There are no translations available.
Врз основа на договорот што локалната самоуправа Неготино го има потпишано со Германската банка за обнова и развој, а кој се однесува на обезбедување кредитни финансиски средства за решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во градот и во дел од населените места, веќе извесен период во Неготино се работи на проект преку чија реализација се очекува да се обезбедат дополнителни количини вода за пиење. А токму со цел за изворно информирање за тоа како течат досегашните активности, градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков го прими и разговараше со претставникот на Германската банка за обнова и развој Ад Саннен – тим лидер за давање консултантски услуги за институционално јакнење- Програма за водоснабдување и канализација во Република Македонија. На состанокот беа потенцирани досегашните активности, при што беше најавено дека мошне скоро ќе се стартува со првата фаза од проектот која предвидува замена на старите со автоматизирани водомери во домовите на неготинските домаќинства, додека во втората фаза комплетно ќе се реконструира водоводната мрежа, со што се верува дека ќе се обезбедат дополнителни количини квалитетна вода за пиење. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
По принципот на ротирање на местото на одржување на состаноците, Неготино и градоначалникот Пане Трајков беа домаќини на градоначалниците од Вардарскиот плански регион на средбата на која присуствуваше и директорот Александар Бузалков. На дневен ред пред првите луѓе на општините од Вардарскиот плански регион се најдоа 8 точки за расправа. Меѓу другото, на работниот состанок беше донесена одлука за реализацијата на проектот,, Меѓуопштинска соработка за енергетска ефикасност преку чија реализација се очекува да се заштедат ограничени енергетски ресурси на локално ниво, а се донесе и одлука за спроведување и на проектот ,, Мрежа за инклузивен развој на Вардарскиот пласнки регион ,,. Пред градоначалниците беше презентирана, разгледана и усвоена и територијалната анализа и вредносен синџир на трпезното грозје во Вардарскиот плански регион. |
Read more...
|
There are no translations available.
Стотици граѓани на општина Неготино, ученици од средното и двете општински училишта, вработени во локалната самоуправа и во други јавни установи зедоа активно учество во акцијата Ден на дрвото – засади ја својата иднина што годинава се реализираше на местото викано Прждево. На површина од 10 хектари се засадија околу 40.000 багремови садници обезбедени од подружницата на ЈП Македоноски шуми во Демир Капија. Во акцијата се вклучија и државниот секретар во Министерството за одбрана Петар Есмеров и градоначалникот на општина Неготино кои не го криеја задоволството од масовноста при вклучувањето во оваа акција која ќе придонесе за подобрување на еколошкиот амбиент, како во општината, така и на територијата на целата држава. |
Read more...
|
There are no translations available.
По повод 68-годишнината од ослободувањето на Неготино, како и секоја, така и оваа година се одржа свечената седница на Советот на општина Неготино која ја отвори и водеше претседателот Сашо Николов. На седницата пригодно обраќање во кое се осврна за развојот и растежот на градот, како и за реализаните проекти во периодот помеѓу двата празника имаше градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков, а исто така присутните преку аудио-видео материјал имаа можност да се информираат за реализираните проекти и активности на локалната самоуправа во изминатиот едногодишен период. Свое обраќање во кое ги искажаа желбите за уште позабрзан развој на општината имаа првите луѓе на збратимените општини Неготино – Република Србија и Попово – Република Бугарија, а честитка пристигна и од началникот на општина Градишка – Република Српска. На свечената седница на Советот на општината беа доделени наградите и признанијата по повод празникот 8- ми Ноември, а седницата заврши со богата културно-уметничка програма. |
Read more...
|
There are no translations available.
Со одлука на Советот на општина Неготино за дадениот посебен придонес во афирмацијата на општина Неготино во сверата на културата актерот Диме Илиев е прогласен за почесен граѓанин на Неготино, а наградата – клуч од градот му беше врачена на свечената седница на општинскиот Совет. Како што е наведено во образложението, истакнатиот драмски, телевизиски и филмски актер Илиев е роден во Неготино во 1952 каде завршува основно и средно образование, а во 1975 година дипломира на Факултетот за фрамски уметници во Скопје каде е и професионално ангажиран во Нционалната установа Драмски театар. Во својата долга и многу успешна кариера има одиграно повеќе од 90 премиерни улоги, мошне успешни креации има и на телевизијата како медиум, а на радиото има остварено улоги во над 200 радиодрами. На целокупната јавност и стана познат по извонредната креација во филмот ,, Исправи се Делфина ,, а значајни остварувања има и во многу други филмови. За својата долгогодишна работа добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата ,, Ристо Шишков,, Најпопуларно ТВ лице за 1979 година, Најдобар млад актер во 1976 година и Наградата за главна улога на ТВ Фестивалот ,, Порторож ,, во 1976 година. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 281 282 283 284 285 286 287 288 289 290 Next > End >>
|
Page 282 of 314 |