There are no translations available.
Работници на Градежното претпријатие Гранит од денеска започнаа со изведување на асвалтерските работи на патниот правиц од Тимјаник – Долни Дисан – проект финансиран со средства од Агенцијата за државни патишта, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и од Буџетот на општина Неготино. Станува збор за асвалтирање на еден од најфреквентните и најоштетени патишта на ова подрачје во должина од над 4,5 километри, од кои првите 3 километри се реконструираат со средства во висина од 27.000.000 денари од Агенцијата за државни патишта обезбедени од Европската банка за обнова и развој, додека останатите над 1,5 километар се уредуваат со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од 10.492.000 денари, додека општина Неготино од сопствениот Буџет партиципира со средства во висина од 4.258.000 денари. Според проектот, извршено е тампонирање и проширување на коловозот од 4,5 на 5,5 метри, поставени се бетонски рабници, а како што веќе рековме, од денеска започна асвалтирањето на овој патен правец. Од службата за информирање при општина Неготино ги запознаваат граѓаните дека асвалтерските работи ќе траат до крајот на оваа работна недела при што во времето до 16 часот сообраќајот на овој патен правец нема да се одвива, а наедно и апелираат до возачите кои ќе се упатуваат до и од Долни Дисан по овој пат на внимателност при управувањето со возилата, бидејќи долж целиот пат е присутна механизацијата на Гранит. |
Read more...
|
There are no translations available.
На пригодна свеченост што се одржа во големата сала на општината, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го додели јубилејниот 100-ти ваучер за новородено дете во рамките на третото доделување на овој вид еднократна помош кое започна од месец септември. Имено, денеска градоначалникот Апостолов додели вкупно 37 ваучери на родители кои во изминатите два месеца-јануари и февруари имале принова во семејството, со што, со предходно доделените за месеците септември и октомври и ноември и декември, се стигна до бројка од 100 доделени ваучери за стимулирање на наталитетот на подрачјето на општина Неготино. Градоначалникот истакна дека се остваруваат предвидувањата базирани на статистички податоци дека годишно во неготинска општина се раѓаат околу 200 бебиња, за што од општинскиот Буџет ќе бидат издвоени средства во висина од околу 1,5 милион денари. Апостолов на сите присутни им ги честиташе приновите во семејство, а тие, задоволни од добиените ваучери, изразија јавна благодарност за поддршката што ја добија од градоначалникот и општина Неготино. |
Read more...
|
There are no translations available.
Во рамките на одбележувањето на традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација ,, Недела на виното ,, која општина Неготино традиционално ја организира во чест на верскиот празник Свети Трифун, на 14-ти февруари на градскиот плоштад во присуство на неколку илјади граѓани се одржа централната прослава која беше збогатена со културно-уметничка и музичка програма. Православните христијани го прославија празникот со желби за добро здравје и расположение и богат и квалитетн род на лозовите насади. Свечениот чин на закројување на виновата лоза го извршија Вицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставрески и Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, а по предходно дадениот божји благослов од страна на свештениците од Македонската православна црква ,, Свети Атанасиј,, од Неготино. Честитајќи им го празникот, Вицепремиерот Ставрески ги информираше лозарите дека заклучно со денот на празнувањето, Владата на РМ во целост ги исплатила субвенциите за производителите на грозје, при што на сметките на лозарите од општина Неготино биле префрлени вкупно 105.000.000 денари. Богат и квалитетен род на лозарите и производство на квалитетни вина на винариите во своето обраќање им посака градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој изрази надеж дека и оваа, но и наредните години, бербата и откупот на грозјето ќе поминат во најдобар ред и во релаксирана атмосвера. На 15-тина штандови кои беа поставени на плоштадот, во соработка со бизнис-секторот и винариите, за сите посетители беа обезбедени вино и локални специјалитети од храна, а сето тоа беше пропратено со богата културно-уметничка програма. |
Read more...
|
There are no translations available.
Општина Неготино располага и нуди солидна основа за развивање на алтернативни форми на туризам , особено во делот на винскиот туризам, од причина што располага со неопходните, за тоа, објекти, организира голем број на културни и стопанско-туристчки манифестации, а има и богато културно-историско наследство- истакна во своето обраќање градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на отворањето на форумот што локалната самоуправа го организираше на тема ,, Руралниот вински туризам-можности и предизвици што се одржа во големата сала на општината. Меѓу другото, градоначалникот Апостолов во делот на потребата за надминување на одредени состојби на овој план, го потенцираше недостигот од туристички пакети кои ќе донесат туристи, како и недостигот од едуцирани водичи и туристички и маркетинг менаџери. |
Read more...
|
There are no translations available.
Десеттина винарии од општина Неготино и од соседните општини од Вардарскиот плански регион денеска во галеријата на виното во склоп на манастирскиот комплекс ,, Свети Ѓорѓи ,, се претставија и на посетителите им овозможија да дегустираат едно од најубавите неготински и македонски вина – вранец. Манифестацијата ,, Ден на вранецот ,, за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој истакна дека станува збор за една од најавтохтоните македонски сорти на грозје и вино која ги одушевува сите што ќе го пробаат, а наедно на сите винарии-учесници и на енолозите кои учествуваа во работата на дегустационата комисија им додели благодарници од име на општина Неготино. |
Read more...
|
|
|