There are no translations available.
Во изминатите три дена на градскиот плоштад во Неготино во присуство на голем број љубители на спортот се одиграа натпреварите од 5-иот по ред традиционален ноќен турнир во улична кошарка што го организираа локалната самоуправа и Кошаркарскиот клуб Неготино, а на кој учество зедоа над 20 пријавени екипи кои се натпреваруваат во повеќе категории. Синоќа со одогрувањето на натпреварите за трето и за прво место беа познати и победниците, па така во финалниот натпревар во најинтересната категорија за машки над 18 години победник е екипата на С.О.С која во финалниот натпревар ја совлада екипата на Либерта со резултат 15-10 и сосема заслужено го освои првото место. Исто така, се одиграа и натпреварите за пласман и во категоријата ,, петлиња ,, женски до 18 и машки до 18 годишна возраст. Наградите на најуспешните им ги додели градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на кошаркарите им се заблагодари на масовното учество и им честита за квалитетот на прикажаната игра, додавајќи оти сите овие моменти се пресудни идната година нивото на овој традиционален турнир да биде подигнато на уште повисоко ниво. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
Делегација на општина Неготино предводена од Градоначалникот на општина Неготино, Советот на општината ,претставници на локалната општинска администрација и КУД ,,Јане Сандански”- Неготино, во деновите од 17 до 22.08.2013г. ја посетија општина Наџиката, Унгарија. Во рамките на официјалната посета, општина Неготино потпиша официјален Договор за збратимување со општина Наџиката, Унгарија во присуство на Амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, г. Јожеф Бенце .Посетата беше збогатена со настапот на КУД ,,Јане Сандански” Неготино кои се претставија на интернационалниот фолклорен фестивал кој се одржа во општина Наџиката каде учество земаа и Културно уметнички друштва од Шпанија, Грција и Словачка. Средбата покрај официјалното потпишување на Договор за збратимување беше искористена и за размена на информации за можностите за понатамошна соработка на различни полиња на делување на општината како култура, спорт, бизнис и заедничко аплицирање на проекти помеѓу градоначалниците на двете општини. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во рамките на втората фаза на манифестацијата “Топол културен бран 2013”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура на РМ, на 22 август (четврток) со почеток од 20.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде реализирана изложбата на слики на сликарот Велика Глигорова, на 23 август (петок) од 20.30 часот љубителите на културата од нашата општина ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава “Живеј дур си млад” во изведба на театарот Крсте Петков Мисирков од Свети Николе, а на 30 август (петок) во 20.30 часот концерт ќе одржи Кристина Палија (соло). Претходно, во првата фаза од манифестацијата во месец јули беше прикажана Ревија на македонски филмови на режисерот Столе Попов” во која беа содржани 4 наслови од македонската кинематографија, односно култните филмови: “Црвениот коњ”, “Џипси меџик”, “Среќна нова ‘49” и “Тетовирање”. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во големата сала на општина Неготино во организација на локалната самоуправа, Агенцијата за вработување и УНДП се одржа информативна средба на која пред заинтересираните беше извршено претставување на Програмата за општинско корисна работа. Според зборовите на Снежана Мирчевска-Дамјановска –претставник на УНДП оваа програма претставува активност која на долгорочно невработените лица им нуди можност за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време -20 работни чаови неделно, а со единствена цел за стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот. Програмата, како што беше речено, преку обезбедување на услуги од социјалната сфера треба да им помогне на лицата од општина Неготино. Во рамките на евентуалниот иден ангажман, право да се вклучат во програмата имаат долгорочно невработени лица, членови на социјално загрозени семејства, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, бездомни и други лица. Инаку, општина Неготино во изминатиот период ја воведе пилот-програмата од областа на социјалните услуги и вработи асистенти-воспитувачи во веќе постоечките игрални за деца од предучилишната возраст во 6 рурални средини- проект кој е оценет како еден од најдобрите во Македонија. Притоа, ангажираните вопситувачки секојдневно беа вклучени во редовната настава во градинките и се грижеа за спроведување на воспитно-образовниот процес. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во врска со повикот за Прекугранична соработка градоначалникот на општина Неготино и дел од општинската администрација остварија посета на општина Алмопија Република Грција со цел за доставување и заедничко потпишување на потребната документација за поднесување на проект во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција. На одржаната средба градоначалниците од двете општини г-дин Ванчо Апостолов и г-дин Пасоис Димитриос ги потпишаа документите за заедничкиот проект,,Подршка и развој на Економија за пчелно производство во прекуграничната област,,кој ке биде поднесен во следниот период. Оваа работна средба беше искористена за размена и на други искуства и беа согледани и други можности за понатамошна соработка . |
Read more...
|
There are no translations available.
Во просториите на Агенцијата за енергетика, Директорот Г-дин Гечевски Лазар одржа работна средба со Градоначалникот на Општина Неготино, Г-дин Ванчо Апостолов, на која му го врачи позитивното мислење по Предлог- Програмата за енергетска ефикасност. На работната средба беше разговарано за идните развојни планови и инвестиции во областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност во оваа Општина како и потребата за поголема заедничка соработка во оваа област. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 261 262 263 264 265 266 267 268 269 270 Next > End >>
|
Page 269 of 314 |