира
ЈАВНА РАСПРАВА

за следните главни проекти:
Реконструкција на ул. Маршал тито Тех. Бр. 2811-  2 km +135,28m
Реконструкција на ул. Партизанска Тех. Бр. 2811/2 -1 km+030,59m

Овие проекти се  достапни за увид од 08.11.2012 год. до 15.11.2012 година во просториите на општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов“ бр 2 секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот.

По увидот, заитересираните граѓани невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на овие проекти во писмена форма до одговорните лица за контакт во општина Неготино до 15.11.2012 година.


На 12.11.2012 година ќе се одржи јавна расправа по овие проекти во просториите на Општина Неготино во 19 часот.

Контакт лице:
Ѓоке Темелков
Oпштина Неготино
Ул. "Ацо Аџи Илов " 2, 1440 Неготино
Тел. 043/361 045 Лок.129                         
 
8 Ноември Празник на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Read more...
 
<< Start < Prev 281 282 283 284 285 286 287 288 289 290 Next > End >>

Page 283 of 314