There are no translations available.
Во рамките на реализацијата на проектот што општина Неготино го спроведува со поддршка на Владата на Република Македонија и Германската КФВ банка за обнова и развој, а со единствена цел за подобрување на состојбите со водоснабдувањето, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов оствари работна средба со претставници на консултантскиот тим на банката преку која се обезбедени средствата за спроведување на проектот. На средбата, градоначалникот Апостолов ги информираше соговорниците за досегашните активности кои локалната самоуправа во соработка со ЈП Комуналец ги има реализирано на терен, за изработката на проекти кои би биле финансирани во втората фаза од проектот, како и за динамиката на изведување на активностите во периодот што следува. Предходно, претставниците на консултантскиот тим престојуваа во локалното комунално претпријатие каде што за тековните активности беа информирани од страна на директорката Наташа Лазова. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
Врз основа на добиените сознанија од извршените теренски согледувања од страна на стручните служби при локалната самоуправа, како и пристигнатите сугестии од страна на населението, општина Неготино пристапи кон санирање на ударните дупки на повеќе улици во градот каде што е констатирана потреба од изведување градежни зафати. За таа цел беа ангажирани работници на градежното претпријатие Гранит кои интервенираа и извршија санација на ударните дупки на улиците 8-ми Ноември, Борис Кидрич, Првомајска и други улици во Неготино. Притоа, најпрво се изврши отстранување на стариот асвалт, чистење на просторот и поставување на нова асвалтна маса на местото на ударните дупки. Од локалната самоуправа се надеваат дека ќе се постигнат очекуваните цели од реализираните активности преку зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот, и тоа како на моторизираните граѓани, така и на пешаците. |
Read more...
|
There are no translations available.
За рекордно краток временски период беше реализирана иницијативата на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов за комплетно уредување на дворното место на семејството Иванови од Неготино, при што е извршено бетонирање на споменатиот простор. Уредувањето на дворот се изврши со единствена цел да се овозможи непречено движење на медицинските колички во кои се сместени двете деца на Иванови – Драгица и Стефан кои боледуваат од церебрална парализа и се неподвижни, а токму движењето со количката им овозможува контакт со надворешниот свет. Најблиските на децата велат дека со уредувањето на дворното место, сега движењето на медицинските колички е занчително олеснето, што беше и основната цел при спроведувањето на ова хумана акција. |
Read more...
|
There are no translations available.
Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, претставници на локалната администрација и вработени во ЈП Комуналец со засадување на рози на повеќе локации во градот се вклучија во Националната еколошка акција за засадување на рози под мотото ,, Македонија земја на цвеќето-земја на розите ,,. Кампањата, според зборовите на градоначалникот Апостолов, се спроведува по повод Денот на пролетта со единствена цел масовно да се засадат што е можно повеќе рози кои при денешната акција беа посадени во реконструираниот забавен парк во населбата Саат-кула, пред единаесеткатницата, долж улицата Маршал Тито, кај градскиот Музеј и на други локации, при што беа засадени над 600 рози. Розата, покрај тоа што е повеќегодишно цветно растение кое лесно се одгледува, има и исклучителна способност да ги акумулира тешките метали од водата, воздухот и почвата. Може да живее од 20 до 30 години, цвета уште во првата година од засадувањето и е расцветана 200 денови во годината.
|
Read more...
|
There are no translations available.
Во рамките на програмата за култура, а по повод Денот на театарот 27 март, оваа година општина Неготино во соработка со Центарот за култура “Aцо Ѓорчев” по трет пат го организира ревијалниот Фестивал на аматерски театар “Неготино 2014”. Во рамките на истиот ќе бидат изведени три театарски претстави, во изведба на аматерските театри од неколку града од државата. Првата претстава со која ќе биде отворен фестивалот е култната македонска театарска претстава “Тетовирани души”, со текст на неповторливиот Горан Стефановски, а во изведба на Градскиот театар “Сцена 71” од Свети Николе. Под режисерската палка на Слободан Елисеев и Александар Миќев , актерската група составена од вкупно 14 актери, на 25 март, вторник во 19 часот на големата сцена во НУЦК “Ацо Ѓорчев” ќе ја изведат премиерата на овој македонскиот трилер пред неготинската публика. Втората, исто така култна претстава, која претставува вистински сценско-музички перформанс е драмата “Коштана” од српскиот автор Борислав Станковиќ. Истата е една од начесто изведуваните и најпосакуваните претстави на Балканот. Претставата ќе биде изведена од актерска група од 14 актеричленови на аматерскиот театар од Демир Капија. Режијата е на долгогодишниот актер и режисер Димче Бањански, а музиката на Благој Глушков и Горан Костадинов. Среда, 26 март, Центар за култура “Ацо Ѓорчев”. Последната претстава со која воедно ќе биде затворено овогодинешното издание на фестивалот е комедијата (кабарето) “У кафанче карши станче” во изведба на кумановскиот театар, а истата ќе биде изведена на 27 март во 19 часот во центарот за култура “Ацо Ѓорчев”. |
Read more...
|
There are no translations available.
Следејќи го примерот на над 25 општини од Република Македонија кои на овој начин за потребите на Противпожарните единици обезбедија нови возила, Советот на општина Неготино го усвои Меморандумот за разбирање со претставникот на Операција Флоријан според кој на општина Неготино ќе и биде донирано противпожарно возило целосно опремено со неопходната опрема, како и опрема за спасување при сообраќајни несреќи. Исто така, за по 6 пожарникари од противпожарната и спасувачката служба од ППЕ-Неготино ќе бидат обезбедени еднонеделни обуки, а паралелно тимот на оценувачи составен од стручни лица ќе го ревидира и ќе го следи напредокот на договорениот акционен план, со единствена цел за потврдување на листата со сет мерки кои ќе се преземат за да се обезбеди континуиран развој на активностите на заедницата на општина Неготино и противпожарната испасувачката служба. Со новото возило ќе дојде до збогатување на возниот парк на ППЕ-Неготино и ќе се создадат услови за уште побрзо интервенирање при евентуално случување на пожари и ќе се зголеми ефикасноста при нивното гасење. Инаку, одлуката на Советот беше поддржана од 10 советници, додека советниците од редовите на опозицискиот СДСМ гласаа против донесувањето на истата. |
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 251 252 253 254 255 256 257 258 259 260 Next > End >>
|
Page 255 of 314 |